Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - екипна потера за мажи

Велосипедизам на
Летните олимписки игри 2012
Друмски велосипедизам
Друмска трка   мажи   жени
Хронометар мажи жени
Велодромски велосипедизам
Спринт мажи жени
Екипен спринт мажи жени
Кеирин мажи жени
Екипна потера мажи жени
Омниум мажи жени
Планински велосипедизам
Крос-кантри мажи жени
BMX
BMX мажи жени

Велосипедската екипна потера за мажи на Летните олимписки игри 2012 во Лондон се одржала на Лондонскиот велопарк на 2 и 3 август.[1]

Екипната потера започнала со квалификациско коло. Екипите биле подредени во првото коло според нивните остварени резултати во квалификациите – најбрзата екипа се натпреварувала против четвртата најбрза, втората се натпреварувала против третата, петтата против осмата и шестата против седмата. Победниците од двете групи помеѓу првите четири екипи продолжиле во финалето; останатите шест екипи биле пласирани според нивните времиња од првото коло, додека најдобрите две екипи од нив се натпреварувале за бронзата.[2]

Екипата на Велика Британија составена од Ед Кленси, Герајнт Томас, Стивен Барк и Питер Кенох го освоила златниот медал со време побрзо од светскиот рекорд, 3 минути и 51,659 секунди. Австралија го освоила сребрениот медал, додека Нов Зеланд бронзата.

Распоред

уреди

Сите времиња се според UTC+01:00

Датум Време Коло
Четврток, 2 август 2012 16:42 Квалификации
Петок, 3 август 2012 16:18 Прво коло
Петок, 3 август 2012 17:59 Финале

Резултати

уреди

Квалификации

уреди
Место Земја Велосипедисти Резултат Забелешка
1   Велика Британија (GBR) Ед Кленси
Герајнт Томас
Стивен Бурк
Питер Кенох
3:52,499 К, СР
2   Австралија (AUS) Џек Бобриџ
Глен О’Ши
Роан Денис
Мајкл Хепберн
3:55,694 К
3   Нов Зеланд (NZL) Сем Боли
Вестли Гоу
Марк Рајан
Џеси Сарџент
3:57,607 К
4   Данска (DEN) Ласе Норман Хансен
Михаел Меркев
Расмус Кваде
Каспер фон Фолзах
3:58,298 К
5   Русија (RUS) Евгениј Ковалев
Иван Ковалев
Алексеј Марков
Александар Серов
3:59,264 К
6   Шпанија (ESP) Пабло Бернал
Себастијан Ведри
Давид Хуанеда
Алберт Барсело
4:02,113 К
7   Колумбија (COL) Хуан Аранго
Едвин Авила
Арлес Кастро
Вајмар Ролдан
4:03,712 К
8   Холандија (NED) Леви Химанс
Џенинг Хуизенга
Вим Струтинга
Тим Велт
4:03,818 К
9   Белгија (BEL) Гејс ван Хуке
Доминик Корни
Џонатан Дифрасн
Кени де Кетел
4:04,053
10   Јужна Кореја (KOR) Чое Синг-вао
Јанк Сун-је
Парк Кан-вао
Парк Сан-хо
4:07.210
  • К = квалификувани; СР = светски рекорд

Прво коло

уреди
Група Место Земја Резултат Забелешка
4 1   Велика Британија (GBR) 3:52,743
3 2   Австралија (AUS) 3:54,317
3 3   Нов Зеланд (NZL) 3:56,442
2 4   Русија (RUS) 3:57,237
4 5   Данска (DEN) 3:57,396
1 6   Шпанија (ESP) 3:59,520
2 7   Холандија (NED) 4:04,029
1 8   Колумбија (COL) 4:05,485

Коло за медал

уреди
Натпревар за Екипа Време Место
злато   Велика Британија (GBR) 3:51,659 (СР)   Златен
  Австралија (AUS) 3:54,581   Сребрен
бронза   Нов Зеланд (NZL) 3:55,952   Бронзен
  Русија (RUS) 3:58,282 4

Наводи

уреди