ФК Скопје
ФК Скопје е македонски фудбалски тим од Автокоманда кој моментално игра во Втората македонска лига - Запад. Клубот игра на Стадионот Железарница.
ФК Скопје | |||
Целосно име | Фудбалски клуб Скопје | ||
Основан | 1960 | ||
---|---|---|---|
Распаднат | |||
Стадион | Стадион Железарница | ||
Капацитет | 1,200 | ||
Претседател | Томе Треневски | ||
Тренер | Љупчо Марковски | ||
Лига | Втора македонска лига - Запад | ||
2019/20 (недовршена) |
Втора лига - Запад, 2. од 10 места | ||
|
ИсторијаУреди
ФК Скопје бил оформен во 1960 година, со фузија на двата скопски клуба, попознатиот ФК Металец и ФК Индустријалец. Со тоа настанува ФК МИК (Металска Индустрија Кале), кој подоцна се преименувал во ФК Скопје. Како ФК МИК две сезони настапувал во Втората југословенска лига - Исток (во која играле клубови од Македонија, Србија и Црна Гора), а во првата сезона го освоил 6-тото место. ФК Скопје бил член и на Првата македонска фудбалска лига, во која играл три сезони, сезоните 1997/98, 1998/99 и 2010/11.
НавивачиУреди
Навивачката група на ФК Скопје, се популарните Пирати, кои главно доаѓаат од скопската населба Автокоманда.