Беличка Река (Илинска)
река во Македонија
За други значења на поимот, погл. Беличка Река.
Беличка Река — река во западна Македонија, десна притока на Треска. Извира од Беличките Извори на источните падини на Илинска Планина,[1] на надморска височина од 1.580 м, минува низ с. Белица и се влева во реката Треска кај с. Пополжани. Долга е 15 км.[2]
Беличка Река | |
---|---|
Реката низ селото Белица | |
Местоположба | |
Земја | Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Илинска Планина |
• координати | 41°21′43″N 20°56′48″E / 41.36194° СГШ; 20.94667° ИГД |
• надм. вис. | 1580 м |
Устие | Треска |
• место | кај Пополжани |
• координати | 41°28′39″N 20°55′00″E / 41.47750° СГШ; 20.91667° ИГД |
• надм. вис. | 637 м |
Должина | 15 км |
Особености на сливот | |
Течение | Предлошка:РТреска |
Сливот на Беличка Река зафаќа површина од 123,20 км2, сочинувајќи 5,9% од вкупниот слив на Треска. Долината има мешан геолошки состав, преоѓајќи од варовничка во шкрилна, што може да се забележи од одронетите проширувања и сатески.[3]
Галерија
уреди-
Реката низ Козица
-
Реката низ Белица
-
Реката низ Белица
-
Реката низ Белица
-
Реката низ Белица
-
Реката низ Козица
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Илинска Планина (Пространска Планина)“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
- ↑ Димитровска, Олгица (2012). „Основни хидрографски одлики на притоките на реката Треска“ (PDF). Географски разгледи. Скопје: Институт за географија (46): 37–49. ISSN 1409-908X. Посетено на 8 ноември 2013.
- ↑ Андоновски Т. (1984): Абразиони и флувијални елементи во Кичевската Котлина, Годишен зборник на ГФ, Кн. 27-28, стр. 3-7 5, Скопје