Втора фудбалска лига на Македонија 2006/2007

Втората фудбалска лига на Македонија 2006/2007 - 15. издание на Втората фудбалска лига на Македонија. Сезоната започнала на 5 август 2006 и завршила на 26 мај 2007.[1] Во оваа сезона првак бил Милано.

Втора македонска фудбалска лига
Сезона2006/2007
ПрвациМилано

Екипи

уреди
Екипа Град / Село Стадион Капацитет
Беласица Струмица Стадион Младост 6.370
Вардар Декамел Неготино Градски стадион Неготино 500
Илинден Велмеј Стадион Велмеј
Караорман Струга Стадион Градска Плажа 500
Маџари Солидарност Скопје Стадион Борис Трајковски 3.000
Металург Скопје Стадион Железарница 3.000
Милано Куманово Милано Арена 1.000
Скопје Скопје Стадион Железарница 3.000
Слога Југомагнат Скопје Стадион Чаир 6.000
Тетекс Тетово Градски стадион Тетово 15.000
Турново Турново Стадион Кукуш 1.500
Цементарница 55 Скопје Стадион Цементарница 2.000

Табела

уреди
Мес Екипа Одиг. П Н З Г.Д. Г.П. Г.Р. Бод. Напредување или испаѓање
1 Милано (C, P) 33 21 6 6 74 31 +43 69 Пласман во Првата фудбалска лига на Македонија
2 Цементарница 55 (P) 33 16 11 6 53 24 +29 59
3 Тетекс 33 16 6 11 48 32 +16 54 Пласман во баражот за унапредување
4 Скопје 33 13 10 10 32 21 +11 49
5 Турново 33 12 9 12 36 41 −5 45
6 Слога Југомагнат 33 12 7 14 48 46 +2 43
7 Металург 33 10 13 10 38 37 +1 43
8 Маџари Солидарност 33 10 12 11 35 33 +2 42
9 Беласица 33 11 7 15 36 59 −23 40
10 Караорман 33 12 3 18 37 50 −13 39 Пласман во баражот за опстанок
11 Вардар Декамел 33 9 6 18 26 56 −30 33 Отпаѓање во Третата фудбалска лига на Македонија
12 Илинден 33 5 12 16 30 63 −33 21
Source: MacedonianFootball.com, RSSSF.com
Правила за класификација: За обичен пласман: 1) Бодови; 2) Гол разлика; 3) Постигнати голови; 4) Бодови од меѓусебните двобои; 5) Гол разлика од меѓусебните двобои; 6) Постигнати голови од меѓусебните двобои; 7) Влечење ливче. За одлучување место за унапредување, отпаѓање, бараж: 1) Бодови; 2) Бодови од меѓусебните двобои; 3) Гол разлика од меѓусебните двобои; 4) Гол во гости од меѓусебните двобои; 5) Бараж.
(C) Првак; (P) Унапреден


Бараж за унапредување

уреди
6 јуни 2007
Силекс 2 – 1 Скопје Стадион Тумбе Кафе, Битола
Натков   55'
Павловиќ   60'
Марковски   90'

24 јуни 2007
Шкендија 3 – 0 (служ.) Тетекс Градски стадион, Тетово

Според правилата, бараж средбите се играле на неутрален терен, а средбата требала да се одигра Градскиот стадион Тетово, по што играчите на Тетекс не се појавиле на теренот.

Бараж за опстанок

уреди

Алумина 0 – 3 (служ.) (1 - 2) Охрид 2004 Градски стадион, Кичево


Миравци 3 – 0 (служ.) Нов Милениум Скопје


Дрита 3 – 0 (служ.) Караорман Скопје


Локомотива 2 – 0 Кораби Стадион Младост, Струмица

Средбата меѓу Алумина и Охрид 2004 била прекината, при резултат 1:2 за Охрид 2004, бидејќи играчите на Алумина го напуштиле теренот. Средбата Миравци-Нов Милениум не се одиграла, бидејќи екипата на Нов Милениум не се појавила на теренот. Средбата Дрита-Караорман исто така не се одиграла од истите причини.

По ова ФФМ одлучила да нема испаѓање од лигата, а победниците од 5-те трети лиги без бараж да влезат во Втората лига. Но бидејќи така во лигата би имала 17 клуба, ФФМ одлучила на второпласираните екипи од Северен регион, Локомотива и Југозападен Регион, Кораби, да играат бараж средба, а победникот да влезе во Втората лига.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Macedonia 2006/07“. RSSSF.com. Посетено на 27 јануари 2019.

Надворешни врски

уреди