Порцелан е вид на полупроѕирна керамика, која се обработува на повисоки температури (1200° -{C}- до 1400° -{C}-) во споредба со обичната грнчарија. Таа е со бела боја и полупроѕирен изглед. Воглавно се украсува и со цртежи, па така добива поубав изглед.

Прибор за чај од порцелан
Германски порцелан од XVIII век од славниот производител Нимфенбург (Предлошка:Јазик германски)

Од порцелан се изработуваат различни украсни предмети но и кујнски садови. Многу е познат кинескиот порцелан, кои се изработуваат од мазна паста на основа на глина каолин и фелтспар (-{petuntse}-). На тој начин структурата дополнително се стврднува, бидејќи се пополнуваат сите микроскопски дупки.

Центарот на производство на порцелан бил Јингдзен во провинцијата Ђијангсји. Кинескиот порцелан бил — покрај свилата — еден од главните извозници на артикли, па Хан Кинезите вешто ја криеле постапката за нивна изработка. Дури 1708 година на Европејците им тргнало од рака да ја откријат постапката, а после тоа порцеланот почнал да се изработува и на Европскиот континент.

Разлика помеѓу порцеланот и обичната керамика е лесно воочлива. Ако да кажеме ни падне шолја од кафе на под, веројатноста дека ќе се скрши ќе биде помала доколку шолјта е од порцелан за разлика од онаа направена од обична керамика.

Порцеланот како мотив во уметноста и во популарната култура уреди

  • „Порцелан“ (Porcelain) - песна на американскиот музичар Моби (Moby).[1]

Познати марки на порцелан уреди

Некои од познатите марки порцелан се:

  • Herendy (Унгарија),
  • Hollóházi (Унгарија),
  • Zsolnay (Унгарија),
  • Meissen (Германија),
  • Rosenthal (Германија) и др.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди