Даниел Амарти (роден на 21 декември 1994 година, во Акра) — гански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Бешикташ и на репрезентацијата на Гана.

Даниел Амарти
Лични податоци
Роден на 21 декември 1994(1994-12-21)(30 г.)
Роден во Акра, Гана
Држава Гана Гана
Висина &100000000000001910000001,91 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Бешикташ Бешикташ
Број 12
Младинска кариера
2010–2012 Интернешнл Алајс
2012–2013 Јургорден Јургорден
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2013-2014 Јургорден Јургорден 34 (0)
2014-2016 Копенхаген Копенхаген 44 (3)
2016-2023 Лестер Сити Лестер Сити 106 (2)
2023- Бешикташ Бешикташ 18 (2)
Репрезентација
2012-2014 Гана Гана 20 2 (0)
2015- Гана Гана 53 (0)
* Ажурирано на: 20 јуни 2014
** Ажурирано на: 1 септември 2014

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Јургорден

уреди

Амарти започнал да игра фудбал во тогашниот второлигашки клуб во Гана, Интернешнл Алајс, каде што бил забележан како шеснаесетгодишник од Магнус Персон кој бил на извидничко патување во Африка за време на неговата подготовка да ја преземе функцијата менаџер на Јургорден. Кога Персон станал тренер, тој ги обезбедил правата за трансфер на Амарти на денот кога тој ќе наполни 18 години.[1] За да помогне во подготовката на Амарти за неговото идно трајно преселување во Шведска во 2013 година, клубот го донел на пократки временски периоди и во 2011 и во 2012 година, каде што можел да игра за тимот под 21 година.[2][3]

Амарти го направил своето деби во Купот на Шведска на 3 март 2013 година против Умео.[4] Потоа го направил своето деби во лигата на воведниот натпревар од Алсвенскан 2013 на гостувањето кај Хелсинборг на 31 март.[5] Амарти бил пофален од медиумите за неговиот силен почеток на сезоната 2013, и странските клубови како Шалке 04 и Кајзерслаутерн почнале да го скаутираат.[6][7] На 26 мај, тој го постигнал својот прв гол за клубот кога со глава го израмнил резултатот на 1-1 во финалето на Купот на Шведска кое Јургорден на крајот го загубиле од ИФК Гетеборг на пенали.[8] По неговата прва сезона во шведската лига, иако само осумнаесетгодишник, Амарти бил рангиран како 10-ти најдобар играч во лигата според весникот Expressen и 18-ти најдобар според Aftonbladet.[9][10] Во ноември 2013 година, Амарти потврдил дека е во преговори со Ливерпул за евентуална преселба во англискиот клуб.[11]

Копенхаген

уреди

Во јули 2014 година, Амарти се преселил во ФК Копенхаген за надомест од 2,5 милиони евра плус бонуси. Своето деби во Суперлигата со данскиот клуб го имал на 20 јули во натпревар против Силкеборг.[12] Во првата сезона со данскиот клуб го освоил Купот на Данска.

Лестер Сити

уреди

На 22 јануари 2016 година, Амарти се приклучил на Лестер Сити во трансфер вреден 6 милиони фунти, потпишувајќи договор на четири и пол години со клубот од Премиер лигата.[13] Во неговата прва полусезона во Англија, Амарти настапил само пет пати за Лестер Сити во Премиер лигата во сезоната 2015-2016 во која лисиците шокирачки за целиот свет ја освоиле титулата. Своето деби за Лестер го имал на 27 февруари 2016 година, во победата со 1–0 над Норич Сити.[14]

Во сезоната 2016–2017, Амарти станал редовен стартер во првиот тим по заминувањето на Н'Голо Канте[15] како партнер на Дани Дринквотер на средината од теренот.[16] Иако неговиот работен ритам приближно го изедначува со оној на Канте, сепак тој не можел на клубот да му ги понуди неговите навремени стартови и пресечени топки.[17] На 14 септември 2016, го направил своето деби во Лигата на шампионите за Лестер во победата со 3–0 на гостински терен над Клуб Бриж во групната фаза.[18] Амарти го постигнал својот прв гол за Лестер на 17 декември 2016 година, израмнувајќи го резултатот на 2-2 во 88-мата минута на гостувањето кај Стоук Сити.[19]

 
Амарти играјќи за Лестер Сити во 2021

Во следните сезони, Амарти се борел со разни повреди кои му пречеле да игра во континуитет забележувајќи многу малку настапи во сезоните 2017-2018 и 2018-2019,[20][21] додека сезоната 2019-2020 ја пропуштил целосно без да одигра ниту еден натпревар поради повредата на глуждот.

