Џони Кеш

американски кантри-музичар

Џон Р. „Џони“ Кеш (англиски: John R. "Johnny" Cash; 26 февруари 1932 — 12 септември 2003, роден како Џ. Р. Кеш[2]) — американски пејач, текстописец, глумец и автор, беше нарекуван еден од највлијателните музичари на дваесеттиот век. Иако примарно е познат како кантри-музичар, неговите песни и звуци варираа во повеќе жанрови како рокабили и рокенрол посебно на почетокот на кариерата—како и блуз, фолк и госпел. Доцна во неговата кариера, Кеш преработи неколку песни од познати рок артисти, меѓу нив и индустријал рок бендот Nine Inch Nails и поп бендот Depeche Mode.

Џони Кеш
Џони Кеш во 1977
Животописни податоци
Родено имеЏ. Р. Кеш
J. R. Cash
Роден(а)26 февруари 1932
Кингзленд, Арканзас, САД
Починал(а)12 септември 2003
Нешвил, Тенеси, САД
Жанровикантри, рокенрол, фолк, госпел, блуз
ЗанимањаПејач-текстописец, музичар, глумец
ИнструментиГлас, гитара
Период на активност1955–2003
ИздавачиSun, Columbia, Mercury, American, House of Cash, Legacy Recordings
СоработнициThe Tennessee Three, The Highwaymen, Џун Картер Кеш, The Statler Brothers, The Carter Family, The Oak Ridge Boys, Area Code 615
Мреж. местоJohnnyCash.com
Значајни инструменти
Акустични гитари Мартин[1]

Кеш е познат по својот длабок, бас-баритон глас; по неговиот „бум-чика-бум“ звук како на локомотива на групата Tennessee Three што го поддржува; по неговата бунтовност, заедно со тмурното и скромно однесување; по неговиот обичај на бесплатни концерти во затвори; и по неговата црна облека, со која го заработи прекарот, „Човекот во црно“. Традиционално ги почнуваше неговите концерти со, „Здраво, јас сум Џони Кеш.“

Во голем дел од музиката на Кеш, посебно во подоцнежната кариера, има теми на тага, морална болка и спасение. Негови песни се „I Walk the Line“, „Folsom Prison Blues“, „Ring of Fire“, „Get Rhythm“ и „Man in Black“. Снимаше и хумористични песни, како „One Piece at a Time“ и „A Boy Named Sue“; дует со неговата идна жена, Џун Картер, под наслов „Jackson“; како и песни за железницата како „Hey Porter“ и „Rock Island Line“.

Кеш, посветен, но проблематичен христијанин, бил окарглумецизиран како „ леќи низ кои можат да се видат американските противречности и предизвици.“ Библиски научник, напишал христијански роман со наслов Man In White, и упатил критики на Новиот завет од новата верзија на Кралот Џејмс. И покрај тоа, Кеш се декларираше како „најголемиот грешник од сите нив“ и се гледал себеси како сложен и противречен човек. Наречен е и „принц-филозоф на американската кантри-музика“.

Живот

уреди

Потекло

уреди

Кеш бил потомок на шкотско благородништво, но ова го открил откако истражувал за своите корени. По средбата со поранешен земјопоседник од Фалкланд, мајор Мајкл Кричтон-Стјуарт, го открил семејното дрво на Кеш кое датирало од 11 век во Фајф, Шкотска. Езерото Кеш Лок во Шкотска го носи името на неговото семејство. Тој како мал верувал дека бил главно Ирец и делумно Индијанец. Дури и откако дознал дека не е Индијанец неговата емпатија и сочувство не прекинале. Овие чувства се искажани во неколку песни, како „Apache Tears“ и „The Ballad of Ira Hayes“, и на неговиот албум, Bitter Tears.

Детство

уреди

Џони Кеш е роден како Џ. Р. Кеш во Кингленд, Арканзас, на Реј и Кери Кеш, израснат е во Дајес, Арканзас. На Кеш му било дадено името „Џ.Р“ бидејќи неговите родители не можеле да се согласат за име, само за иницијали. Кога се пријавил за воздухопловните сили на САД, војската не прифаќала иницијали за име, па го земал Џон Р. Кеш како негово име. Во 1955, кога потпишал со продукциската куќа Sun Records, го земал Џони Кеш како негово уметничко име. Неговите пријатели и врсници го викале Џон, додека роднините продолжиле да го викаат Џ.Р.

