Христо Галабов
Христо Галабов некаде се сретнува и како Христо Галбов (грчки: Хρεστος Γκαλμπος) ( 1898 во Желегоже, Костурско, Егејска Македонија — 30 ноември 1963) — македонски револуционер, член на ВМРО (Обединета), активист на македонското националноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија.[1][2]
Христо Галабов | ||
Роден | 1898 година Желегоже, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 30 ноември 1963 година | |
Националност | Македонец | |
Познат | Член на КПГ
Член на ВМРО (Обединета) |
Животопис
уредиВо 1925 година станал член на синдикатите, а набрзо и синдикален раководител. Член на КПГ станал во 1919 година. Од 1934 година станал член и заменик секретар на ВМРО (Обединета) во Егејскиот дел на Македонија.[3][4] Поради својата револуционерона дејност, многупати бил затворан и интерниран. Во грчките затвори лежел повеќе од дваесет години.[1][2]
По доаѓањето на власт на диктатурата Метаксас во август 1936 година. Новиот режим ги прогласил КПГ и ВМРО (Обединета) за нелегални и ги вовела големите масовни апсења, гонења и интернирања кон нивните членови. Меѓу погодените од ова беа Андреа Чипов, Лазо Трповски, Христо Галабов, Трифун Хаџијанев, Алеко Тенекеџиев, Фоти Урумов и Коста Думов. Така нагло згаснало и постоењето на ВМРО (Обединета) во грчка окупирана Македонија.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Киселиновски и др., д-р Стојан (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 123. ISBN 9989-624-46-1.
- ↑ 2,0 2,1 Литовски, Александар, Јубилеен календар за егејскиот дел на македонија во 2008, Организација на македонците-потомци од Егејскиот дял на Македонија - Битола, стр. 7 (pdf)
- ↑ Стефов, Ристо (2018). Егејскиот дел на Македонија (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. стр. 91.
- ↑ Катарџиев, Иван (2000). Историја на македонскиот народ: Македонија међу Балканските и Втората светска војна (1912-1941). Том четврти. Institut za nacionalna istorija. ISBN 978-9989-624-52-0.
- ↑ Стефов, Ристо (2023). Македонската борба за независност (PDF). Торонто, Канада: Risto Stefov Publications. стр. 403–404.