Никола Кукуновски
Никола Ивков Кукуновски ( во Глуво, Скопје ― 12 април 1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Никола Кукуновски | ||
Роден | непознато Глуво, Скопје | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Товарник, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиИзраснат е во сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада која водела огорчени борби против балистичките банди и силни германски моторизирани единици, што се повлекувале од Грција на север низ Качаничката Клисура. Учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје, а потоа ја продолжил борбата на Косово, против заостанатите балистички групи.[1] По успешно извршените задачи со Бригадата заминал за Срем. Бил учесник во големиот пробив на германските позиции на 12 април 1945 година кај Шид - Товарник. Во тие борби тој и загинал. Бил закопан кај Товарник на борбената позиција.[1][2]