Срце
Срце — празен мускулен орган што ја движи крвта во организмот. Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви: надворешен (епикард), среден (миокард) и внатрешен (ендокард). Во самото срце постојат крвни садови преку кои се снабдува со хранливи материи и кислород, а ги оддава екскретите и јаглерод диоксидот. Овој систем од крвни садови е познат како срцев крвоток, односно венечен (коронарен) крвоток.
Срце | |
---|---|
Срцето е сместено во средината на градниот кош, no поголемиот дел од неговата мускулна маса се наоѓа на левата страна. | |
Анатомска илустрација на човечко срце | |
Податоци | |
Систем | крвоток |
Артерија | десна венечна артерија, лева венечна артерија, предна меѓукоморна артерија |
Вена | горна шуплива вена, долна шуплива вена, десни белодробни вени, леви белодробни вени |
Назнаки | |
Латински | cor |
Старогрчки | кардија (καρδία) |
MeSH | A07.541 |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Структура на срцето кај животните
уредиГрадбата на срцето е различна кај повеќето животни. Без‘рбетниците, кои имаат попроста организација на крвоносниот систем, имаат цевчести срца, односно улогата на срце најчесто ја презема одреден крвен сад. Кај прстенестите црви, на пример, улогата на срце ја има преземено дорзалниот (грбен) крвен сад.
Риби (А на сликата)
уредиГрадбата се разликува дури и во рамките на ‘рбетниците. Така, рибите имаат најпросто изградено срце. Тоа е цевчесто и во форма на буквата Ѕ, а составено е од преден дел со подебели ѕидови - комора, и од заден дел со потенки ѕидови - преткомора. Меѓу овие два дела има отвори заштитени со клапи, кои не дозволуваат крвта да се враќа назад. Карактеристичен белег е што низ срцето на рибите минува само редуцирана крв (венска крв), која потоа оди да се збогати со кислород во жабрите, а оттаму се разнесува до целото тело....
Водоземци (Б на сликата)
уредиСрцето на водоземците е составено од комора и две преткомори (лева и десна), одделени од комората со залистоци. Како и кај рибите, и тука постојат артеријален конус (издолжен преден крај на комората) и венски синус (проширено место каде крвта се влева во срцето). За разлика од рибите, кај водоземците преткоморите се сместени напред, пред комората, белег карактеристичен за сите копнени ‘рбетници.
Влекачи (Б на сликата)
уредиИ кај влекачите срцето има две преткомори и една комора, само што кај повеќето видови во внатрешноста на комората постои непотполна (недовршена) преграда, при што се мешаат делумно редуцираната и оксидираната крв. Исклучок од ова прават крокодилите, каде преградата е потполна и на тој начин срцето е поделено на две комори и две преткомори. Артеријалниот конус исчезнал, додека венскиот е многу мал.
Птици и цицачи (В на сликата)
уредиСрцето на птиците и цицачите е наполно поделено на две половини, лева и десна, потполно независни една од друга. Овие две половини напречно се раздвоени на преткомора и комора, така што срцето на овие две групи животни е составено од две преткомори и две комори. Преткоморите комуницираат преку отвори со залистоци со коморите. Низ левата половина од срцето минува артериска (оксидирана) крв, додека низ десната минува венска (редуцирана) крв, при што не доаѓа до мешање на крвта во самото срце.
Човек
уредиКај човекот, срцето е сместено во градната празнина, меѓу двете белодробни крила, над дијафрагмата. Има форма на тристрана пирамида, односно круша, со врвот завртена на надолу и налево. Кај возрасен маж има тежина од 280 до 340 g, додека кај жените е нешто полесно и тежи од 230 до 280 g[1]. Срцето лежи во срцевото ќесе - перикард, кое има заштитна функција.
Мускулните ѕидови на преткоморите се потенки од тие на коморите, бидејќи крвта од преткоморите преминува во коморите, каде во движењето на крвта значаен удел зема гравитациската сила. Левата преткомора е одделена од левата комора со дволисни залистоци, додека меѓу десната преткомора и комора има трилисни залистоци.[2] Мускулниот ѕид на левата комора е подебел од оној на десната, бидејќи тука крвта се испумпува со голем притисок во аортата за да се разнесе низ целото тело преку големиот крвоток.
