The Go-Go's
The Go-Go's ― поранешна американска женска рок-група основана во Лос Анџелес во 1978 година.[1] Најпознатата постава на групата се состоела од: Шарлот Кафи на главна гитара и клавијатури, Белинда Карлајл како главна пејачка, Џина Шок на тапани, Кети Валентин на бас и Џејн Видлин на ритам-гитара. Тие се сметаат за најуспешна женска рок-група на сите времиња.[2]
The Go-Go's | |
---|---|
The Go-Go's, ок. 1981 | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | gogos.com |
Поранешни членови | |
|
Go-Go's биле прва женска група чии членови сами ги пишувале и ги изведувале песните.[3][4] Нивниот прв студиски албум Beauty and the Beat се смета за еден од „албумите-основоположници на американскиот нов бран“ (според AllMusic), кој го трасирал патот за многу други нови американски изведувачи.
Go-Go's се распаднале во 1985 година и сите членови од групата започнале соло-кариера, а Карлајл била најуспешна со неколку топ-5 синглови до крајот на 1980-тите. Тие неколкупати се составувале во 1990-тите и во 2001 година објавиле нов албум, God Bless the Go-Go's. Во 2011 година добиле ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[5] Иако во 2016 година биле на проштална турнеја, групата повремено била активна и неколку години потоа. Од 2018 до 2019 година, на Бродвеј во театарот Хадсон бил прикажуван мјузиклот Head Over Heels кој ги содржел песните од Go-Go's.[6] Во 2021 година групата била примена во Куќата на славните на жени-текстописци[7] и во Куќата на славните на рокенролот, а набргу потоа групата објавила дека се распушта.[8]
Историја
уредиГрупата била основана во Лос Анџелес во 1978 година под името Misfits.[9] Основачки членови биле Шарлот Кафи, Белинда Карлајл (пејачка), Џејн Видлин (гитара, пратечки вокал), а во почетниот состав на Go-Go's исто така биле Маргот Олаварија на бас и Елиса Бело на тапани.[10] Групата била основана како панк-група.[11]
The Go-Go's потпишале со I.R.S. Records во април 1981 година. Нивниот прв албум, Beauty and the Beat, неочекувано станал хит: шест недели бил на врвот на американската топ-листа во 1982 година и добил двојно платинест сертификат. Во 2003 година, албумот бил ставен на 413 место на списокот од списанието Ролинг Стоун за „500 најдобри албуми на сите времиња“. Во овој период, Go-Go's почнале да стекнуваат база на обожаватели.[12]
Во 1982 година, групата била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач.[13][14]
Следниот албум, Vacation, добил мешани критики и послабо се продавал од Beauty and the Beat. Во 1983 година, Vacation бил номиниран за Греми награда за најдобар омот. Групата заминала на пауза откако Шок била оперирана поради вродена срцева мана.
Во 1984 година, групата се вратила со издавање на албумот Talk Show.
Видлин, во октомври 1984 година, најавила дека ќе си замине од групата. Како нов бас-гитарист била избрана Пола Џин Браун (од Giant Sand), а Валентин се префрлила на ритам-гитара. Сепак Карлајл и Кафи набрзо сфатиле дека повеќе не работат со љубов во групата и во мај 1985 година решиле да ја распуштат Go-Go's.
Групата се составила за хуманитарен концерт во 1990, а во 1994 година објавиле ретроспективен албум под наслов Return to the Valley of The Go-Go's. Во 1997 година, Шок ги тужела другите членови на групата затоа што сметала дека не била соодветно платена за нејзиниот придонес по 1986 година и дека Кафи го прекршила договорот за пишување песни. Спорот бил решен во 1999 година и оттогаш Go-Go's редовно биле на турнеи.
