Црква „Св. Никола“ - Брждани
Свети Никола — главна селска црква во селото Брждани.[1]
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Трета кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°26′50.17″N 20°54′32.9″E / 41.4472694° СГШ; 20.909139° ИГД |
Место | Брждани |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | 1872 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена североисточно од селото, во планинскиот дел, а околу нејзе се наоѓаат и селските гробишта.[2]
Историја
уредиЦрквата била изградена кон крајот на XIX век.
Денешната црква е изградена во 1872 година. Оваа година е врежана на една камена плоча вградена во подот на црквата и всушност е еден од малкуте извори што говорат за црквата и нејзината историја.[3]
Архитектура
уредиЦрквата претставува типичен споменик од времето на преродбата. Изградена е како еднокорабна базилика со валчест свод и една широка калота над наосот. Апсидата е петстрана и обликувана со архиволти. Црквата не била вкопана во земја и во неа се влегува качувајќи се по неколку скали.[3]
Фрескоживопис
уредиФрескоживописот во олтарната зона на црквата бил изведуван од страна на Аврам Дичов во 1874 година.[3]
Иконостас
уредиНајстарите икони во црквата потекнуваат од 1849 година и се дело на познатиот мајстор Дичо Зограф. Истите веројатно припаѓале на постарата црква, која во 1872 година е обновена и проширена. Доказ за тоа се наоѓа и во престолните икони на Христос, Богородица и Јован Претеча, кои имаат издолжена форма.[3]
За обновената црква бил изработен и нов, значително поголем иконостас со расчленета структура и нови престолни икони сликани непосредно пред 1872 година од непознат зограф. Старите престолни икони на Дичо Зограф биле отстранети и поставени во олтарниот дел на црквата, а само шест икони со претстави на апостолите нашле место во новиот иконостас.[3]
Во 1874 година за целосно довршување на иконостасот се вклучил Аврам Дичов. Ја насликал престолната икона на Богородица со Христос, каде што оставил свој потпис, но истовремено насликал и десетина други икони за горната зона на иконостасот.[3]
Галерија
уреди-
Предниот дел на црквата
-
Портата на црквата
-
Чешма во црковниот двор
-
Камбанаријата во црквата
-
Фреска над влезот
-
Апсидата на црквата
-
Селските гробишта
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 95.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Цветковски, Сашо (2010). „Живописот на Аврам Дичов во црквата Св. Никола с. Брждани - Кичевско“ (PDF). Патримониум. Посетено на 5 јануари 2019.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Брждани на Ризницата ?