Желогоже

село во Костурско, Егејска Македонија

Желогоже или Желегоже (грчки: Πεντάβρυσο, Пендаврисо, до 1928 г. Ζελιγκόσδη, Зелигосди)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Желогоже
Πεντάβρυσο
Желогоже is located in Грција
Желогоже
Желогоже
Местоположба во областа
Желогоже во рамките на Костур (општина)
Желогоже
Местоположба на Желогоже во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°27′N 21°8′E / 40.450° СГШ; 21.133° ИГД / 40.450; 21.133
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Надм. вис.&10000000000000780000000780 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно599
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 17 километри југозападно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Корешта во Костурската котлина во близина на десниот брег на реката Бистрица. Селото се наоѓа на надморска височина од 780 метри.

Историја уреди

Во 1999 година во селото бил откриен надгробен релјеф на жена од 4 век п.н.е. Ова откритие се смета за едно од најдобрите кои биле откриени на територијата на Егејска Македонија[3].

Во XV век во Желогоже биле евидентирани 95 глави на домаќинства[4]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век селото е споменато со 41 глави на семејства и четворица неженети: Добри, Атанас, Михо, Дорин, Славе, Манко, Никола, Мано, Стајо, Јорг, Никола, Којос, Дабижив, Јорг, Мано, Алекса, Тодор, Димитри, Стајка, Петро, Михо, Михал, Продан, Николас, Димо, Димо, Јорг, Јано, Стајо, Радослав, Герг, Гордан, Бесран, Црвенко, Димо, Дојчин, Димо, Михо, Дијак, Коста и Папа Тодор. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.350 акчиња[5].

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Желогоже имало 550 македонски муслимани и 330 жители Македонци[6][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 152 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 160 македонски патријаршисти и 18 Власи, додека работеле две училишта, грчко и бугарско[6][8].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Желегоже се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 217 куќи.[9] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“.

Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 500 Грци и 1000 Турци[10]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски и 200 турски куќи[11], а според Георги Христов и 2 влашки куќи.[12]

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[13]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 718 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 705 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Пендаврисо.[14]. Според едни извори, нивниот број изнесувал 378 во 1928 година[10], додека според други 105 семејства со 358 лица[15] .

Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[16], по кое било предадено на бугарските сили. На 28 април 1943 година селото било нападнато од силите на ЕЛАС. Во овој напад селото било опожарено, а жителите биле принудени да побегнат кон Костур. Во следниот период селото исто така било нападнато од страна на грчки бегалци и италијанските сили[16].

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. Жителите на селото застанале на страната на ДАГ. 35 деца од селото биле протерани како деца бегалци[17]

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 597 жители.[15], додека во 1940 година селото броело 888 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 645 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 616 жители, во 1971 година имало 550 жители, во 1981 година имало 632 жители, додека во 1991 година имало 759 жители[18]. Денеска, населението на селото е 662 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 888 645 616 550 632 759 662 599
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности уреди

Роденио во Желогоже

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Πεντάβρυσο
  3. „Οδοιπορικό στην Καστοριά“. Архивирано од изворникот на 2007-08-08. Посетено на 2016-03-16.
  4. Гандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989.
  5. Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 99.
  6. 6,0 6,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 182-183.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  10. 10,0 10,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Pentavriso“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-16.
  11. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  12. Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 198.
  13. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја.
  14. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  15. 15,0 15,1 „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  16. 16,0 16,1 Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
  17. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-16.
  18. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-16.
  19. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 269.