Автоматизам на срцевата работа кај човекот
уредиСрцето (односно само миокардот) има способност самостојно да се контрахира. Поради ова, во ѕидот на миокардот се наоѓаат два нервни јазли и еден сноп од аксони. Нивната функција е поврзана со создавањето и спроведувањето на нервните импулси за автоматска контракција на срцевиот мускул (миокард). Овие центри за автоматизирана инервација на срцето се:
- Синусен јазол, односно Кејт - Флаков (Keith - Flack или К - А јазол) — сместен е до утоката на горната празна вена во срцето
- Ашоф-Тавара јазол, наречен и преткоморнокоморен (Aschoff - Tawara или A - B јазол) — сместен во долниот дел на десната преткомора
- Хисов сноп, поаѓа од А - В јазолот, минува низ мускулната преграда на коморите и се разгранува две разграноци кои завршуваат со Пуркиниеви нишки во ѕидовите на коморите.
Автоматската работа на срцето е способност тоа да се контрахира под дејството на импулсот што се создава во синусниот јазол, кој поради ова се нарекува уште и предводник на срцевиот ритам. Од честотата на нервните импулси во синусниот јазол зависи честотата на срцевата работа. Патот на ширењето на нервниот импулс низ срцето и неговата автоматска контракција започнува кога тој се создава со самото навлегување на крвта од горната празна вена во десната преткомора. Притоа, во синусниот јазол се создава нервен импулс кој се шири низ преткоморите до Ашоф - Тавара јазолот. Брзината на движење е околу 1 м/с. Ова брзо движење на импулсот овозможува едновремена контракција на двете преткомори. Од Ашоф - Тавара јазолот, нервниот импулс се движи побавно, со брзина од околу 2 м/с, со што започнува контракцијата на коморите, а завршува контракцијата на преткоморите. Од Хисовиот сноп, импулсот поминува преку Пуркиниевите нишки кон врвот на срцето. Тука тој се движи најбрзо, со 4 м/с, со што мускулатурата на коморите едновремено се контрахира и крвта се испумпува во крвните садови.
Кога низ срцето минува нервниот импулс, срцето е ненадразливо, период означен како рефрактерен.
Срцева револуција
уреди- Главна статија: Срцева револуција
Срцето работи на принцип на пумпа. Тоа се контрахира и релаксира со цел да ја спроведе крвта до клетките и повторно да си ја врати назад. Во таа циклична активност се разликуваат три фази:
- Фаза на контракција — систола
- Фаза на релаксација — дијастола
- Фаза на снабдување со крв — срцева пауза.
Срцеви залистоци
уредиЕднонасочната насока на крвта во срцето е можна благодарение на четирите залистоци кои сихронизирано во различните фази на срцевото отчукување, овозможуваат минување на крвта од еден дел во друг и го спречуваат нејзиното враќање: два залистоци меѓу преткомората и комората, еден десен (трилистен залисток) и друг лев(митрален залисток) и две сигмоидни залистоци, една сместена во десната комора и белодробната артерија, а другата меѓу левата комора и аортата.