Кеш бил едно од седумте деца: Џек, Џоан, Луиз, Реба, Рој и Томи. Неговиот помлад брат Томи Кеш, исто така стана познат кантри пејач. На 5-годишна возраст, Џ.Р. работел на полиња со памук, пеел со семејството додека работеле. Фармата на семејството била поплавена најмалку еднаш, што го инспирирала да ја напише песната „Five Feet High and Rising“.Економските и приватни проблеми на неговото семејство за време на Големата Криза инспирирале многу од неговите песни, посебно тие за други личности кои се соочувале со исти проблеми.

Кеш бил близок со неговиот постар брат, Џек, кој во 1944 настрадал на циркулатор(електрична пила) за сечење дрва во пиланата каде работел, и бил пресечн скоро на два дела. Се мачел една недела и потоа умрел. Кеш секогаш зборува за ужасната вина која ја чувствувал за овој случај. Според Cash: The Autobiography, татко му не бил тука тоа утро, но тој и мајка му и Џек, сите имале претскажувања и претчувства за тој ден, што мајка му го терала Џек да не оди на работа туку на риболов со брат му. Џек инсистирал да оди на работа, бидејќи на семејството му биле потребни парите. На неговата смртна постела, Џек рекол дека имал визии за Рајот и ангелите. Декади подоцна, Кеш говорел дека едвај чека да го сретне брат му во Рајот. Тој напишал дека го видел џек во многу од неговите соништа, и дека Џек секогаш изгледал две години постар од возраста на Кеш која ја имал во моментот.

Најраните спомени на Кеш доминираат со црковна музика и радио. Научен од мајка му и другар од детството, Кеш започнал да свири гитара и да пишува песни како младо момче. Во средното училиште пеел на училишното радио; декади подоцна издал албум со традиционални црковни песни со наслов My Mother's Hymn Book. Бил значајно инспириран од ирската музика која свирела на радио програмата на Денис Деј и Џек Бени.

Кеш се пријавил во воздухопловните сили на САД. По основна обука во воздухопловната база Лекланд и техничка обука во воздухопловната база Брукс, двете во Сан Антонио,Тексас Кеш бил ангажиран од воздухопловните сигурносни служби на САД, како декодер на Советски трансмисии, во Ландсберг, Германија каде го оформил својот прв бенд „The Landsberg Barbarians“. На 3 јули, 1954, тој бил почесно ослободен од војската како наредник. Потоа, се вратил во Тексас.

Бракови

уреди

На 18 јули, 1951, додека бил на обука во воздухопловните сили, Кеш ја запознал 17-годишната Вивијан Либерто во ролер-скејт парк во нејзиното родно Сан Антонио. Биле заедно три недели, додека Кеш не бил префрлен во Германија на 3 години. За тоа време, си размениле стотици љубовни писма. На 7 август, 1954, по еден месец од напуштањето на восјката, се венчале во католичката црква Сент Ен во Сан Антонио. Церемонијата ја водел нејзиниот вујко, отец Винсент Либерто. Имаат четири ќерки: Розана, Кејти, Синди и Тара. Зависноста на Кеш од Алкохол и дрога, постојаните турнеи, и афери со други жении (вклучувјаќи ја неговата идна жена Џун Картер) ја натерале Либерто да поднесе документи за развод во 1966.

Во 1968, 12 години откако првпат се сретнале зад сцената на Grand Ole Opry, Кеш им предложил брак на Џун Картер, докажана кантри пејачка, за време на жива свирка во Лондон, Онтарио, се венчале на 1 март, 1968 во Френклин, Кентаки. И предложувал многупати, но таа секогаш одбивала. Иамат едно дете заедно, Џон Картер Кеш (роден на 3 март, 1970). Продолжиле да работат заедно и да одат на турнеи 35 години, до смртта на Џун Картер во 2003. Кеш умре 4 месеца подоцна. Картер е соавтор на еден од неговите најголеми хитови, „Ring of Fire,“ а добија и две Греми награди за нивните дуети.

