ОУ „Христо Узунов“ - Другово
основно училиште во Општина Кичево
За други значења на поимот, погл. ОУ „Христо Узунов“.
Основно училиште „Христо Узунов“ (официјално: Основно општинско училиште „Христо Узунов“ - Другово; скратено: ООУ „Христо Узунов“) — централно основно училиште во кичевското село Другово, Општина Кичево.[1] Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Другово.
Христо Узунов
| |
---|---|
![]() Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Кичево |
Наречено по: | Христо Узунов |
Нас. место: | Другово |
Адреса: | ул. „Гоце Делчев“, бр. 31, с. Другово |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1962 |
Број на ученици: | 140 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | ou-hristouzunov-drugovo.com/ |
Е-пошта | hristouzunov.cou.drugovo@gmail.com |
Телефон | 045/266-177 |
Факс | 045/266-177 |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски револуционер Христо Узунов.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа на самото сретсело во Другово.
Историја
уредиУчилиштето е основано во 1962 година, а до 1994 година го носело името Слобода.[2]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Христо Узунов“ - Брждани, подрачно петгодишно училиште;
- ПУ „Христо Узунов“ - Подвис, подрачно петгодишно училиште; и
- ПУ „Христо Узунов“ - Србјани, подрачно петгодишно училиште.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-09.
- ↑ „ООУ "Христо Узунов" - Другово“. ou-hristouzunov-drugovo.com. Посетено на 2024-12-09.
Надворешни врски
уреди- ОУ „Христо Узунов“ - Другово на Ризницата ?
- Официјално мрежно место