Грајмс

канадска музичарка

Клер Елис Буше (англиски: Claire Elise Boucher;[1] родена на 17 март 1988), професионално позната како Грајмс (англиски: Grimes) ― канадска музичарка, пејачка, текстописец и музички продуцент.[2][3] Нејзините стихови често содржат теми на научна фантастика и феминизам. Издала пет студиски албуми.

Грајмс
Грајмс во 2014
Роден(а)Клер Елис Буше
17 март 1988(1988-03-17)(36 г.)
Ванкувер, Британска Колумбија, Канада
Алма матерУниверзитет Мекгил (не завршила)
Занимање
  • Музичар
  • пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • режисер на музички спотови
  • визуелен уметник
Активен период2007–денес
ПартнерИлон Маск (2018–2021)
Деца3

Музичка кариера
ПотеклоМонтреал, Квебек, Канада
Жанрови
Издавачи

На меѓународната музичка сцена се пробила со нејзиниот трет студиски албум Visions, издаден во 2012 година и кој и донел многу награди и признанија. Нејзината врска со бизнисменот Илон Маск, со кого има три деца, била предмет на широка медиумска покриеност.

Живот и кариера

уреди

Клер Елис Буше била родена на 17 март 1988 година[4] во Ванкувер, Британска Колумбија.[5] Има француско-канадско, украинско и италијанско потекло.[6][7][8][9] Во 2006 година, по матурирањето во средно училиште, се запишала на Универзитетот Мекгил во Монтреал, каде што студирала неколку дисциплини, вклучувајќи невропсихологија и руска литература.[10] Била избркана од универзитетот во декември 2010 година затоа што не ја посетувала наставата.[11][12][13]

Кариера

уреди

Според нејзината страница на Мајспејс, почнала да пишува музика под името Грајмс во 2007 година.[14] Во тоа време, Мајспејс им дозволувал на музичарите да наведат три музички жанрови, а таа за сите три навела дека се „грајм“ без воопшто да знае за каков жанр се работи.[15] Оттука потекнува и нејзиното уметничко име. Грајмс била самоука во музиката и во визуелната уметност.[16][17]

 
Грајмс на настап на фестивалот South by Southwest во 2012 година

Во јануари 2010 година, Грајмс го издала нејзиниот прв албум, Geidi Primes.[18] Овој албум, инспириран од научно-фантастичниот роман Дина од Френк Херберт, ја прикажал нејзината склоност кон електронската музика и експериментални звуци.[18][19][20] Истата година, го издала и вториот албум, Halfaxa.[21]

По турнеите и позитивниот прием на нејзините први два албума, Грајмс во јануари 2012 година потпишала договор со издавачката куќа 4AD.[22][23] Нејзиниот трет студиски албум, Visions, бил издаден на 31 јануари 2012 година.[24] Албумот станал меѓународно популарен и ги содржел хитовите: „Oblivion“ и „Genesis“. Во 2013 година, списанието NME го вклучило на нивната листа од „500 најдобри албуми на сите времиња“.[25] На Јуно наградите, Visions ја освоил наградата за електронски албум на годината, а Грајмс била номинирана за музичар во подем на годината.[26] Грајмс, исто така, ја освоила наградата за уметник на годината на Webby Awards во 2013 година.[27][28]

Вториот сингл од албумот, „Oblivion“, бил прогласен за најдобра песна за 2012 година од страна на Pitchfork,[29] и во 2014 година исто така го рангирал синглот на прво место на нивната листа од „200 најдобри песни на деценијата досега“.[30]

На 26 јуни 2014 година, Грајмс објавила нова песна под наслов „Go“, продуцирана и отпеана заедно со Blood Diamonds. Песната првично била напишана за Ријана, но таа ја отфрлила.[31][32][33] Ролинг Стоун ја рангирала на четиринаесетто место на нивната листа од најдобри песни за 2014 година.[34] На 19 август 2014 година, Грајмс била вклучена во музиката за ремиксот на My Song 5 од групата Haim.[35][36]

На 15 март 2015 година, Грајмс и групата Bleachers ја објавиле нивната соработка, песната „Entropy“ за ТВ-серијата „Девојки“.[37] [38] Во текот на летото во 2015 година, Грајмс била на турнеја со Лана Дел Реј на неколку концерти од нејзината турнеја под наслов Endless Summer.[39][40]

