Водици (Брждани)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Водици

Карта

Местоположба 41°26′48″N 20°54′24″E / 41.44667° СГШ; 20.90667° ИГД / 41.44667; 20.90667
Основни податоци
Место Брждани
Општина Кичево
Тип

 црква  некропола


Период среден век
Портал „Археологија“

Водициархеолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 300 метри западно од селото, на блага падина во непосредната близина на изворот. На простор од 30 × 50 м се забележуваат расфрлени камени плочи, а на неколку места гробни конструкции од камени плочи. Во еден од диво прекопаните гробови е најдена леана бронзена обетка, од типот „гроздовидни“ обетки, од X-XII век. На едниот крај на теренот се гледаат остатоци од ѕидови на црква. Наодите се чуваат во Музејот во Кичево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069