Во 2001 година, групата (во „класичната“ постава) го објавила албумот, God Bless the Go-Go's. Пејачот од Green Day, Били Џо Армстронг, го напишал единствениот објавен сингл, „Unforgiven“. Групата, исто така, објавила ДВД од нивниот концерт во Централ Парк.[15]
Во 2020 година, на Санденс премиерно бил прикажан документарен филм за групата.[16][17] Документарецот го прикажувал основањето, подемот и распаѓањето на групата во 1980-тите, ги прескокнал тужбите и обединувањата во текот на 1990-тите и 2010-тите, а завршил со повторно обединување во 2019 година.[17] На 31 јули 2020 година, Go-Go's ја објавија својата прва нова песна по 19 години, „Club Zero“, која е вметната во документарецот.[18]
На 30 октомври 2021 година, долгогодишната обожавателка Дру Баримор ја внела групата во Куќата на славните на рокенролот.[19]
Во 2023 година, Белинда Карлајл изјавила дека групата се распаднала.[8]
Групата повторно се обединила во Сакраменто на 7 февруари 2024 година, за да биде примена во Калифорниската куќа на славните.[20]
Членови
уредиКонечен состав
уреди- Белинда Карлајл – главна пејачка, удирачки инструменти (1978–1985, 1990, 1994, 1999–2022)
- Џејн Видлин – ритам-гитара, придружен вокал (1978–1985, 1990, 1994, 1999–2022), главна гитара (1978)
- Шарлот Кафи – главна гитара, клавијатури, придружни вокали (1978–1985, 1990, 1994, 1999–2022)
- Џина Шок – тапани (1979–1985, 1990, 1994, 1999–2022), придружни вокали (1982–1985, 1990, 1994, 1999–2022)
- Кети Валентин – бас, придружен вокал (1980–1985, 1990, 1994, 1999–2012, 2018–2022), ритам-гитара (1985)
Поранешни членови
уреди- Маргот Олаварија – бас (1978–1980)
- Елиса Бело – тапани (1978–1979)
- Пола Жан Браун – бас (1985)
- Аби Тревис (само за турнеја) – бас, придружни вокали (2012–2018)
- Клем Бурк (само за турнеја) – тапани (2021)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
- Beauty and the Beat (1981)
- Vacation (1982)
- Talk Show (1984)
- God Bless the Go-Go's (2001)
Книги
уреди- The Go-Go's: A YinPop Guide од С. Вајт (2016). Fly-By-Night Books. .
Наводи
уреди- ↑ Buckley, Peter; Browton, Ben; Furmanovsky, Jill; Gillett, Charlie (November 2003). The Rough Guide Rock: The Definitive Guide to More than 1200 Artists and Bands. Rough Guides. стр. 430. ISBN 978-1-84353-105-0.
- ↑ „The Go-Go's | Rock & Roll Hall of Fame“. Архивирано од изворникот на March 3, 2021.
- ↑ [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] „The Go-Go's Music News & Info“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Billboard. Посетено на June 20, 2010. - ↑ Caulfield, Keith (March 6, 2022). „Chart Rewind: In 1982, The Go-Go's Got the 'Beat' to a Historic No. 1“. Billboard. Посетено на August 10, 2023.
- ↑ „The Go-Go's“. Los Angeles Times. Посетено на June 18, 2021.
- ↑ „Go-Go's Musical Head Over Heels Eyes Summer Broadway Bow at the Hudson Theatre“. Playbill.com. Архивирано од изворникот на January 12, 2018. Посетено на April 28, 2018.
- ↑ Diop, Arimeta (June 29, 2021). „The Women Songwriters Hall of Fame Has Honored Its First Class of Inductees“. Vanity Fair.
- ↑ 8,0 8,1 Scougall, Murray (Feb 6, 2023). „Belinda Carlisle interview: Resurgent singer on how she got her mojo back“. sundaypost.com.
- ↑ „Belinda Carlisle“. MTV. Архивирано од изворникот на February 2, 2017. Посетено на January 26, 2017.
- ↑ White, S. (2016). The Go-Go's: A YinPop Guide. Fly-By-Night Books, ISBN 978-0-9905386-4-6
- ↑ Hudak, Joseph. (June 22, 2012) The Go-Go's Biography Архивирано на 21 септември 2017 г.. Rolling Stone. Retrieved 2015-09-14.
- ↑ Belinda Carlisle - Voila Архивирано на 20 октомври 2008 г.
- ↑ White, S. (2016). The Go-Go's: A YinPop Guide. Fly-By-Night Books, p. 21, ISBN 978-0-9905386-4-6
- ↑ „Rock On The Net: 24th Annual Grammy Awards - 1982“. Rockonthenet.com.
- ↑ „The Go-Go's: Live in Central Park (2001)“. www.dvdmg.com. Посетено на 2021-11-28.
- ↑ „The Go-Go's“. sundance.org. The Sundance Institute. Архивирано од изворникот на 2021-10-22. Посетено на August 29, 2020.
- ↑ 17,0 17,1 Празен навод (help)
- ↑ Kreps, Daniel (July 31, 2020). „The Go-Go's Drop First New Song in 19 Years, 'Club Zero'“. Rollingstone.com.
- ↑ Bloom, Madison (January 8, 2022). „Watch the Go-Go's Perform at Rock Hall 2021 Induction Ceremony“. msn.com. Архивирано од изворникот на January 8, 2022.
The Go-Go's were inducted into the Rock & Roll Hall of Fame this weekend. The band accepted the honor from Drew Barrymore at tonight's ceremony.
- ↑ https://californiamuseum.org/california-hall-of-fame/17th-annual/
Надворешни врски
уреди- The Go-Go's — AllMusic (англиски)
- The Go-Go's на Семрежната филмска база на податоци (англиски)