Вивијан Либерто тврди за поинакво потекло на „Ring of Fire“ во биографијата I Walked the Line: My Life with Johnny, вели дека Кеш ја спомнал како соавторка Картер заради финансиски причини.

Кариера

уреди

Рана кариера

уреди

Во 1954, Кеш и Вивијан се преселиле во Мемфис, Тенеси, каде учел да биде радио водител. Ноќе свирел со гитаристот Лутер Перкинс и басистот маршал Грант. Перкинс и Грант биле познати како Tennessee Two. Кеш бил охрабрен да го посети студиото на Sun Records, со надеж дека ќе добие договор за снимање. По аудиција за Сем Филипс, пеејќи најчесто црковни песни, Филипс му рекол дека „госпелот“ бил непрофитабилен. Се шпекулира дека Филипс му рекол на Кеш „оди дома и греши, па врати се со песна што може да ја продадам,“ иако Кеш негира дека Филипс направил таков коментар во интервју во 2002. Кеш подцна го придобил продуцентот со нови песни во неговиот ран френетичен стил. Неговите први снимки за Sun, „Hey Porter“ и „Cry Cry Cry“, беа издадени во 1955 и се здобија со приличен успех на кантри топ-листата.

На 4 декември, 1956, Елвис Пресли наминал во студиото на Сем Филипс да го посети додека Филипс продуцирал нови траки, со пијано поддршка од страна на Луис. Кеш исто така бил во студиото и четворицата заедно почнале ненадејна музичка сесија. Филипс оставил касетите да снимаат, половина од нив биле црковни песни, зачувани се и оттогаш некои се издадени.

Следната песна на Кеш, „Folsom Prison Blues“, се искачила на 5-то место, а „I Walk the Line“ станала број 1 на листите по државата и влегла во поп листа топ 20. По „I Walk the Line“ била „Home of the Blues“, снимена јули 1957. Истата година Кеш станал првиот изведувач од Sun кој издал долгометражен албум. Иако бил најдобриот изведувач на Sun и најдобро се продавале неговите песни во тоа време, Кеш се чувствувал ограничено со договорот со мала продуцентска куќа. Елвис Пресли веќе го напуштил Sun, а Филипсго насочил вниманието кон промоција на Џери Ли Луис. Следната година Кеш ја напуштил продуцентската куќа за да потпише договор со Columbia Records, каде неговиот сингл „Don't Take Your Guns to Town“ станал еден од неговите најголеми хитови.

Во раните 60-ти, Кеш бил на турнеја со семејството Картер, што до тоа време било составено од ќерките на мајката Мејбел, Анита, Џун и Хелен. Џун, која подоцна Кеш ќе ја ожени, потоа ќе рече дека му се восхитувала за време на турнеите.

Исто така во 1961 глумел во филмот насловен Five Minutes to Live, подоцна ре-издаден како Door-to-door Maniac. Напишал и песна за воведната тема.

Имиџ на одметник

уреди

Како неговата кариера почнувала во раните 60-ти, Кеш почнал сериозно да пие станал зависен од амфетамини и барбитурати. За кратко време, делел стан во Нешвил со Вејлон Џенингс, кој бил тежок зависник од амфетамини. Кеш користел амфетамини за да биде буден за време на турнеи. Пријателите се шегиувале за неговат „нервоза“ и непредвидливото однесување, многу ги игнорирале знаците на неговата влошена зависност од дрога. Зад сцената на The Johnny Cash Show, Кеш тврди дека нема дрога која не ја пробал.

Иако во многу моменти бил надвор од контрола, френетичната креативност на Кеш продолжила да носи хитови. Неговиот препев на „Ring of Fire“ била хит број 1, на листите и влегла во топ 20 на поп листите. Песната била напишана од Џун Картер и Мерла Килгор. Песната е оригинално пеена од сестрата на Џун, но маријачи звукот бил изведен од Кеш, кој вели дека му дошол на сон.

Во јуни 1965, неговиот камион се запалил заради презагреано тркало, огнот префатил шума која изгорела неколку стотици акри во Националниот парк Лос Падрес во Калифорнија. Кога судијата го прашал зошто го направил тоа, Кеш рекол, „Не го направив јас, мојот камион го направи. А мртов е, па не можете да го сослушувате.“ Пожарот уништил 508 акри (2,06 км²), го изгорело зеленилото на три планини и убило 49 од 53-те загрозени орли-мршојадци. Кеш не се каел: „не ми е гајле за вашите жолти пилиња.“ Федералната влада го тужела со $125.172 ($863,091 вредност во тоа време). Кеш подоцна се договорил за случајот и платил $82.001. Тој велел дека е првиот човек што владат го тужела за предизвикување на шумски пожар.

Иако Кеш негувал одметнички имиџ никогаш не служел затворска казна. Иако бил во притвор неколкупати за помали прекршоци, секој престој му бил долг една ноќ. Најпознатиот прекршок на законот му се случил за време на турнеја во 1965, кога бил уапсен од страна на одделот за наркотици во Ел Пасо, Тексас. Полицајците се сомневале дека шверцувал хероин од Мексико, но биле препишани наркотици и амфетамини кои пејачот ги скрил во футролата од гитарата. Бидејќи биле препишани наркотици од доктор а не илегални наркотици, добил само суспензиона казна.

Кеш бил уапсен и на11 мај, 1965, во Старквил, Мисисипи, за нелегално преминување во приватен имот да скине цвеќиња. (Инцидентот даде повод за песната „Starkville City Jail“, за кој зборува на својот албум во живо At San Quentin prison.) Во средината на 60-те, Кеш издал концепт на албуми, вклучувајќи Ballads Of the True West (1965), експериментален двоен албум за каубојски песни со нарација од Кеш, и Bitter Tears (1964), со песни за индијанците. Неговата зависност од дрога била на најлош степен, А ова деструктивно однесување довело до развод од неговата прва жена и одложување на настапи. Во 1967, Кеш направи дует со Картер, „Jackson“, добиле Греми награда.

Кеш престанал да користи дрогаво 1968, по духовна епифанија во Никаџек Пештерата, кога се обидел да се самоубие под тешко влијание на дрога. Тој паднал длабоко во пештерата, обидувајќи да се изгуби и „само да умре“ и се онесвестил на подот. Тој вели дека бил преморен и го почувствувал крајот на својот живот, но и присутноста на Бог во неговото срце и успеал некако да се извлече од пештерата (покрај премореноста) следејќи слаба светлина и слаб ветер. За него, ова било негово препородување. Џун, Мејбел и Езра Картер се преселиле во домот на Кеш да му помогнат да ја победи зависноста. Кеш ја побарал за жена Џун на концерт во Лондон Гарденс во Лондон, Онтарио, Канада на 22 февруари, 1968; парот се венчал една недела подоцна (на 1 март) во Френклин, Кентаки. Џун се согласила да се омажи за Кеш откако се „исчистил“.Ја повратил својата христијанска вера во Evangel Temple, мала црква во Нешвил, со отец Џими Роџерс Сноу, син на кантри легендата Хенк Сноу.

Folsom Prison Blues

уреди

Кеш сочувствал со сите затвореници. Почнал да свири по различни затвори почнувајќи од доцните 60-ти. Овие настапи водеа до многу успешни албуми во живо, Johnny Cash at Folsom Prison (1968) и Johnny Cash at San Quentin (1969).

Снимката од затворот Фолсом била именувана по неговата класика „Folsom Prison Blues“, додека снимката во Сан Квентин го содржела хитот „A Boy Named Sue“, оригинално напишана од Шел Силверштајн што се искачи на првото место на кантри листите и второ место на поп топ-листите.

По неговите настапи во затворите во САД, Кеш настапил и во Österåker затворот Шведска во 1972. Албумот во живо På Österåker ("Во Österåker") бил издаден во 1973. Помеѓу песните, Кеш зборува на шведски, што било многу ценето од затворениците.

