Отвори го главното мени

Здравко Чолиќ (српски: Здравко Чолић; р. 30 мај, 1951 во Сараево) — босанскосрпски поп-пејач, популарен ширум цела поранешна Југославија.

Здравко Чолиќ
Здравко Чолиќ во 2007
Биографски податоци
Познат(а) и какоЧола
Роден(а)30 мај 1951
Сараево, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ
ПотеклоСараево, Босна и Херцеговина
Жанровишлагери, рок, поп-рок, диско, поп, поп-фолк
Занимањапејач, текстописец
Период на активност1968–present
ИздавачиБеоград диск, Југотон, ПГП РТБ, Диско тон, Комуна
СоработнициАмбасадори
Корни Група
Мреж. местоzdravkocolic-cola.com

КариераУреди

Уште од мали нозе Чолиќ покажал интерес за музиката е се запишал во школскиот хор, кој изведувал јавно за празници. Неговата прва група била Амбасадори, во која влегол во 1969 и останал две и пол години. Таму го запознава Корнелије Ковач, влијателна личност во музичките кругови, и така започнува неговиот пат кон славата. По неуспешните обиди во групата Корни, Чолиќ настапува на музички фестивал во Сараево, каде освојува трета награда.

Чолиќ бил преставник на Југославија на Евровизија 1973 со песната Гори ватра. Иако на самиот натпревар песната добила ниско место, истата станала голем хит во Југославија. Неговиот прв албум е Ти и ја во 1975. Вториот пак, насловен како Ако приѓеш ближе (1977), се продал во 900,000 примероци, и од него прозлегуваат некои од најпознатите и најомилените песни. Својот врв Чолиќ го достигнува во почетокот на 1980-тите, кога бил можеби најпопуларниот музичар во Југославија.

Во 1984, Чолиќ се сели од родниот град, Сараево во Белград. По војната и долга пауза, тој е враќа на музичката сцена и си ја враќа популарноста до извесно ниво и сѐ уште држи повремени концерти.

Чолиќ има Дипломирано на Економскиот Факултет при Универзитетот во Сараево.[1]

ЛегендаУреди

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на СФРЈ. Со неговите хитови „Пусти, пусти моду“ , „Писаќу јој писма дуга“ , „Мало појачај радио“ и други, ги натера неговите обожаватели да се внесат во тој свет на музиката на Чолиќ. Со неговите концерти низ цела Југославија создаде вртоглавица кај неговите обожавателки. Денес Здравко Чолиќ, по паузата за време на војните во регионов, повторно ја потсетува неговата публика на старите хитови, а создава и нови. Настапува по цела година и насекаде: Србија, БиХ, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора, Австрија, Швајцарија, САД, Канада... Еден од неговите најголеми концерти беше во 2007 на стадионот Маракана во Белград каде собра неколку десетици илјади публика, а концертот го заврши со песната „Пјесмо моја“ и спектакуларен огномет над Белград.

ДискографијаУреди

АлбумиУреди

  • Ти и ја (1975)
  • Ако приѓеш ближе (1977)
  • Због тебе (1980)
  • Мало појачај радио (1981)
  • Шта ми радиш (1983)
  • Ти си ми у крви (1984)
  • Rоди ме мајко сретног (1988)
  • Да ти кажем шта ми је (1990)
  • Кад би моја била (1997)
  • Окано (2000)
  • Чаролија (2003)
  • Завичај (2006)
  • Кад погледаш ме преко рамена (2010)
  • Ватра и барут (2013)

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди