Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара)
Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква во охридското село Ботун, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА.
Успение на Пресвета Богородица
| |
Диптих „Благовештение“ од црквата, XV век. Денес во Галеријата на икони во Охрид | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Белчишка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′31.7″N 20°46′58.5″E / 41.292139° СГШ; 20.782917° ИГД |
Место | Ботун |
Општина | Дебрца |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1895 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Местоположба
уредиЦрквата е гробиштен и главен храм на Ботун, сместена на стрмно возвишение во Горното Маало, на северозапад од сретселото.[1]
Историја
уредиЦрквата е изградена врз постаро светилиште, за што сведочат многубројните гробни конструкции од средновековието.[1]
Според натписот, храмот е изграден во 1895 г. од браќата Крсте и Костадин, синови на Никола Крстев од Лазарополе. Иконостасот е од 1871 г., а внатрешниот живопис е делумно пресликан во 1972 г.[1][2]
Опис
уредиГрадбата претставува еднокорабен храм изграден од камен и варов малтер. Венците под покривот се од бигор, а истото важи и за апсидата, која е единаесетстрана; таа е засводена со полузаоблен свод врз кој се издига покрив на четири води. Иконостасот е величествен, и има дванаесетина икони. Изработен е во 1871 г.[1]
Од прекрасниот фрескоживопис се издвојува композицијата Седмочислениците на јужниот ѕид на олтарниот простор. Нивната поставеност на фигурите и именување се сосема оригинални — како средишна личност е насликан Климент Охридски, а околу него се Сава, Наум, Кирил, Методиј, Ангелариј и Горазд.[1]
Поврзано
уреди- Црква „Св. Богородица“ - Ботун (нова) — понова истоимена црква при Ботунскиот манастир
- Белчишка парохија
- Охридско архијерејско намесништво
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Христијански храмови и свети места во Охридско“. Македонска нација. 12 мај 2010. Посетено на 13 јануари 2020.
- ↑ . Дебарско-кичевска епархија https://www.dke.org.mk/index.php/namesnistva. Посетено на 20 март 2014. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help); Отсутно или празно|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара) на Ризницата ?
- * Репортажа за богослужба во „Успение на пресв. Богородица“ во Ботун — Премин Портал, 13 април 2019 г.