Ќерамидарка (Мокрино)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ќерамидарка

Карта

Местоположба 41°22′0″N 22°51′0″E / 41.36667° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.36667; 22.85000
Основни податоци
Место Мокрино
Општина Ново Село
Тип

 населба


Период римско време
среден век
Портал „Археологија“

Ќерамидаркаархеолошко наоѓалиште во Мокрино, Општина Ново Село.

Претставува населба од римско и средновековно време. Се наоѓа 2 км северно од селото, крај патот што води кон полето, на блага падина во подножјето на Беласица. Во 1988 година во нивите на Р. Павлов и Ј. Гочев било извршено ископување при што биле откриени два културни стратума. Постариот е од римското време и нему му приаѓаат остатоците од темели на објект што не може да се дефинира архитектонски, во кој се најдени фрагменти од керамички садови и монети од 3 и 4 век. Помладиот стратум го претставува средновековна некропола со инхумирани покојници во гробови без конструкција, поставени во правец запад-исток. Поголем дел од некрополата е уништен од орањето и ерозијата, особено во повисоките северни делови. Откриени се 6 гроба со прилози од накит, а во некои и бронзени римски монети ставани како оболи. Од накит има обетки, белезици од стакло и бронза и прстени, што сите заедно се дати-рани во периодот меѓу 12 до 14 век[1].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069