Срцето како тема во уметноста и во популарната култура
уредиСрцето се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Срцето како тема во книжевноста
уреди- „Во срцето студ“ (српски: По срцу зима) - српска народна песна.[3]
- „На срцето, молејќи го да нема страв“ (англиски: To His Heart, Bidding it Have no Fear) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[4]
- „Срце на тротоарот“ - книга на македонската писателка Адријана Ананиева.[5]
- „Кучешко срце“ - новела на рускиот писател Михаил Булгаков.[6]
- „Срцето мое свој пат има“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[7]
- „Срцево мое двапати има пеено“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[8]
- „Срцето свој кантар има“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[9]
- „Срцето еднаш се крши“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.[10]
- „Замолкнати срца“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[11]
- „Срцето не старее“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[12]
- „Ко' ќе ти се расипе механизмот на срцето“ - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[13]
- „Нема ништо поглуво од молкот на срцето“ — песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.[14]
- „Срцето боли“ — песна на македонската поетеса Јованка Денкова.[15]
- „Срце“ - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[16]
- „Нашите срца“ (српски: Наша срца) — песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[17]
- „Песни на срцето“ (српски: Песме срца) — песна на српскиот поет Јован Дучиќ.[18]
- „Истрајно срце“ — кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[19]
- „Разговор со срцето“ (српски: Разговор са срцем) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај од 1864 година.[20]
- „Срце“ - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[21]
- „Близу до дивото срце“ — роман на бразилската писателка Кларис Лиспектор од 1943 година.[22]
- „Човечко срце“ (српски: Ljudsko srce) — песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.[23]
- „Рането срце“ — песна на македонскиот поет Коле Неделковски.[24]
- „Грабнато срце“ — песна на францускиот поет Артур Рембо од 1871 година.[25]
- „За срцето“ — песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич.[26][27]
- „Срцето во недела“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[28]
Срцето како тема во популарната музика
уреди- „Целото мое срце“ (англиски: All Of My Heart) — песна на британската поп-група АБЦ (ABC) од 1982 година.[29]
- „Парче од моето срце“ (англиски: Piece of my heart) — песна на американската рок-група Big Brother and the Holding Company од 1967 година.[30]
- „Брзинско срце“ (англиски: Speed heart) — песна на американската панк-рок група Бикни Кил (Bikini Kill) од 1993 година.[31]
- „3/4 срце“ (англиски: 3/4 heart) — песна на британската електронска група Блек дог (Black Dog) од 1993 година.[32]
- „Срце од стакло“ (англиски: Heart of glass) — песна на американската рок-група Блонди од 1978 година.[33]
- „Исполни го срцето“ (англиски: Fill your heart) — песна на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.[34]
- „Во форма на срце“ (англиски: In The Shape of a Heart) — песна на американскиот музичар Џексон Браун (Jackson Browne).[35]
- „Не ми го крши срцето“ (англиски: Don't Break My Heart) — песна на белгиската поп-група Ваја Кон Диос (Vaya Con Dios).[36]
- „Ирско срцебиење“ (англиски: Irish Heartbeat) — музички албум на северноирскиот музичар Ван Морисон и групата Чифтанс (The Chieftains) од 1988 година.[37]
- „Отчукувања на срцето“ (англиски: Heartbeats) — песна на канадската музичарка Грајмс (Grimes) од 2011 година.[38]
- „Моето срце чука бум“ (германски: Mein Herz Macht Bum) — песна на германското електронско дуо ДАФ од 1981 година.[39]
- „Зголемено срце“ (англиски: Amplified Heart) - албум на британскиот поп-дует Everything But The Girl од 1994 година.[40]
- „Срцето останува дете“ (англиски: The heart remains a child) - песна на британскиот поп-дует Everything But The Girl од 1996 година.[41]