Нејзиниот четврти студиски албум, Art Angels, бил издаден во ноември 2015 година. Албумот добил високи оценки од критичарите (88 од можни 100 на Metacritic),[41] и содржел песни како „Flesh Without Blood“ и „Kill V. Maim“. Art Angels бил прогласен за албум на годината од NME, Exclaim! и Stereogum.[42][43][44] Грајмс ја освоила „Меѓународната награда“ на Сокан наградите во 2016 година и наградата за музичар на годината на Харперс Базар за 2016 година.[45][46]

 
Грајмс настапува на Lollapalooza во 2016 година

На 15 ноември 2019 година, објавила две верзии од синглот „So Heavy I Fell Through the Earth“[47] [48] и настапила на наградите за видео игри во организација на „4ÆM“ за да се претстави како Лизи Визи, лик чиј глас го позајмила во играта Cyberpunk 2077.[49][50] Албумот Miss Anthropocene бил издаден на 21 февруари 2020 година.[51][52] Овој концептуален албум се фокусира на теми поврзани со климатските промени и апокалиптични визии за иднината. Албумот означил промена на нејзината музичка насока, при што биле застапени потемни и експериментални тонови. Песните „Delete Forever“ и „Violence“ биле високо оценети од критичарите за нивната емоционална длабочина и за продукцијата.

На 5 март 2021 година, Грајмс потпишала со Columbia Records.[53][54][55] Нејзината песна „California“ беше прикажана во анимираниот филм Мичелови против машините.[56] Во јуни, се појавила во музичкото видео од Дожа Кет, „Need to Know“.[57][58]

Во јули 2021 година, Грајмс, заедно со will.i.am, Аланис Морисет, Ник Лачи и Роси Дијаз биле претставени како судии на Алтер Его, нова серија на натпревари за пеење.[59][60] Исто така, имала камео појавување во краткиот филм Discord: The Movie, заедно со Awkwafina, Дени Девито и Џеј Балвин.[61][62] На 30 септември, Грајмс објавила нова песна под наслов „Love“ снимена како одговор на нејзината разделба со Илон Маск и медиумското внимание кое го привлекла.[63] [64]

На 20 септември 2024 година, Грајмс објавила ремикс на песна под наслов „Supernova“, оригинално изведена од кеј-поп групата, Аеспа.[65]

Личен живот

уреди

Грајмс отворено зборува за користењето дрога во минатото и открила дека интензивно користела за време на создавањето на нејзиниот трет албум Visions во 2012 година, кога „ги затемнувала прозорците и пиела тони амфетамин и останувала будна три недели и не јадела ништо“.[66] Во 2014 година, напишала блог-статија во која изразила одбивност кон тешки дроги.[67][68]

Грајмс го прифаќа нејзиниот специфичен сигматизам[69][70][71] и не изразила желба да посетува говорна терапија за да го промени.[72] Грајмс изјавила дека е аутистична, велејќи дека претходно погрешно ѝ бил дијагностициран синдром на немирни нозе и шизоафективно пореметување. [73]

Врски

уреди

Од 2007 до 2010 година, Грајмс била во непостојана врска со Девон Велш, тогаш главен пејач на Majical Cloudz.[74] Од 2012 до 2018 година, Грајмс била во врска со електронскиот музичар Џејми Брукс,[75] кој ја поддржуваше на турнејата Visions настапувајќи под името Elite Gymnastics.[76] [77]

Во 2018 година, Грајмс започнала врска со деловниот магнат Илон Маск.[78] Во 2020 година, Грајмс родила син, а во 2021 година добиле ќерка преку сурогат-мајка.[79][80][81] Двојката се „полуразделила“ во септември 2021 година.[82] Во септември 2023 година, било објавено дека двојката добила уште еден син.[83][84] Подоцна истиот месец, Грајмс го тужела Маск поради родителски права над нивните деца пред судот во Калифорнија.[85][86][87][88]

Во март 2024 година, Грајмс објавила дека е во врска со американскиот диџеј Матео Милери, познат и како Анима.[89]

Дискографија

уреди

Студиски албуми

  • Geidi Primes (2010)
  • Halfaxa (2010)
  • Visions (2012)
  • Art Angels (2015)
  • Miss Anthropocene (2020)

Наводи

уреди
  1. „On Display: Claire Boucher“. TVMcGill. January 18, 2011. Архивирано од изворникот на March 15, 2011. Посетено на June 7, 2011.
  2. Pelly, Jenn (March 8, 2012). „Grimes' Claire Boucher to Stage Art Show in NYC“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на March 9, 2017. Посетено на April 5, 2017.
  3. „Gimes & D'EON Interview: "Everything Is Gained.". Dummy Mag. April 20, 2011. Архивирано од изворникот на February 2, 2012. Посетено на February 19, 2012.
  4. „Five Things to Know about Grimes, the Vancouver pop star dating Elon Musk“. Vancouver Sun. May 9, 2018.
  5. Adams, Gregory (May 25, 2011). „Sound says most to Grimes“. Straight. Архивирано од изворникот на September 12, 2017. Посетено на July 22, 2022.
  6. „Grimes on Sur Le Vif, interviewed by Fanny Lefort ('oldish')“. YouTube. May 5, 2012. Архивирано од изворникот на May 17, 2014. Посетено на December 27, 2012.
  7. Brunet, Alan (2014). „Grimes: au-delà de l'impact souterrain“. La Presse (француски). Архивирано од изворникот на June 3, 2022. Посетено на October 30, 2019.
  8. Glassberg, Rachel (May 18, 2012). „Six Questions for... Grimes“. Exberliner. Архивирано од изворникот на June 11, 2020. Посетено на January 22, 2013.
  9. „Grimes ou l'anti pop / Tout Le Monde En Parle“. YouTube. December 1, 2015. Архивирано од изворникот на March 17, 2016. Посетено на October 15, 2016.
  10. Walton, Sam (February 26, 2012). „Grimes: Claire Boucher insists that anyone can do what she does. If only it were true“. Loud and Quiet. Архивирано од изворникот September 30, 2023. Посетено на March 30, 2024.
  11. Battan, Carrie (October 17, 2011). „Grimes“. Pitchfork. Архивирано од изворникот January 21, 2024. Посетено на February 13, 2024.
  12. Marchand, Francois (February 17, 2012). „Dirty Pop: Grimes on Brink of Stardom“. Edmonton Journal. Архивирано од изворникот на September 18, 2020. Посетено на July 23, 2022.
  13. Friedlander, Emilie (July 28, 2015). „Grimes In Reality“. The Fader. Архивирано од изворникот April 3, 2017. Посетено на July 22, 2022.
  14. „Elon Musk's girlfriend Grimes says she 'finally' has Covid-19“. The Economic Times. January 11, 2021. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 6, 2023.
  15. Michaels, Sean (December 22, 2014). „Grimes admits lifting moniker from grime genre option on Myspace“. The Guardian. Архивирано од изворникот на May 24, 2015. Посетено на May 8, 2015.
  16. Празен навод (help)
  17. Празен навод (help)
  18. 18,0 18,1 Fitzmaurice, Larry (December 3, 2018). „Grimes: The Complete Timeline (So Far)“. Vulture. Архивирано од изворникот на January 12, 2022. Посетено на July 23, 2022.
  19. Zoladz, Lindsay (September 7, 2011). „Grimes: Geidi Primes“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на September 25, 2011. Посетено на December 6, 2023.
  20. McBride, Gabe (October 3, 2011). „Grimes – Geidi Primes. Earbuddy. Архивирано од изворникот на April 8, 2023. Посетено на December 6, 2023.
  21. Moreland, Quinn (April 6, 2016). „Halfaxa Grimes“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на February 1, 2023. Посетено на December 6, 2023.
  22. Празен навод (help)
  23. Battan, Carrie (January 4, 2012). „Grimes Signs to 4AD, Listen to New Track "Genesis" From Visions“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на August 28, 2012. Посетено на January 13, 2012.
  24. Goble, Corban (January 4, 2012). „Grimes – "Genesis". Stereogum. Архивирано од изворникот на December 1, 2020. Посетено на August 4, 2022.
  25. Barker, Emily (October 24, 2013). „The 500 Greatest Albums Of All Time: 300-201“. NME. Архивирано од изворникот на December 2, 2016. Посетено на December 6, 2023.
  26. Adams, Gregory (April 21, 2013). „Leonard Cohen, the Weeknd, Grimes, Metric, Classified Win Big at Non-Televised Juno Gala“. Exclaim!. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 6, 2023.
  27. „Grimes“. The Webby Awards. Архивирано од изворникот на February 15, 2017. Посетено на February 14, 2017.
  28. Празен навод (help)
  29. „The 200 Best Songs of the 2010s“. Pitchfork. October 7, 2019. Архивирано од изворникот на October 11, 2019. Посетено на October 20, 2019.
  30. „The 200 Best Tracks of the Decade So Far (2010–2014) – Pitchfork“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на June 1, 2015. Посетено на May 28, 2015.
  31. Blake, Emily (June 26, 2014). „Hear 'Go,' The Grimes Song That Rihanna Rejected“. MTV News. Архивирано од изворникот на April 13, 2017. Посетено на April 13, 2017.
  32. Nostro, Lauren (June 26, 2014). „Listen to Grimes' "Go" f/ Blood Diamonds“. Complex. Архивирано од изворникот на August 2, 2014. Посетено на August 4, 2014.
  33. Phillips, Amy (August 21, 2014). „Grimes Previews Sweeping "Go" Video“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на August 21, 2014. Посетено на August 22, 2014.
  34. Празен навод (help)
  35. Празен навод (help)
  36. Празен навод (help)
  37. Breihan, Tom (March 15, 2015). „Grimes & Bleachers – "Entropy". Stereogum. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 11, 2023.
  38. Camp, Zoe (March 15, 2015). „Grimes and Bleachers Share "Entropy" From HBO's "Girls". Pitchfork. Архивирано од изворникот на May 12, 2015. Посетено на July 21, 2022.
  39. Young, Alex (April 1, 2015). „Lana Del Rey and Grimes team up for The Endless Summer Tour“. Consequence. Архивирано од изворникот на July 20, 2022. Посетено на December 11, 2023.
  40. Празен навод (help)
  41. „Art Angels by Grimes“. Metacritic. Архивирано од изворникот November 8, 2015. Посетено на November 10, 2015.
  42. Renshaw, David (December 2, 2015). „Grimes reacts to 'Art Angels' being named NME's album of the year 2015: 'It's dreamlike'. NME. Архивирано од изворникот на February 24, 2017. Посетено на February 23, 2017.
  43. „Exclaim!'s Top 20 Pop & Rock Albums, Part Two“. Exclaim!. December 3, 2015. Архивирано од изворникот на December 8, 2015. Посетено на July 21, 2022.
  44. „The 50 Best Albums Of 2015“. Stereogum. December 1, 2015. Архивирано од изворникот на December 9, 2015. Посетено на July 21, 2022.
  45. „SOCAN Montréal Awards 2016 to celebrate music creators, publishers“. Socan.ca. Архивирано од изворникот на February 24, 2017. Посетено на February 23, 2017.
  46. Helman, Peter (October 31, 2016). „Grimes Wins Harper's Bazaar Women Of The Year Award“. Stereogum. Архивирано од изворникот на February 24, 2017. Посетено на February 23, 2017.
  47. Richards, Will (November 15, 2019). „Listen to two versions of Grimes' booming new song 'So Heavy I Fell Through The Earth'. NME. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  48. Sacher, Andrew (November 15, 2019). „Grimes shares "So Heavy I Fell Through the Earth," reveals album details“. BrooklynVegan. Архивирано од изворникот на April 7, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  49. DeVille, Chris (December 12, 2019). „Grimes Debuts "4ÆM" At The Game Awards, Will Portray Pop Star Lizzy Wizzy In Cyberpunk 2077“. Stereogum. Архивирано од изворникот на May 12, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  50. Strauss, Matthew (December 12, 2019). „Watch Grimes Perform New Song "4ÆM" at 2020 Game Awards“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на May 18, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  51. Phares, Heather. „Miss Anthropocene – Grimes“. AllMusic. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  52. Nicolson, Barry (February 21, 2020). „Grimes – 'Miss Anthropocene'. NME. Архивирано од изворникот на March 31, 2023. Посетено на December 8, 2023.
  53. Празен навод (help)
  54. Thiessen, Brock (March 8, 2021). „Grimes Signs to Columbia Records“. Exclaim!. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  55. Празен навод (help)
  56. Hough, Q.V. (April 30, 2021). „The Mitchells vs. The Machines Soundtrack Guide: Every Song“. Screen Rant. Архивирано од изворникот на April 13, 2022. Посетено на December 7, 2023.
  57. Sanchez, Gabrielle (June 11, 2021). „Grimes, preparing for her life on Mars with Elon probably, appears as an alien in Doja Cat's new video“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот на July 8, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  58. Rowley, Glenn (June 11, 2021). „Doja Cat Debuts "Need to Know" with Grimes-Featuring Music Video: Watch“. Consequence. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  59. Yoo, Noah (July 16, 2021). „Grimes, Alanis Morissette, and Will.i.am to Judge New "Avatar Singing Competition" TV Show“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на May 28, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  60. Lawler, Kelly (September 8, 2021). „Grimes talks her new show 'Alter Ego' and feeling 'pressure to be physically beautiful'. USA Today. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  61. Празен навод (help)
  62. White, Caitlin (July 23, 2021). „Awkwafina And Danny DeVito Take A Wild Ride Through The Internet In 'Discord: The Movie'. Uproxx. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  63. Празен навод (help)
  64. Moore, Sam (September 30, 2021). „Grimes shares her brand new song 'Love' on Instagram“. NME. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 7, 2023.
  65. Yeo, Gladys (September 20, 2024). „Aespa enlist Grimes for brand-new remix of 'Supernova's“. NME. Архивирано од изворникот на September 20, 2024. Посетено на September 21, 2024.
  66. Hresko, Lisa (March 3, 2012). „In An Altered Zone“. CMJ. Архивирано од изворникот на October 19, 2013. Посетено на August 1, 2013.
  67. Hughes, William (August 18, 2014). „Stop posting stuff about drugs to Grimes' Wikipedia page, please“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот на September 30, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  68. Gorton, Thomas (August 19, 2014). „Grimes pens anti-drugs note on Tumblr“. Dazed & Confused. Архивирано од изворникот на August 21, 2014. Посетено на August 23, 2014.
  69. „5 celebs you probably didn't know had speech problems“. BBC. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  70. Hudson, Laura (May 19, 2018). „Encouraged by Elon Musk, Grimes changed her name to the speed of light“. The Verge. Архивирано од изворникот на July 5, 2018. Посетено на November 11, 2018.
  71. Празен навод (help)
  72. McCartney, Stella (March 10, 2016). „Grimes Opens Up About Beyoncé and Body Hair in Our April Issue“. Teen Vogue. Архивирано од изворникот на September 28, 2017. Посетено на September 27, 2017.
  73. Rossignol, Derrick (August 22, 2023). „Grimes Recently Learned She Is Autistic And Revealed How She Realized That Might Be The Case“. Uproxx. Архивирано од изворникот на August 22, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  74. Pelly, Jenn (June 25, 2015). „Fall Down Laughing: The Story of Majical Cloudz“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  75. Gormely, Ian (February 28, 2019). „Default Genders Escaped the Spotlight's Glare to Make 'Main Pop Girl 2019,' His Best Work Yet“. Exclaim!. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  76. Tony (June 8, 2012). „Grimes Announces Tour with Local Duo Elite Gymnastics“. The Minnesota Daily. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  77. Празен навод (help)
  78. Salinas, Sara (January 4, 2019). „Elon Musk wants Grimes out of a lawsuit over Tesla take-private tweet“. CNBC. Архивирано од изворникот на April 6, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  79. Kiefer, Halle (May 4, 2020). „Grimes and Elon Musk's Baby Has Arrived, Just As Legend Foretold“. Vulture. Архивирано од изворникот на March 10, 2022. Посетено на July 19, 2022.
  80. Trepany, Charles (May 5, 2020). „Elon Musk shares first photo of his and Grimes' new baby boy: 'Mom and baby all good'. USA Today. Архивирано од изворникот на April 19, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  81. Празен навод (help)
  82. Ivie, Devon (September 24, 2021). „Elon Musk and Grimes Took the Red Pill and Broke Up“. Vulture. Архивирано од изворникот на September 24, 2021. Посетено на September 24, 2021.
  83. Natalie Neysa Alund (September 11, 2023). „Elon Musk announces third child with Grimes, reveals baby's unique name“. USA Today. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  84. Hurley, Bevan (September 9, 2023). „Elon Musk has secret third child with Grimes, biography reveals“. The Independent. Архивирано од изворникот на October 4, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  85. Strauss, Matthew (October 3, 2023). „Grimes Sues Elon Musk Over Parental Rights“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на October 3, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  86. Miller, Brittany (October 4, 2023). „Grimes reportedly sues Elon Musk for parental rights of their children“. The Independent. Архивирано од изворникот на October 5, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  87. Ushe, Naledi (October 5, 2023). „Grimes, Elon Musk kids' parental rights subject of court petition“. USA Today. Архивирано од изворникот на October 5, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  88. Newsham, Jack; Kay, Grace (October 13, 2023). „Grimes doesn't want Elon Musk to have custody of their son, X. But he does, court doc says“. Business Insider. Архивирано од изворникот на October 13, 2023. Посетено на December 5, 2023.
  89. Heller, Corinne (March 23, 2024). „Grimes Debuts New Romance 2 Years After Elon Musk Breakup“. Eonline. Посетено на March 23, 2024.

Надворешни врски

уреди