Ролинг стоунс

(Пренасочено од The Rolling Stones)

Ролинг стоунс (англ. The Rolling Stones) — британска рокенрол-група што станала позната во 60-тите години. Тие се оригинални во мешањето на разни правци од американските композиции во нова форма на популарна музика. На почетокот на нивната кариера тие свиреле преработки на блуз, ритам и блуз, кантри и рокенрол музика. Нивните први нумери биле преработки на песни Чак Бери, Роберт Џонсон, Скримин Џеј Хокинс, Мади Вотерс и Хенк Вилијамс, меѓу другите. Иако основачите на бендот Мик Џегер и Кит Ричардс се сметаат за едни од најголемите текстописци во популарната музика, бендот никогаш не престанал да биде инспириран и од другите жанрови. Реге, панк, и денс музика, сите жанрови наоѓаат место на нивните плочи.

The Rolling Stones
The Rolling Stones, 2005. Од лево кон десно - Чарли Вотс, Кит Ричардс, Мик Џегер, Рон Вуд.
The Rolling Stones, 2005. Од лево кон десно - Чарли Вотс, Кит Ричардс, Мик Џегер, Рон Вуд.
Основни податоци
ПотеклоЛондон, Англија
Жанр(ови)Рокенрол
Ритам и блуз
Блуз
Кантри
Реге
Години на активност1962 — денес
Продукциска куќа/ќиДека Рекордс, Ролинг Стоунс Рекордс
Мрежно местоRollingStones.com
ЧленовиМик Џегер
Кит Ричардс
Рон Вуд
Чарли Вотс
Поранешни членовиБрајан Џонс (1962–1969) (починат)
Бил Вајман (1962–1993)
Мик Тејлор (1969–1974)
Јан Стјуарт (признат член 1962–1963) (починат)

Гитаристот (и првичниот фронтмен) Брајан Џонс, иако популарен и харизматичен, бил избркан од групата во 1969 и умрел со таинствена смрт подоцна во таа година, претпоставена несреќа во тоа време, иако постојат обвинувања дека тој бил убиен. Џегер и Ричардс ќе го преземат пишувањето на текстови и изведбата. Џонс претпочитал да се остане блиску до блуз звукот, иако експериментирал со ситара, но Џегер и Ричардс го прошириле музичкиот пристап на Ролинг Стоунс.[1]

Дискографија

уреди
  1. “The Rolling Stones Through the Ages” (English) May 4, 2020