ФК Охридмакедонски фудбалски клуб од Охрид кој моментално игра во Третата македонска лига - Југозапад. Натпреварите ги игра во бели (домашни) и сини (гостински) дресови. Стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ каде настапува клубот е со капацитет од 3000 гледачи. Препознатливи прекари за ФК Охрид се: „Бели“ и „Рибари“ Моментално се натпреварува во Втора македонска фудбалска лига како ФК Охрид 2004. Клубот е поддржан од навивачката група Рибари Охрид 1989

ФК Охрид
FK Ohrid
Целосно имеФудбалски Клуб Охрид
ПрекариРибари
Основан1921; пред 99 години (1921)
СтадионСРЦ Билјанини Извори
(Капацитет: 3,000)
ПретседателБорче Малезанов
МенаџерНаум Љамчевски
ЛигаВтора македонска лига - Запад
2019/20
(недовршена)
Втора лига - Запад, 9. од 10 места
Домашни бои
Гостински бои

ИсторијаУреди

Фудбалскиот клуб Охрид е еден од најстарите фудбалски клубови формирани во Македонија и воопшто на Балканот и е вистински репрезент на фудбалската традиција во Охрид. Почетоците на клубот се од далечната 1921 година кога е формиран тогашниот ОСК Охрид. Под името ФК Охрид се натпреварува од 1946 година кога под тоа име се фузираат охридските фудбалски клубови: ОСК, ФК Охридски бранови, ФК Југославија, ФК Рашанец и ФК Граѓански. Клубот за првпат во Македонската фудбалска лига, во времето на поранешна Југославија, настапил во 1948 година кога завршил на осмото место. Еден од најзаслужните за развој на фудбалот во Охрид во тоа време бил тогашниот тренер на клубот, инжинер Бошко Симоновиќ (селектор на репрезентацијата на Југославија која го освои третото место на светското фудбалско првенство во Уругвај 1930 година). Во 1950 година Охрид бил седми, а една година подоцна во сезоната 1951 година го освоил шестото место во Македонската лига. Клубот се натпреварувал и во купот на поранешна Југославија. Во периодот од 1992 година па навака се натпреварувал во III-та, II-та и 3 сезони (1994/95 - осмо место, 1995/6 - тринаесетто место и 2011/12) во I-та Македонска фудбалска лига. Неколкупати е освојувач на Охридскиот општински куп и има настапи во националниот куп. Во сезоната 1993/94 е освојувач на шампионатот во II-та Македонска фудбалска лига (запад). Од редовите на ФК Охрид произлегуваат неколку одлични фудбалери кои своевремено биле репрезентативци на поранешна Југославија и Македонија, како што се: Здравко Точко (младински репрезентативец на Југославија), Џевдет Шаиновски, Данчо Целевски, Мирослав Ѓокиќ (репрезентативци на Македонија).

ИграчиУреди

Бр. Позиција Играч
  ГМ Никола Капрически
1   ГМ Димитри Карамачоски
  ОД Александар Мартиноски
  ОД Дарко Иловски
20   ОД Љубчо Митревски
  ОД Ѓоко Гредоски
2   ОД Александар Велески
  ОД Ненад Шопоски
16   ОД Кристијан Далчески
  СР Јован Китрозоски
  СР Антонио Нически
Бр. Позиција Играч
  СР Дарко Клечкароски
  СР Наум Вељаноски
  СР Душко Дејкоски
  СР Игор Бочески
  СР Наум Џалески
  СР Томче Речкоски
  СР Игор Бочески
  НП Христијан Димоски
  НП Исник Алими
  НП Игор Клечкароски
13   НП Antonio Kalanoski

Надворешни врскиУреди