Митко Миноски
Митко Софронијов Миноски ( 1911 во Брждани, Кичевско — 1944 во Охрид) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Митко Миноски | ||
Роден | 1911 година Брждани, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство | |
---|---|---|
Починал | ноември, 1944 година Охрид, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиБидејќи во неговото село немало, услови за живеење, заминал на печалба во Софија, каде работел како работник-армирач. Во Софија живеел до средината на 1942 година, по што се вратил во своето село. Во селото се вклучил меѓу членовите на народно ослободителното движење, а во 1943 година станал ѝ член на КПМ. Работел за омасовување на народно ослободителното движење и учествувал во повеќе акции меѓу кои и акцијата за разоружување на Италијаните кај месноста Павли Дол во септември 1943 година. Во НОВ на Македонија стапил во есентта 1944 година во редовите на Првата македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал, низ повеќе борби. Загинал во борбата за ослободување на Охрид во ноември 1944 година.[1]