Во сезоната 2020-2021, со два настапи придонел за освојувањето на ФА Купот, каде во финалето Лестер Сити го победил Челси со 1-0; Амарти останал неискористена замена во тој натпревар. На почетокот на сезоната 2021-2022, Амарти го одиграл целиот натпревар на позицијата централен дефанзивец во победата со 1-0 над Манчестер Сити во ФА Комјунити Шилд.[22]

На 5 јуни 2023 година, по испаѓањето на клубот од Премиер лигата, било објавено дека Амарти и уште шест првотимци ќе го напуштат клубот по истекот на нивните договори на крајот на месецот.[23]

Бешикташ

уреди

На 21 јули 2023, Амарти потшишал за турскиот Бешикташ.[24]

Репрезентативна кариера

уреди

Во мај 2012 година, Амарти го направил своето деби за репрезентацијата на Гана под 20 години во натпревар против Нигерија. Тој исто така бил избран да игра на Светското првенство за играчи под 20 години 2013, но Јургорден сакал да го задржи во Шведска, бидејќи турнирот се поклопил со сезоната Алсвенскан 2013.[25] Во јануари 2015, Амарти ги одиграл сите натпревари во групата за Гана на Африканскиот куп на нации, каде црните ѕвезди завршиле како вицешампиони.

Тој одиграл шест натпревари на Африканскиот куп на нации 2017, помагајќи и на Гана да заврши на четвртото место на турнирот.[26] Неговите добри настапи довеле до тоа да биде избран во КАФ тимот на турнирот.[26]

Откако поради повреда го пропуштил Африканскиот куп на нации 2019, своето трето учество на најсилниот континентален турнир во Африка, Амарти го имал во Камерун во 2021 година. Сепак, на тој турнир Гана била едно од разочарувањата и си заминале дома уште после групната фаза со само еден освоен бод, а Амарти настапил и во трите натпревари на својата репрезентација.

Во ноември 2022, Амарти бил повикан во репрезентацијата за Светското првенство 2022.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Гана
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
19-1-2015 Монгомо Гана   1 – 2   Сенегал АФКОН 2015 - Прва фаза -
23-1-2015 Монгомо Гана   1 – 0   Алжир АФКОН 2015 - Прва фаза -
27-1-2015 Монгомо Јужна Африка   1 – 2   Гана АФКОН 2015 - Прва фаза -   54'
28-3-2015 Ле Авр Гана   1 – 2   Сенегал Пријателска -   35'
31-3-2015 Париз Гана   1 – 1   Мали Пријателска -
14-6-2015 Кумаси Гана   7 – 1   Маврициус Квал. за АФКОН 2017 -   85'
5-9-2015 Кигали Руанда   0 – 1   Гана Квал. за АФКОН 2017 -
17-11-2015 Кумаси Гана   2 – 0   Комори Квал. за АФКОН 2018 -   64'
24-3-2016 Акра Гана   3 – 1   Мозамбик Квал. за АФКОН 2017 -   75'
3-9-2016 Акра Гана   1 – 1   Руанда Квал. за АФКОН 2017 -
7-10-2016 Тамале Гана   0 – 0   Уганда Квал. за СП 2018 -
11-10-2016 Дурбан Јужна Африка   1 – 1   Гана Квал. за СП 2018 -
13-11-2016 Борг Ел Араб Египет   2 – 0   Гана Квал. за СП 2018 -
17-1-2017 Порт Жантил Гана   1 – 0   Уганда АФКОН 2017 - Прва фаза -
21-1-2017 Порт Жантил Гана   1 – 0   Мали АФКОН 2017 - Прва фаза -
25-1-2017 Порт Жантил Египет   1 – 0   Гана АФКОН 2017 - Прва фаза -
29-1-2017 Ојем ДР Конго   1 – 2   Гана АФКОН 2017 - Четвртфинале -   74'
2-2-2017 Франсевил Камерун   2 – 0   Гана АФКОН 2017 - Полуфинале -
4-2-2017 Порт Жантил Буркина Фасо   1 – 0   Гана АФКОН 2017 - за 3. место -
11-6-2017 Кумаси Гана   5 – 0   Етиопија Квал. за АФКОН 2019 -
1-9-2017 Бразавил Конго   1 – 5   Гана Квал. за СП 2018 -
5-9-2017 Кумаси Гана   1 – 1   Конго Квал. за СП 2018 -
7-10-2017 Кумаси Уганда   0 – 0   Гана Квал. за СП 2018 -     6'
10-10-2017 Џеда Саудиска Арабија   0 – 3   Гана Пријателска -
12-11-2017 Кумаси Гана   1 – 1   Египет Квал. за СП 2018 -
8-9-2018 Кејп Коуст Гана   2 – 0   Судан Квал. за АФКОН 2021 -  
8-6-2021 Рабат Мароко   1 – 0   Гана Пријателска -
12-6-2021 Кејп Коуст Гана   0 – 0   Брег на Слоновата Коска Пријателска -
3-9-2021 Кејп Коуст Гана   1 – 0   Етиопија Квал. за СП 2022 -
9-10-2021 Кејп Коуст Гана   3 – 1   Зимбабве Квал. за СП 2022 -
12-10-2021 Хараре Зимбабве   0 – 1   Гана Квал. за СП 2022 -
11-11-2021 Јоханесбург Етиопија   1 – 1   Гана Квал. за СП 2022 -
14-11-2021 Кејп Коуст Гана   1 – 0   Јужна Африка Квал. за СП 2022 -
5-1-2022 Ал Рајан Алжир   3 – 0   Гана Пријателска -
10-1-2022 Јаунде Мароко   1 – 0   Гана АФКОН 2021 - Прва фаза -
14-1-2022 Јаунде Габон   1 – 1   Гана АФКОН 2021 - Прва фаза -
18-1-2022 Гаруа Гана   2 – 3   Комори АФКОН 2021 - Прва фаза -
25-3-2022 Кумаси Гана   0 – 0   Нигерија Квал. за СП 2022 -
29-3-2022 Абуџа Нигерија   1 – 1   Гана Квал. за СП 2022 -   25'
1-6-2022 Кејп Коуст Гана   3 – 0   Мадагаскар Квал. за АФКОН 2023 -   90+1'
5-6-2022 Луанда Централноафриканска Реп.   1 – 1   Гана Квал. за АФКОН 2023 -
10-6-2022 Кобе Јапонија   4 – 1   Гана Кирин Куп -
14-6-2022 Суита Чиле   0 – 0
(1– 3 пен.)
  Гана Кирин Куп -
23-9-2022 Ле Авр Бразил   3 – 0   Гана Пријателска -
27-9-2022 Лорка Никарагва   0 – 1   Гана Пријателска -
17-11-2022 Абу Даби Гана   2 – 0   Швајцарија Пријателска -
24-11-2022 Доха Португалија   3 – 2   Гана СП 2022 - Прва фаза -
28-11-2022 Ал Рајан Јужна Кореја   2 – 3   Гана СП 2022 - Прва фаза -   21'
2-12-2022 Ал Вакра Гана   0 – 2   Уругвај СП 2022 - Прва фаза -
Вкупно Настапи 49 Голови 0

Клупска статистика

уреди
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012   Јургорден А 23 0 КШ 6 1 - - - - - - 29 1
2013 А 11 0 КШ 1 0 - - - - - - 12 0
Вкупно Јургорден 34 0 7 1 - - - - 41 1
2014-2015   Копенхаген СЛ 29 3 КД 5 0 ЛШ+ЛЕ 3[27]+6 1[27]+2 - - - 43 6
2015-јан. 2016 СЛ 15 0 КД 2 0 ЛЕ 3[27] 0 - - - 20 0
Вкупно Копенхаген 44 3 7 0 12 3 - - 63 6
јан.-јун. 2016   Лестер Сити ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 5 0
2016-2017 ПЛ 24 1 ФАКуп+ЛК 2+1 0 ЛШ 8 0 КШ 0 0 35 1
2017-2018 ПЛ 8 0 ФАКуп+ЛК 2+4 0 - - - - - - 14 0
2018-2019 ПЛ 9 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 10 0
2019-2020 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
2021-2022 ПЛ 28 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0+0 ЛЕ+ЛК 4+5 1+0 КШ 1 0 40 1
2022-2023 ПЛ 20 0 ФАКуп+ЛК 2+2 0+0 - - - - - - 24 0
Вкупно Лестер Сити 106 2 19 0 19 1 1 0 145 3
Вкупно во кариерата 184 5 33 1 31 4 1 0 249 10

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Копенхаген

уреди
2015-2016
2014-2015, 2015, 2016

  Лестер Сити

уреди
2015-2016
2020-2021
2021

Индивидуални

уреди

Наводи

уреди
  1. „MP om de nya ghananerna“ (шведски). Djurgårdens IF. 26 August 2011. Архивирано од изворникот на 10 September 2011. Посетено на 1 April 2013.
  2. „Afrikanska löften på Kaknäs“ (шведски). Djurgårdens IF. 27 August 2011. Архивирано од изворникот на 29 January 2013. Посетено на 1 April 2013.
  3. „Daniel Amartey ansluter i augusti“ (шведски). Djurgårdens IF. 11 July 2012. Архивирано од изворникот на 27 January 2013. Посетено на 1 April 2013.
  4. „Ertons hattrick sänkte Umeå“ (шведски). Djurgårdens IF. 3 March 2013. Архивирано од изворникот на 8 March 2013. Посетено на 12 March 2013.
  5. „Allsvenskan, herrar Matchinformation: Helsingborgs IF – Djurgården“ (шведски). SvFF. 31 March 2013. Посетено на 1 April 2013.
  6. „Månsson: Nu har det vänt för Djurgården“. Aftonbladet (шведски). 30 May 2013. Посетено на 26 June 2013.
  7. „Han jagas av storklubbar“. Aftonbladet (шведски). 25 June 2013. Посетено на 26 June 2013.
  8. „IFK Göteborg cupmästare efter straffar“ (шведски). Swedish Football Association. 26 May 2013. Архивирано од изворникот на 2 February 2014. Посетено на 28 January 2014.
  9. „Här är allsvenskans 50 bästa spelare – år 2013“. Expressen (шведски). 6 November 2013. Посетено на 28 January 2014.
  10. „Allsvenskans 50 bästa spelare“. Aftonbladet (шведски). 26 October 2013. Посетено на 28 January 2014.
  11. „Djurgarden star Daniel Amartey confirms transfer talks with Liverpool“. Metro. 2 November 2013. Посетено на 28 January 2014.
  12. „Silkeborg IF vs. FC Copenhagen - Football Match Summary - July 20, 2014“. ESPN. Архивирано од изворникот на 20 February 2019. Посетено на 19 February 2019.
  13. „Leicester City Sign Ghana Star Daniel Amartey“. Leicester City F.C. 22 January 2016.
  14. „Leicester City 1–0 Norwich City“. BBC Sport. 27 February 2016.
  15. „Leicester City's Daniel Amartey filling the Kante void will take time“. Leicester Mercury. 29 September 2016. Архивирано од изворникот на 30 September 2016. Посетено на 5 January 2017.
  16. „Amartey learning from Drinkwater at Leicester“. 17 September 2016. Архивирано од изворникот на 2022-11-29. Посетено на 2022-11-29.
  17. „Leicester City: What has changed at the Premier League champions?“. BBC Sport. 9 February 2017. Посетено на 12 February 2017.
  18. Jennings, Patrick (14 September 2016). „Club Brugge 0-3 Leicester City“. BBC Sport. Посетено на 27 February 2021.
  19. „Stoke City 2–2 Leicester City“. BBC Sport. 17 December 2016.
  20. „Leicester manager Puel concerned about injured Amartey“. Reuters. 27 October 2018. Архивирано од изворникот 30 April 2019. Посетено на 30 April 2019.
  21. „Daniel Amartey making 'promising recovery' from horror injury“. 17 April 2019.
  22. Hafez, Shamoon (7 August 2021). „Leicester City 1–0 Manchester City“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 21 October 2021. Посетено на 7 August 2021.
  23. „Seven Players To Depart LCFC“. Leicester City Football Club. 5 June 2023. Посетено на 24 June 2023.
  24. „Black Eagles strengthen defence with Daniel Amartey“. bjk.com.tr (англиски). 21 July 2023. Посетено на 23 July 2023.
  25. „Talangen kunde spelat VM – stoppades av Dif“. Expressen (шведски). 25 June 2013. Посетено на 26 June 2013.
  26. 26,0 26,1 MJClayton (6 February 2017). „Leicester City's Amartey in AFCON team of tournament – at centre-half“. Leicester Mercury. Посетено на 9 February 2017.[мртва врска]
  27. 27,0 27,1 27,2 Во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди