45°41′17″N 1°37′14″E / 45.68795° СГШ; 1.620483° ИГД / 45.68795; 1.620483

Лимузен
Земја Франција
ПрефектураЛимож
Департмани
Управа
 • ПретседателЖерар Ванденбрук (PS - Социјалистичка партија)
ПовршинаINSEE
 • Вкупна16.942 км2 (6,541 ми2)
Население (2007-01-01)
 • Вкупно727.000
 • Густина43/км2 (110/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
ISO 3166FR-L
БДП (2006)[1]Грешка во Lua: во земјата
Вкупно&1000000000000001700000017 млј 
По жител&1000000000000002339999923,400 
NUTSFR6
Мреж. местоcr-limousin.fr

Лимузен (француски: Limousin; окситански: Lemosin) — еден од 27-те региони во Франција. Составен е од три департмани: Корез, Крез и Горна Вјена. Во најголем дел ситуиран во Централниот Масив, Лимузен брои околу 740,743 жители (2008) на близу 17 000 км2, и е втор по ред најмалку населен регион на Франција после Корзика. Лимузен се граничи на север со Центар-Долина на Лоара на запад со Поату-Шаранта и Аквитанија на југ со Југ-Пиринеи а на исток со Оверњ. Лимузен воедно е и дел од Окситанија.

Историја

уреди
 
Грбот на виконтите од Лимож

Гај Јулиј Цезар во Галски војни споменува дека на ова подрачје живеело галското племе Лемовики кои одиграле голема улога во текот на отпорот против Римјаните. Цезар ја освоил територијата на Лемовиките во 52 година п.н.е. Потоа, во 3 век исто како и во цела Галија, и во регионот се населиле германските племиња. Во 5 век, Лимузен како дел од Аквитанија потпаднал под власта на Визиготите. По 507, кога Хлодовик ги победил Визиготите кај Вује, регионот потпаднал под франска власт но задржал одреден степен на независност. Со него владеел војвода во име на кралот на Франките. Во 1152 со бракот на Еленор Аквитанска и Хенри II,идниот крал на Англија, Лимузен паѓа во рацете на Плантагенетите а со тоа и под англиска власт. Во 1607 регионот и градот Лимож се споиле со кралството Франција.[2]

Географија

уреди

Денешниот регион Лимузен главно е составен од две историски француски покраини:

  • покраината Лимузен: департманот Корез во целост и централниот и југоисточниот дел на Горна Вјена. Старата покраина Лимузен целосно се содржи во денешниот регион Лимузен.
  • Марш: поголемиот дел од департманот Крез и северниот дел на [[Горна Вјенаф

]]. Старата покраина Марш речиси целосно е содржана во денешниот регион Лимузен, а само мал нејзин дел се наоѓа во регионот Центар-Долина на Лоара.

Освен од овие две големи покраини, Лимузен е составен и од некои помали делови на други поранешни покраини:

  • Ангумоа: крајниот југозапад на Горна Вјена
  • Поату: крајниот запад на Горна Вјена
  • Оверњ: краен исток на Крез
  • Бери: краен север на Крез

Лимож, историската престолнина и најголем град на покраината Лимузен денес е главен град и на административниот регион Лимузен.

Реки

уреди
 
Поток во Крез, Лимузен

На север, запад и исток течат некои од реките на басенот на Лоара. На југ, тече Дордоња и нејзините притоки. Низ регионот поминуваат две поголеми реки: Дордоња и Шаранта (која извира во Горна Вјена). Регионот е добро познат по квалитетот на водите и по тоа што нуди првокласен риболов.

Релјеф

уреди

Најниската надморска височина се наоѓа на северозапад од регионот изнесува околу 250 метри а истата е највисока на југоисток (приближно 1000 m). Најголемиот дел од целиот регион се наоѓа на просечна надморска височина од над 350 метри.

Клима

уреди

Летните температури честопати се над 32 °C – и имаат достигнато и до 42 °C. Зимите честопати се долги и студени, особено на повисоките места. Честопати се случуваат и снежни врнежи. Во областа околу Брив во Корез, забележани се 2000 часови сонце годишно, подеднакво како и во јужниот град Тулуза.

Флора и фауна

уреди

4 % од вкупниот шумски фонд на Франција се наоѓа во Лимузен. Дрвото костен е симбол на Лимузен[3], и истото се наоѓа на логото на Регионалниот совет.

Население

уреди
 
Помлади од 20 години во 1999 во рамки на населението : 

Со слаборастечка популација од само 750,000 жители, Лимузен е вториот најненаселен француски регион во континентална Франција веднаш зад Корзика. Регионот брои помалку население од градот Марсеј. Населението на Лимузен старее а од 1999 е во постојано опаѓање. Во департманот Крез живее најстаро население од било каде во Франција. Меѓу 1999 и 2004 популацијата на Лимузен за првпат по неколку декади забележала мал пораст.[4]

Демографски развој
1901 1906 1911 1921 1926 1931 1936 1946
978 006 977 256 960 644 852 287 839 748 807 884 798 176 779 156
1954 1962 1968 1975 1982 1990 1999 2004
739 929 733 955 736 323 738 267 737 153 722 850 710 939 712 500
2006 2007 2008
730 920 737 001 740 743
Бројот се задржува и е во слаб раст од 1962 : - ¤ Проценки INSEE

Економија

уреди

Лимузен главно е рурално подрачје. Регионот е познат по одгледување добиток, главно говеда, и по производството на дрво како суровина. Регионалниот главен град, Лимож, порано бил индустриски центар познат по производството на порцелан и сè уште бележи главно место во производство на електрична опрема (користејќи порцелан како изолатор). Сепак, големите фабрики денес се малубројни.

Туризам

уреди

Туризмот се развива околу две главни точки:

  • Зелениот туризам, - односно еколошкиот туризам - кој се заснова на спортови на отворено, прошетки и откривање на природните знаменитости. Развиен е особено на висорамнината Милваш, на југ од Горна Вјена и котлината на Брив.
  • Културен туризам чиј интерес е културното наследство, заснован на историските места, индустриското и занаетчиското наследство (порцелан, таписерии и сл.) и концентриран на градовите.

Туризмот искористи и поради скорешното создавање на два национални паркови во регионот: Национален парк Перигор Лимузен, создаден во 1998, меѓу департманите Дордоња и Горна Вјена, и Национален парк Милваш во Лимузен, основан во 2004, чија територија се наоѓа на 3 департмана од регионот. Во 2005, имало 18,2 милиони ноќевања во регионот, а туристичката потрошувачка достигнала и до 924 милиони евра[5].

Галерија на слики

уреди

Јазик

уреди

До седумдесеттите години на 20 век, окситанскиот јазик бил прв јазик во руралните подрачја. Останале неколку различни окситански дијалекти кои се користат во Лимузен, иако нивното користење бележи забрзано опаѓање:

Гастрономија

уреди

Еден од најпознатите специјалитети на Лимузен е пире од компир. Најпознат локален десерт е клафути (clafoutis).

Познати личности

уреди

Збратимени покраини

уреди

Наводи

уреди
  1. „GDP per inhabitant in 2006 ranged from 25% of the EU27 average in Nord-Est in Romania to 336% in Inner London“ (PDF). Eurostat.
  2. Историја на Лимузен (француски)
  3. Les châtaigniers en Limousin
  4. Yann Leurs, Recensement : rebond démographique confirmé, INSEE, 2006, see online
  5. INSEE - Direction du tourisme, 2005

Надворешни врски

уреди