Ѓоргија Митрески
Ѓоргија Јончев Митрески (1921 во Ботун, Охридско — 6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЃоргија Јончев Митрески е роден во селото Ботун. Се занимавал со земјоделие. Како активист во младинската организација стапува доброволно во Првиот македонски баталјон Мирче Ацев, во август 1943 година. Се бори и загинува на 6 октомври 1943 година, по жестоки борби со балистите кај селото Кленоец.[1]