Клеопатра Македонска
- Не треба да се меша со Клеопатра Евридика, жена на Филип II.
- Поврзано Клеопатра (појаснување) за други личности со ова име.
Клеопатра (околу 356 п.н.е. — 308 п.н.е.), Клеопатра Македонска или Клеопатра Епирска — сестра на Александар Македонски во бракот на Филип II со Олимпија.[1] Принцеза во кралскиот двор а подоцна регент на Епир. Во други блиски роднински врски е со полусестрите Тесалоника Македонска и Кинана, како и полубратот Филип III Македонски.[2]
Израснала во Пела, како принцеза. Во 338 п.н.е., Клеопатра останува во Пела со нејзиниот татко, додека нејзината мајка Олимпија е прогонета во Епир кај нејзиниот молосиски брат Александар I Епирски (вујкото на Клеопатра). Подоцна Филип сакајќи да го зајакне сојузништвото со Александар I Епирски, му ја понудил раката на Клеопатра. Во 334 п.н.е., се одржала голема свадбена свеченост по повод стапувањето во брак на Клеопатра и нејзиниот вујко Александар I Епирски во македонската престолнина Ајга. Токму тогаш бил убиен Филип II. [3]
Веднаш после убиството на Филип II, скоро земените Клеопатра и Александар се враќаат назад во Епир. Набрзо, во нивниот брак се родиле две деца: Неоптолeм II Епирски и Кадмија.
Наводи
уреди- ↑ Катерина Младеновска-Ристовска (2011). „Vol 9 No 1 (2011): Philological Studies | Philological Studies“. journals.ukim.mk. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 234. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 698. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Надворешни врски
уреди- Cleopatra Архивирано на 1 јануари 2006 г. from Charles Smith, Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology (1867) (англиски)
- Cleopatra of Macedonia Архивирано на 5 март 2016 г. from Livius on ancient history by Jona Lendering (англиски)