Трајче Ристески
Трајче Ванчов Ристески ( 1922 во Брждани, Кичевско — 1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиОсновното училиште го завршил во своето село, но бидејќи потекнувал од бедно семејство, не продолжил да се школува. Се занимавал со земјоделие. Уште веднаш по окупацијата се определил за борба пpoтив окупаторот. Доста бил активен во селото, а во редовите на НОВ на Македонија стапил во ноември 1944 година во Првата македонска бригада. Со бригадата учествувал во завршните борби за ослободувањето на Македонија. Во составот на Петнаесетиот корпус учествувал на Сремскиот фронт. Загинал во близината на Загреб во борба со германците и усташите во мај 1945 година.[1]