Жан Жироду
Жан Жироду (француски: Jean Giraudoux, роден на 29 октомври 1882 во Белак - починал на 31 јануари 1944 во Париз) — француски писател, драматург романописец, есеист и дипломат. Тој се смета за еден од најзначајните француски драмски писатели во периодот помеѓу Првата светска војна и Втората светска војна[1]. Неговите дела се познати по своите стилски елеганции и поетска фантазија. Доминантна тема на Жироду во неговите дела е односот меѓу мажот и жената, или во некои случаи, помеѓу човекот и некој недостижен идеал.
Жан Жироду | |
---|---|
Роден/а | 29 октомври 1882 Белак, Франција |
Починат/а | 31 јануари 1944 Париз, Франција |
Занимање | драматург, писател |
Државјанство | Французин |
Сопруг/а | Сузан Боланд |
Деца | Жан Пјер Жироду |
Биографија
уредиЖан Жироду е роден на 29 октомври 1882 во Белак, Франција, каде неговиот татко работел во Министерството за транспорт. Жироду студирал во градот Со, а по завршувањето на студиите патувал низ Европа. По неговото враќање во Франција во 1910 година, тој ја прифатил позицијата на Министер за надворешни работи. По Првата светска војна станал првиот писател кому му бил доделен Орден на Легијата на честа[2].
Тој се оженил во 1918 година. Првиот книжевен успех го постигнал преку неговите романи, особено „Siegfried et le Limousin“ (1922) и „Eglantine“ (1927). Во овој период се запознал и започнал соработка со глумецот и режисер Луј Жуве.[3]. Тој станал добро познат во англиското говорно подрачје во голема мера поради адаптациите на „La guerre de Troie n'aura pas lieu, “La Folle de Chaillot“, „Ondine“, „The Enchanted“ итн.
Починал на 31 јануари 1944 во Париз[4].
Дела
уреди
Театаруреди
Филмуреди
|
Публикацииуреди
|
Наводи
уреди- ↑ Brockett, Oscar. History of the Theatre Boston: Allyn and Bacon. 1968. p. 621.
- ↑ Fowlie, Wallace. Jean Giraudoux in Gassner, John and Edward Quinn ed. The Reader's Encyclopedia of World Drama. New York, Thomas Crowell. 1969. p. 359.
- ↑ „Encyclopædia Britannica Online: "Jean Giraudoux"“. Britannica.com. 2013-11-06. Посетено на 2014-06-03.
- ↑ New York Times; February 1, 1944 Jean Giraudoux obituary.
- ↑ The Duchess of Langeais at the Internet Movie Database
- ↑ Les anges du péché at the Internet Movie Database
- ↑ GIRAUDOUX Jean & . (Author) (1919-01-01). „GIRAUDOUX Jean & – Adieu à la guerre.: GIRAUDOUX Jean &“. Amazon.com. Посетено на 2014-06-03.
Надворешни врски
уреди- Жан Жироду на Ризницата
- Жан Жироду — Internet Broadway Database (англиски)
- Жан Жироду на Internet Off-Broadway Database
- Жан Жироду на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Jean Giraudoux Архивирано на 23 септември 2015 г. at doollee online guide to theatre
- Jean Giraudoux at Find a Grave
- Works by Jean Giraudoux (public domain in Canada)