Ѓорѓија Велјаноски

Ѓорѓија Стевков Велјаноски ( 1918 во Брждани, Кичевско1944 во Брждани, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Ѓорѓија Велјаноски
Роден 1918 година
Брждани, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Брждани, Кичевско, Македонија
Починал од последиците на болеста здобиена од малтретирањата и тепањата од балисти.
Националност Македонец

Животопис

уреди

Бидејќи немал можност да се образува, се занимавал со земјоделие. По окупацијата на Македонија, се определил за борба против окупаторот. Во текот на 1942 година активно работел во селото извршувајќи илегални задачи за потребите на народно-ослободителното движење, а во текот на 1943 година бил примен во редовите на КПМ. Неговата активност во народно-ослободителното движење условила да биде избран за секретар на Реонскиот комитет. Редовно одржувал состаноци, пренесувал илегалци и вршел најодговорни задачи. Таквата активност била забележана од балистите кои го затвориле и го подлегнале на тешки малтретирања, но тој пред окупаторот ништо не открил. Поради тепањата и измачувањата се разболел, но иако болен, пак раководел и помагал. Умрел во 1944 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 48, 160.