- „Срце“ - песна на југословенската рок-група „ЕКВ“.[42]
- „Бестрашно срце“ (англиски: Fearless Heart) — песна на американскиот рок-музичар Стив Ерл (Steve Earle) од 1986 година.[43]
- „Тивко срце“ (англиски: Quiet heart) - песна на австралиската поп-група The Go-Betweens од 1988 година.[44]
- „Траги од гуми на моето срце“ (англиски: Skidmarks On My Heart) — песна на американската рок-група Go-Go's од 1981 година.[45]
- „Срце од злато“ (англиски: Heart of Gold) - песна на американскиот рок-музичар Нил Јанг (Neil Young) од 1972 година.[46]
- „Во срцето“ (англиски: Into The Heart) — песна на ирската рок-група Ју Ту (U2) од 1981 година.[47]
- „Две срца бијат како едно“ (англиски: Two Hearts Beat As One) — песна на ирската рок-група „У2“ од 1983 година.[48]
- „Срце од пепелник“ (англиски: Ashtray Heart) - песна на американската рок-група Captain Beefheart & His Magic Band од 1980 година.[49]
- „Чекајќи ги срцевите удари“ (англиски: Waiting For The Heartaches) — песна на британската рок-група Корал (The Coral) од 2002 година.[50]
- „Напуштените градови на срцето“ (англиски: Deserted Cities Of The Heart) — песна на британската рок-група Крим (Cream) од 1968 година.[51]
- „Големо весело срце (Против насилството)“ (англиски: Big Gay Heart (Against Violence)) - песна на американската рок-група Лемонхедс (The Lemonheads) од 1993 година.[52]
- „Го сакав твоето срце“ (англиски: I Wanted Your Heart) - песна на британската рок-група Магазин (Magazine) од 1979 година.[53]
- „Јас немам срце“ (англиски: I Ain't Got No Heart) - песна на американската рок-група Мадерс оф инвеншн (The Mothers Of Invention) од 1966 година.[54]
- „Живи срца“ (англиски: Hearts Alive) - песна на американската хеви-метал група Мастодон (Mastodon) од 2004 година.[55]
- „Моето срце и реалниот свет“ (англиски: My Heart And The Real World) - песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1984 година.[56]
- „Во моево срце“ (In My Heart) - песна на американскиот музичар Моби (Moby).[57]
- „Зошто ми е тешко на срцето?“ (англиски: Why Does My Heart Feel So Bad?) — песна на американскиот музичар Моби (Moby).[58]
- „Вселената во твоето срце“ (српски: Kosmos u tvom srcu) — песна на српската рок-група Обојени програм од 1990 година.[59]
- „Запалени срца“ (англиски: Hearts on Fire) — песна на американскиот кантри-пејач Грем Парсонс (Gram Parsons) од 1974 година.[60]
- „Ќе те чувам во срцето“ (англиски: I'll Hold You in My Heart (Till I Can Hold You in My Arms)) — песна на Еди Арнолд (Eddy Arnold), Томас Дилбек (Thomas Dilbeck) и Вон Хортон (Vaughn Horton) од 1969 година, во изведба на американскиот рокенрол-пејач Елвис Пресли.[61]
- „Слушни ми го срцето“ (англиски: Listen to my heart) - песна на американската панк-рок група Рамоунс (Ramones) од 1976 година.[62]
- „Согласно моето срце“ (англиски: According To My Heart) - песна на австралиската поп-рок група Рилс (The Reels) од 1981 година.[63]
- „Додека сè уште ми чука срцето“ (англиски: While My Heart Is Still Beating) - песна на британската група Рокси мјузик (Roxy Music) од 1982 година.[64]
- „Срце од камен“ (англиски: Heart of Stone) - песна на британската рок-група Ролинг стоунс (Rolling Stones) од 1965 година.[65]
- „Срце на темнината“ (англиски: Heart Of Darkness) — песна на американската рок-музичарка Сид Стро (Syd Straw) од 1989 година.[66]
- „Земја на срцето“ (англиски: Heartland) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy од 1992 година.[67]
- „Нечие друго срце“ (англиски: Someone Else's Heart) — песна на британската рок-група Сквиз (Squeeze) од 1981 година.[68]
- „Фабрика за срца“ (англиски: Heart Factory) — песна на американската рок-група Слитер Кини (Sleater Kinney) од 1997 година.[69]
- „Завиткај ми го срцето со жешка жица“ (англиски: Hot Wire My Heart) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1987 година.[70]
- „Скршено срце“ (англиски: Broken Heart) — песна на британската рок-група Spiritualized од 1997 година.[71]
- „Две срца“ (англиски: Two Hearts) — песна на американскиот рок-музичар Брус Спрингстин од 1980 година.[72]
- „Гладно срце“ (англиски: Hungry Heart) — песна на Брус Спрингстин од 1980 година.[72]
- Срце (англиски: Heart) — американска рок-група.[73]
- „Земја на срцето“ (англиски: Heartland) — песна на британската електронска група The The од 1986 година.[74]
- „Влажно срце“ (англиски: Wet Heart) — песна на американската рок-група Тин вајт роуп (Thin White Rope) од 1987 година.[75]
- „Твоето срце надвор“ (англиски: Your Heart Out) — песна на британската рок-група Фол од 1979 година.[76]
- „Отвори го срцето“ (англиски: Open Your Heart) — песна на британската поп-група Хјуман Лиг (Human League) од 1981 година.[77]
- „Срце“ (англиски: Heart) — песна на американската поп-пејачка Нене Чери (Neneh Cherry) од 1989 година.[78]
- „Некаде на дното од срцето“ (српски: Negdje na dnu srca) - песна на српскиот поп-пејач Здравко Чолиќ од 1990 година.[79]
- „Две срца“ (англиски: Two Hearts) — песна на американската рок-група The Jayhawks од 1994 година.[80]
- „Мрсно срце“ (англиски: Greasy Heart) — песна на американската рок-група Jefferson Airplane од 1968 година.[81]
- „Срце и душа“ (англиски: Heart and Soul) - песна на британската рок-група Џој дивижн (Joy Division) од 1980 година.[82]
- „Војна меѓу срцата“ (англиски: War Of The Hearts) - песна на британската поп-пејачка Шаде (Sade) од 1985 година.[83]
Срцето како тема во филмот
уреди- „Храбро срце“ (Brave Heart) - американски филм од 1995 година, во режија на Мел Гибсон.[84][85]
Наводи
уреди- ↑ Kumar, Abbas, Fausto: Robbins and Cotran Pathologic Basis of Disease, 7th Ed. p. 556
- ↑ „"Heart", MedicaLook. Medicalook.com“. Архивирано од изворникот на 2010-12-02. Посетено на 2011-05-12.
- ↑ Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 61.
- ↑ Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 67.
- ↑ „Читај, патувај, уживај – Саем на книга 2016 – програма на активности“, Антолог, 2016.
- ↑ Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 38-39.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 132-134.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 117-118.
- ↑ Ана Бунтеска, Колку е потребно за среќа. Скопје: Матица Македонска, 2016, стр. 86-87.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 69-70.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 75-76.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 101-102.
- ↑ Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 110-111.
- ↑ Јованка Денкова, Исповед на бршленот. Штип: Јованка Денкова, 2024, стр. 57.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 12-13.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 30-31.
- ↑ Јован Дучић, Сабрана дела II, Песме љубави и смрти. Београд: Народна просвета (без дата), стр. 70-71.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 41-43.
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 51-53.
- ↑ Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 29-30.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 279-280.
- ↑ Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 99.
- ↑ Коле Неделковски, Стихови. Кочо Рацин, Скопје, 1958, стр. 37.
- ↑ Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 27.
- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 180.
- ↑ Tadeuš Ruževič, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg / Čigoja štampa, 2013, стр. 29.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 123.
- ↑ Discogs, ABC – The Lexicon Of Love (пристапено на 11.3.2021)
- ↑ Big Brother and the Holding Company. Columbia/Sony Music Entertainment Inc. CD 469020 2.
- ↑ YouTube, Bikini Kill - Pussy Whipped - 1993 - (Full Album) (пристапено на 3.7.2017)
- ↑ YouTube, 3/4 Heart (пристапено на 29.7.2021)
- ↑ YouTube, Blondie - Heart Of Glass (пристапено на 19.3.2017)
- ↑ YouTube, David Bowie Fill Your Heart (пристапено на 4.5.2017)
- ↑ YouTube, In The Shape of a Heart (пристапено на 31.10.2017)
- ↑ YouTube, Vaya Con Dios - Don't Break My Heart (посетена на 19.1.2017)
- ↑ Van Morrison and The Chieftains, Irish Heartbeat, Polygram Music, 834 496-2.
