Дива патка

вид птица
Дива патка
Женка (лево) и мажјак (десно)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Гусковидни
Семејство: Патки
Род: Патка
Вид: Дива патка
Научен назив
Anas platyrhynchos
(Линеј, 1758)
Подвидови

A. p. platyrhynchos Линеј, 1758
A. p. domesticus Линеј, 1758
A. p. conboschas К. Л. Брем, 1831 (оспорено)

Распространетост (природна и доселена)
Синоними

Anas boschas Линеј, 1758

Дивата патка (научAnas platyrhynchos) ― средноголем претставник од семејството патки, од редот гусковидни. Тежи меѓу 0,9 и 1,7 кг. Должината на телото изнесува 56-65 см. Силно е изразен половиот диморфизам. Летно време перјето на двата пола е исто, но мажјаците поседуваат жолтозелен клун. Лета и полетува шумно, гласот ѝ е тивок, сличен на тој на домашните патки.

Физички опис

уреди

Мажјакот на главата и на вратот има темнозелени пердуви со метален сјај со бел прстен на дното. Градите му се сјајнокафеави, а стомакот и долната страна на крилјата се светлосиви. Кратките опашни пердуви се бели. Двата средни опашни пердува се завиени во кадрици. Клунот е жолт и од страните е назабен. Женката е прекриена со неугледни светлокафеавкави и темнокафеавкави пердуви кои имаат заштитна улога. Портокаловите кратки нозе меѓу прстите поседуваат широки пловни кожички.

Распространетост и живеалиште

уреди
 
Диви патки во Зоо Скопје.

Дивата патка е широко распространета низ Северната и Јужната полутопка; во Северна Америка нејзиниот опсег се протега од јужна и средна Алјаска до Мексико, Хавајските Острови,[2] преку Палеарктик,[3] од Исланд[4] и јужен Гренланд[2] и делови од Мароко (Северна Африка) на запад, Скандинавија и Велика Британија[4] на север и на Сибир,[5] Јапонија, и Јужна Кореја.[6] Исто така, на исток, се движи до југоисточна и југозападна Австралија[7] и Нов Зеланд[8] во јужната полутопка.[9]:505[10] Таа е значително преселничка во северните делови на својот опсег за размножување, а зимите подалеку на југ.[11][12] На пример, во Северна Америка, зима јужно до југот на Соединетите Држави и северно Мексико,[13][14] но исто така редовно залутува во Средна Америка и Карибите помеѓу септември и мај.[15] Возрасен патор наречен Тревор го привлекол вниманието на медиумите во 2018 година, кога се појавил на островот Ниуе, нетипично место за диви патки.[16][17]

Дивата патка живее во широк спектар на живеалишта и клими, од арктичката тундра до суптропските региони.[18] Ја има во мочуриштата со свежа и солена вода, вклучувајќи паркови, мали езерца, реки, езера и естуари, како и плитки заливчиња и отворено море непосредно кај крајбрежјето.[19] Се претпочитаат длабочини на вода помали од 0,9 метри, при што птиците избегнуваат области длабоки повеќе од неколку метри.[20] Тие се привлечени од водни тела со водена вегетација.[9]:507

Размножување

уреди
 
Јајце во Музејот Тулуз.

Може да е полигамна и моногамна; често се образуваат стабилни парови уште во текот на зимата, што не води до распаѓање на јатото. Понекогаш паровите се задржуваат и до неколку години. Во пролет машките птици често се тепаат, обидувајќи се да се здобијат со други женки и да ја зачуваат територијата. Гнездото се гради на добро скриено место, меѓу густо обраснатите крајбрежни делови, често под некоја грмушка. Познати се случаи и кога гнезди на дрвја, користи стари гнезда на врани, чапји или пошироки дупки. Во изградбата не земаат учество машките единки. Гнездото е составено од суви растенија, листови, трева и сено, кое подоцна се користи за да ги покрие и топли јајцата додека женката е отсутна. Таа секојдневно снесува по едно јајце, сè додека не се соберат од 6 до 14. Тие се бели со лесен зеленкав отсјај, кој најпосле исчезнува. Инкубацијата трае 26 дена. Младите се испилуваат доволно развиени и можат да се тркаат, пливаат, нуркаат и хранат самостојно во текот на многу часови. Младите сакаат и умеат да нуркаат многу добро, за разлика од возрасните птици, кои нуркаат ретко и безволно. Кога ќе наполнат месец и половина, престануваат да пискаат и започнуваат со крекањето (како возрасните). На двомесечна возраст започнуваат да учат да летаат. Поради многуте непријатели кои ги имаат (грабливки, човек), ¾ од младите не успеваат да достигнат полова зрелост.

Дополнителна информација

уреди

Дивата патка е родоначалник на сите раси на обични домашни патки со кои успешно може да се вкрстува и да остави животоспособно поколение. Регистрирани се и случаи на вкрстување со патката ластовичарка. Лесно се припитомува, живее и се размножува добро во домашни услови.

Наводи

уреди
  1. BirdLife International (2012). Anas platyrhynchos. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 Madge, Steve (2010). Wildfowl (англиски). A&C Black. стр. 212. ISBN 9781408138953.
  3. Skerrett, Adrian; Disley, Tony (2016). Birds of Seychelles (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 48. ISBN 9781472946010.
  4. 4,0 4,1 Finlayson, Clive (2010). Birds of the Strait of Gibraltar (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 219. ISBN 9781408136942.
  5. Prins, Herbert H. T.; Namgail, Tsewang (6 април 2017). Bird Migration across the Himalayas: Wetland Functioning amidst Mountains and Glaciers (англиски). Cambridge University Press. ISBN 9781107114715.
  6. Yamaguchi, Noriyuki; Hiraoka, Emiko; Fujita, Masaki; Hijikata, Naoya; Ueta, Mutsuyuki; Takagi, Kentaro; Konno, Satoshi; Okuyama, Miwa; Watanabe, Yuki (септември 2008). „Spring migration routes of mallards (Anas platyrhynchos) that winter in Japan, determined from satellite telemetry“. Zoological Science. 25 (9): 875–881. doi:10.2108/zsj.25.875. ISSN 0289-0003. PMID 19267595. S2CID 23445791.
  7. Lever, Christopher (2010). Naturalised Birds of the World (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 89. ISBN 9781408133125.
  8. Lever, Christopher (2010). Naturalised Birds of the World (англиски). Bloomsbury Publishing. стр. 89. ISBN 9781408133125.
  9. 9,0 9,1 Cramp, Stanley, уред. (1977). Handbook of the Birds of Europe the Middle East and North Africa, the Birds of the Western Palearctic. Volume 1: Ostrich to Ducks. Oxford University Press. ISBN 9780198573586.
  10. „Anas platyrhynchos (Common Mallard, Mallard, Northern Mallard)“. Црвен список на загрозени видови. 2016. 2016. Посетено на 16 април 2021.
  11. Anonymous. International Wildfowl Inquiry Volume i Factors Affecting the General Status of Wild Geese and Wild Duck (англиски). Cambridge University Press.
  12. Smith, Loren M.; Pederson, Roger L.; Kaminski, Richard M. (1989). Habitat Management for Migrating and Wintering Waterfowl in North America (англиски). Texas Tech University Press. ISBN 9780896722040.
  13. Service, U. S. Fish and Wildlife (1975). Final environmental statement for the issuance of annual regulations permitting the sport hunting of migratory birds (англиски). U.S. Dept. of the Interior, U.S. Fish & Wildlife Service.
  14. Tunnell, John Wesley; Judd, Frank W. (2002). The Laguna Madre of Texas and Tamaulipas (англиски). Texas A&M University Press. стр. 180. ISBN 9781585441334.
  15. Winkler, Lawrence (2012). Westwood Lake Chronicles (англиски). Lawrence Winkler. ISBN 9780991694105.
  16. Mulligan, Jesse (6 септември 2018). „The loneliest duck in Niue“. Radio New Zealand. Посетено на 16 април 2021.
  17. Lyons, Kate (7 септември 2018). „Trevor the lonely duck gets tiny island of Niue in a flap“. The Guardian. Посетено на 16 април 2021.
  18. Guthrie, Russell Dale (2001). People and Wildlife in Northern North America: Essays in Honor of R. Dale Guthrie (англиски). Archaeopress. ISBN 9781841712369.
  19. Burton, Maurice; Burton, Robert (2002). International Wildlife Encyclopedia: Leopard – marten (англиски). Marshall Cavendish. стр. 1525. ISBN 9780761472773.
  20. „Mallard Duck • Elmwood Park Zoo | Elmwood Park Zoo | www.elmwoodparkzoo.org“. www.elmwoodparkzoo.org. 2015. Архивирано од изворникот на 18 February 2017. Посетено на 19 June 2017.