Шаранта (река)

река во Франција

Шаранта (француски: Charente; окситански: Charanta) — река во југозапдна Франција со должина од 381 км. Извира во Шеронак, село во департманот Горна Вјена. Тече низ департманите Горна Вјена, Шаранта, Вјена и Приморска Шаранта. На крајот од течението, истекува во Атлантскиот Океан кај Рошфор.

Шаранта
Местоположба
Физички особености
УстиеАтлантски Океан
45°57′24″N 1°4′56″W / 45.95667° СГШ; 1.08222° ЗГД / 45.95667; -1.08222 (Атлантски Океан-Шаранта)
Должина381 км
Особености на сливот
Сидриште за рекреативни пловила во Рошфор
Шаранта во Жарнак
Погед на реката низ Ангулем

Пловност уреди

Реката била пловна многу долго време, но во средината на XX век била напуштена како сообраќајница за превоз на стоки. Денес полноводноста е повратена и реката е пловна сè до Ангулем, но служи само за рекреативни пловила. Шаранта тече низ градови како Коњак, Жарнак, Сент and Рошфор, и дава одлични туристички можности.

Денес реката е опремена спротиводно од Сент, и има преводници со скромни димензии од 34 × 6 м. Долж течението има сидришта за оставање на пловила и изнајмување за излети.[1]

Притоки уреди

Шаранта ги има следниве притоки:

  • Антен;
  • Не;
  • Коран;
  • Сењ;
  • Брамерит;
  • Бутон;
  • Арно;
  • Бандија;
  • Тардоар;
  • Тувр;
  • Бониер.

Градови уреди

По течението на реката се сместени следниве градови:

Наводи уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди