Цветко Савев Терзиски ( 1918 во Глуво, Скопско1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Цветко Терзиски
Роден 1918 година
Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал април, 1945 година
Банова Јаруга, Хрватска
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Поради слабата материјална состојба барал работа во градот, но не успеал да најде.[1] Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во многу борби против балистите кај Чучерски Рид и Горни Зебел. По ослободувањето на Скопје заминал на Косово и ја продолжил борбата за разоружување на балистичките единици. Во април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Во борбата за ослободување на Банова Japyгa, тој храбро загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 143–144. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 49. ISBN 9989-35-022-1.