Во биологијата, орган претставува анатомско и функционално обединување на две или повеќе ткива, при што едно од ткивата има главна улога. На пример, во мускулите, главно ткиво е мускулното ткиво, но има и други, споредни ткива: нервно, крвно ткиво итн.

Органот за размножување кај цветовите. хибискус

Орган е збир од повеќе ткива кои вршат одредена функција.

Органи и нивни функции

уреди

Срце - орган за крвоток кој е изграден од мускулно, епително, нервно, крвно и жилно ткиво. Желудник е изграден од мускулно, слузокожа, нервно и крвно ткиво. Желудникот има улога да ја вари храната. Бубрегот е изграден од епително, крвно, сврзно и нервно ткиво. Бубрегот има улога да ги исфрла водата и штетните материи од организмот. Мускулите се изградени од мускулно, сврзно, крвно и нервно ткиво и имаат улога во движењето.


Вегетативни органи

Вегетативни органи се:корен,листот и стеблото