Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - хронометар за жени
Хронометарот за жени, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри 2012, се одржал на 1 август во Лондон.[1] Американскиот велосипедист Кристин Армстронг е бранител на титулата.
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
На хронометарот, велосипедистите ја започнувале својата трка во интервал од 90 секунди, додека за победник се прогласува оној велосипедист, кој ќе оствари најбрзо време на патеката. Трката започнувала и завршувала пред судската палата Хемптон во југозападен Лондон и вклучувала делови во Ричмонд, Кингстон на Темза и Сари. Двете трки, машката и женската, биле одржувани по еден круг, со мали разлики во патеките претставувајќи различни растојание - 44 километри за мажите и 29 километри за жените.[2]
Армстронг ја одбранила титулата и го освоила златниот медал со време од 37 минути и 34,82 секунди. Јудит Арнт од Германија била втора и го освоила среброто, додека Олга Забелинскаја од Русија ја освоила бронзата.
Распоред
уредиСите времиња се UTC+1
Датум | Време | Коло |
---|---|---|
Среда, 1 август 2012 | 12:30 | Финале |
Резултати
уредиПрвичниот список на настапи бил објавен на 23 јули и бил потврден со 24 велосипедисти на 31 јули.[3]
Место | Возач | Време |
---|---|---|
Златен | Кристин Армстронг (САД) | 37:34,82 |
Сребрен | Јудит Арнт (ГЕР) | 37:50,29 |
Бронзен | Олга Забелинскаја (РУС) | 37:57,35 |
4 | Линда Вилумсен (НЗЛ) | 37:59,18 |
5 | Клара Хју (КАН) | 38:28,96 |
6 | Ема Пули (ВБР) | 38:37,70 |
7 | Амбер Небен (САД) | 38:45,17 |
8 | Елен ван Дејк (ХОЛ) | 38:53,68 |
9 | Трикси Ворак (ГЕР) | 39:20,73 |
10 | Лизи Армитстед (ВБР) | 39:26,24 |
11 | Пија Сундстет (ФИН) | 40:01,69 |
12 | Татјана Антошина (РУС) | 40:12,49 |
13 | Шејра Гило (АВС) | 40:25,03 |
14 | Ема Јохансон (ШВЕ) | 40:38,56 |
15 | Одри Кордон (ФРА) | 40:40,51 |
16 | Маријане Вос (ХОЛ) | 40:40,79 |
17 | Емилија Фалин (ШВЕ) | 41:15,86 |
18 | Клемилда Фернандес (БРА) | 41:25,39 |
19 | Денис Рамсден (КАН) | 41:44,81 |
20 | Елена Чалих (АЗЕ) | 41:47,06 |
21 | Татјана Гудерцо (ИТА) | 41:48,94 |
22 | Ноеми Кантеле (ИТА) | 41:51,18 |
23 | Лизбет де Вохт (БЕЛ) | 42:08,28 |
24 | Ешли Мулмен (ЈАР) | 42:23,57 |
Наводи
уреди- ↑ „Распоред на олимписките настани“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-03-15.
- ↑ „Time Trial competition format“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-03. Посетено на 2012-05-02.
- ↑ „Лондон 2012 Олимписки игри: Почетниот список за женскиот хронометар“. cyclingweekly.co.uk. 2012-07-24. Посетено на 31 јули 2012.