Градски стадион Тетово
Градскиот стадион во Тетово е повеќенаменски стадион во Тетово, Република Македонија. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари. Има капацитет од 15.000 гледачи.
Градски стадион Тетово | |
---|---|
![]() | |
Место | Тетово, Македонија |
Изграден | 1980 |
Отворен | 26 јули 1981 |
Сопственик | Општина Тетово |
Оператор | ФК Тетекс |
Подлога | Трева |
Игра | ФК Тетекс ФК Шкендија ФК Љуботен ФК Ренова |
Гледачи | 15.000 |
Три фудбалски клуба го делат стадионот: Тетекс, Шкендија и Љуботен како месни клубови, како и Ренова како клуб од околното село Џепчиште кој го позајмува стадионот.
Во март 2015 година, бил потпишан договор помеѓу ФФМ и Општината Тетово за реконструкција на стадионот како дел од проектот на УЕФА, „Хет-трик 4“.[1][2] Подновувањето на стадионот започнало во април 2015 година.[3][4]
НаводиУреди
- ↑ Потпишан договорот за реконструкција: Тетово ќе добие модерен стадион за ноќни мечеви sportmedia.mk 10 март 2015
- ↑ Потпишан договорот за реконструкција на Градскиот стадион во Тетово ekipa.mk 10 март 2015
- ↑ Стартуваше реконструкцијата и на стадионот во Тетово ekipa.mk 16 април 2015
- ↑ По Битола, и во Тетово започнаа градежните работи на стадионот sport365.mk 16 април 2015
Надворешни врскиУреди
- Профил на стадионот на worldfootballtravel.com (англиски)
- Македонски фудбал (англиски)
- Официјално веб-место на ФФМ