- ↑ Discogs, Grimes (4) – Halfaxa (пристапено на 24.6.2021)
- ↑ Dicogs, Deutsch Amerikanische Freundschaft – Alles Ist Gut (пристапено на 23.6.2022)
- ↑ YouTube, Everything But the Girl - Amplified Heart (Full Album) (посетена на 19.4.2017)
- ↑ YouTube, Everything But The Girl - Walking Wounded (Full Album) 1996 (посетена на 19.4.2017)
- ↑ YouTube, EKV - Srce (посетена на 15.3.2018)
- ↑ YouTube, Steve Earle | Guitar Town | Full Album | Vinyl Rip (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ Discogs, The Go-Betweens – 16 Lovers Lane (пристапено на 15.3.2021)
- ↑ DISCOGS, Go-Go's – Beauty And The Beat (пристапено на 25.10.2022)
- ↑ YouTube, Neil Young - Heart of Gold (посетена на 19.1.2017)
- ↑ Discogs, U2 – Boy (пристапено на 26.5.2021)
- ↑ DISCOGS, U2 – War (пристапено на 20.5.2021)
- ↑ YouTube, Captain Beefheart - Ashtray Heart (посетено на 3.10.2017)
- ↑ Discogs, The Coral - The Coral (пристапено на 14.4.2022)
- ↑ Discogs, Cream (2) – Wheels Of Fire (пристапено на 29.1.2019)[мртва врска]
- ↑ Discogs, The Lemonheads – Come On Feel The Lemonheads (пристапено на 2.9.2020)
- ↑ DISCOGS, Magazine – Secondhand Daylight (пристапено на 18.3.2018)
- ↑ Discogs, The Mothers Of Invention – Freak Out! (пристапено на 11.7.2019)[мртва врска]
- ↑ Discogs, Mastodon – Leviathan (пристапено на 28 јануари 2021)
- ↑ Discogs, Minutemen – Double Nickels On The Dime (пристапено на 22.1.2021)
- ↑ YouTube, Moby - In My Heart (Official Audio) (пристапено на 17.1.2020)
- ↑ YouTube, Moby 'Why Does My Heart Feel So Bad?' - Official video (пристапено на 17.1.2020)
- ↑ YouTube, Obojeni program - Najvažnije je biti zdrav (пристапено на 21.10.2021)
- ↑ YouTube, Gram Parsons/Emmylou Harris-"Hearts on Fire" from "Grievous Angel" (посетена на 27.3.2020)
- ↑ AllMusic, Elvis Presley, From Elvis in Memphis (пристапено на 25.1.2018)
- ↑ Discogs, Ramones – Ramones (пристапено на 26.2.2021)
- ↑ YouTube, The Reels - According To My Heart (1980).flv (пристапено на 28.9.2017)
- ↑ YouTube, Roxy Music - Avalon (1982) (FULL ALBUM) (пристапено на 18.6.2017)
- ↑ YouTube, Rolling Stones Heart Of Stone (посетена на 19.1.2017)
- ↑ Syd Straw – Surprise (пристапено на 10.4.2023)
- ↑ DISCOGS, The Sisters Of Mercy – Some Girls Wander By Mistake (пристапено на 2.12.2019)
- ↑ YouTube, Squeeze - East Side Story (1981) | FULL ALBUM (пристапено на 31.10.2017)
- ↑ YouTube, Sleater Kinney - Dig Me Out (HD) (посетена на 12.5.2017)
- ↑ Discogs, The Sonic-Youth – Sister (пристапено на 18.7.2019)
- ↑ Spiritualized®* – Ladies And Gentlemen We Are Floating In Space (пристапено на 12.5.2024)
- ↑ 72,0 72,1 YouTube, Bruce Springsteen - The River [1980] - Full Album (пристапено на 30.10.2017)
- ↑ heart-music.com (посетена на 7.2.2016)
- ↑ Discogs, The The – Infected (пристапено на 23.3.2021)
- ↑ Discogs, Thin White Rope – Moonhead (пристапено на 17.4.2024)
- ↑ Discogs, The Fall – Dragnet (пристапено на 8.10.2020)
- ↑ YouTube, The Human League- Dare (Full LP 1080p) 1981 (пристапено на 25.10.2017)
- ↑ YouTube, Neneh Cherry - Heart (посетена на 15.11.2016)
- ↑ YouTube, Zdravko Colic - Negdje na dnu srca - (Audio 1990) (пристапено на 22.10.2019)
- ↑ Discogs, The Jayhawks – Tomorrow The Green Grass (пристапено на 15.10.2021)
- ↑ Discogs, Jefferson Airplane – Crown Of Creation, (пристапено на 24.12.2022)
- ↑ DISCOGS, Joy Division – Closer (пристапено на 7.1.2021)
- ↑ DISCOGS, Sade – Promise (пристапено на 25.8.2019)
- ↑ „Храбро срце“, Антена, број 877, 17.4.2015, стр. 15.
- ↑ „Храбро срце“, Антена, број 899, 18.9.2015, стр. 13.