Граден кош е дел од човековиот огранизам кој се наоѓа во горниот дел на трупот. Претставува една затворена целина. Неговиот горен дел е отворен преку apertura thoracis superior, од страна се ребрата и мускулите меѓу нив, а одоздола е дијафрагмата.

Граден кош
Човечкиот граден кош.
Податоци
Назнаки
Латинскиcavea thoracis
TAA02.3.04.001
FMAFMA:7480

Горната граница на градниот кош ја градат incisura jugularis (manubrium sterni), art. sternocalvicularis, clavicula, art. acromioclavicularis, processus spinosus vertebra cervicalis VII. Латералната граница ја сочинува sulcus deltoideopectoralis, а долната граница ја гради apertura thoracis inferior (angulus ingrasternalis, vertebra thoracica XII).

Границите на градниот кош се разликуваат од границите на градната празнина (cavitas thoracis). Горната граница на градната празнина ја градат sternum, costa prima и vertebra thoracica prima. Градниот кош не лежи во хоризонтална рамнина, туку е наведнат под агол од 30 степени, во однос на хоризонталната рамнина (ако повлечеме рамнина која оди низ врвот на градната коска, ќе минува низ телото на 3 торакален прешлен). Долната граница на градниот кош ја гради дијафрагмата.

Топографски ориентациони линии

уреди

На градниот кош за полесна ориентација постојат топографски ориентациони линии.

  • на предната страна на градниот кош се:
    • linea mediana anterior
    • lenea sternalis
    • linea medioclavicularis
    • linea parasternalis
    • linea mamillaris
  • на бочните ѕидови
    • linea axillaris anterior
    • linea axillaris
    • linea axillaris posterior
  • на задната страна
    • linea mediana posterior
    • linea scapularis
    • linea paravertebralis

Топографски региони

уреди

Освен топографски линии имаме и топографски региони. Нив ги делиме на две групи, топографски региони на предната страна (regiones pectorales) и топографски предели на задната страна на градниот кош (regiones dorsales).

Regiones pectorales се:

  • regio presternalis
  • fossa infraclavicularis
  • trigonum clavicopectorale
  • regio pectoralis (regio mammaria et regio inframammaria)

Regiones dorsales ce :

  • regio scapularis
  • regio infrascapularis
  • regio vertebralis

Ѕидови на градниот кош

уреди

Ѕидовите на градниот кош имаат 3 слоја. Во првиот слој се кожата, подкожното масно ткиво и површинските мускули. Во вториот слој се коските, зглобовите, мускулите помеѓу нив, крвните садови и нерви. Во третиот слој се fascia endothoracica et pleura parietalis.

Зглобови

уреди

Зглобови на градниот кош се зглобови помеѓу ‘рбетот и ребрата и градната коска.

Зглобови помеѓу прешлените се:

  • artt. intervertebrales (discus intervertebralis, lig. longitudinale anterius et lig. longitudinale posterius)
  • artt. zygaphysiales
  • ligg. flava
  • ligg. intertransversalia, ligg. supraspinalia, ligg. inerspinalia

Зглобови помеѓу рбетот и ребрата се:

  • art. capitis costae
  • art. costotransversalia

Зглобови помеѓу градната коска и ребрата се:

  • artt. costochondrales
  • artt. interchondrales

Мускули

уреди

Мускули кои го градат градниот кош се мускули во меѓуребрените простори и попречниот граден мускул.

Меѓуребрените простори се простори помеѓу две ребра така што добиваат име по горното ребро кое го гради просторот. Така нпр. просторот помеѓу 3 и 4 ребро е 3 меѓуребрен простор. Во долниот дел на меѓу ребрениот простор е sulcus costae низ кој минуваат v.a. et n. intercostalis. M. intercostalis externus ги исполува првите 2/3 од меѓуребрениот простор започнувајќи одзади. Предната 1/3 ја исполнува membrana intercostalis externa. M. intercostalis internus ги исполува првите 2/3 од меѓуребрениот простор започнувајќи однапред. Задната 1/3 ја исполнува membrana intercostalis interna. Во делот на angulus costae овој мускул се дели на два дела така што неговиот надворешен дел се именува m. intercostalis intimus. Овие мускули во задниот дел на ребрата се спојуваат меѓу себе и градат помали мускули кои ја градат групата мускули на грбот.