Мокрински Извори
Мокрински Извори — извори кои се наоѓаат во близина на селото Мокрино, Општина Ново Село, Македонија.
Мокрински Извори | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Особености на сливот |
Се наоѓаат во подножјето на планината Беласица на надморска височина од 330 метри. На ова место секоја година на 2 август се собираат жителите на Мокрино и сите околни села каде се дава курбан, во чест на изворите, кој обичај на давање курбан е многу стар.
Според легендата, годината кога не се дало курбан, изворите пресушиле, поради кое жителите веќе на 4 август повторно дале курбан по кое водата повторно протекла. Поради тоа, оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот.
Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се смета дури дека тој е поврзан со Дојранско Езеро. Поради количеството и силината на овие води, во минатото околу овде имало многу воденици.
Галерија
уредиНадворешни врски
уреди- Мокрински Извори на Ризницата ?