„Човекот во црно“

уреди

Од 1969 до 1971, Кеш имал свое сопствено шоу, The Johnny Cash Show, на ABC каналот. Браќата Стратлер свиреле на секој почеток на шоуто секоја епизода; семејството Картер и рокабили легендата Карл Перкинс било исто така дел од шоуто. Меѓутоа, Кеш водел познати музичари како гости; некои од нив биле Нил Јанг, Луис Армстронг, Кени Роџерс, Џејмс Тејлор, Реј Чарлс, Ерик Клептон и Боб Дилан. Кеш се сретнал со Дилан во средината на 60-тите и станале блиски пријатели и биле соседи во доцните 60-тиво Вудсток, Њујорк. Кеш бил многу радосен што ќе и го претстави Дилан на публиката. Кеш испеал дует со Дилан на албумот на Дилан Nashville Skyline. Уште еден уметник кој го искористил The Johnny Cash Show како отскочна даска бил текстописецот Крис Кристоферсон, кој пробувал да се пробие како пејач/текстописец. За време на настап во живо на песната од Кристоферсон „Sunday Mornin' Comin' Down“, Кеш одбил да ги смени стиховите кои биле контроверзни за телевизијата, пеејќи стихови за марихуана: „On a Sunday morning sidewalk / I'm wishin', Lord, that I was stoned.“

До раните 70-ти, неговиот имиџ станал „Човекот во црно“. Секогаш настапувал облечен во црно, со долго црно палто до колениците. Овој изглед бил спротивен за многуте кантри пејачи во тоа време кои носеле светли костуми и каубојски чизми. Во 1971, Кеш ја напишал песната „Man in Black“, за да го објасни неговото облекување: „We're doing mighty fine I do suppose / In our streak of lightning cars and fancy clothes / But just so we're reminded of the ones who are held back / Up front there ought to be a man in black.“ Носел црно во чест на сиромашните и гладните, во чест а затворениците кои веќе долго време платиле за своите злосторства, и за оние кои биле предадени од возраста и дрогата.

Тој и неговиот бенд отпочеток носеле црно бидејќи таа била бојата што им одговарала најмногу. Носел и други бои рано во кариерата, но тврдел дека сака да носи црно на и надвор од сцената. Тој изјавил дека, едноставно ја сакал црната боја како негова боја за сцената. До денеска, зимската униформа на американската морнарица се нарекува „Џони Кешова“ бидејќи кошулата, вратоврската и пантолоните се црни.

Во средината на 70-ите, популарноста на Кеш и неговите хитови почнале да опаѓаат, но неговата биографија (првата од двете), насловена Man in Black, била издадена во 1975 и се продале 1,3 милиони копии. Втората, Cash: The Autobiography, се појавила во 1997. Неговото пријателство со Били Греам довело до продукција на филм за животот на Исус, The Gospel Road, во кој Кеш е соавтор и раскажувач. Оваа декада неговата религиозност се задлабочи, па направи многу евангелиски појавувања на крстоносните платформи на Греам низ светот.

Продолжил да се појавува на телевизија, водел божиќно шоу на CBS во текот на 70-ите. Подоцна телевизиските настапи вклучувале и епизода од Columbo. Се појавил со жена му во епизода од Little House on the Prairie насловена „The Collection“ и имал настап и како Џон Браун во1985 во мини-серијата за Американската Граѓанска Војна, North and South.

Бил дружељубив со секој американски претседател почнувајќи со Ричард Никсон. Бил најблизок со Џими Картер, станале многу блиски пријатели. Изјавил дека сите биле лично многу шармантни, алудирајќи дека тоа е најважното за да се биде избран.

Кога го поканиле во Белата Куќа за првпат во 1972, канцеларијата на Ричард Никсон барала да ги свири „Okie from Muskogee“ (сатирична песна од Мерл Хагард за луѓе што мразеле млади корисници на дрога и воени протестанти) и „Welfare Cadillac“ (песна на Гај Дрејк што го негира интегритетот на оние кој добиваат социјална помош). Кеш не сакал да ги отсвири ниту двете и одбрал сам песни, „The Ballad of Ira Hayes“ (за храбар индијанец воен ветеран од Втората светска војна со кого не сеоднесуват добро по неговото враќање во Аризона) и неговите композиции, „What is Truth?“ и „Man in Black“. Кеш напишал дека причината за негирањето на музичките желби на Никсон биле дека не ги знаел и имал малку време да ги извежба, не било никаква политичка причина. Меѓутоа, Кеш додал, иако канцеларијата на Никсон му дала време на Кеш да ги извежба и научи песните, нивниот избор кој содржел „антихипи“ и „антицрнечки“ елементи можел да предизвика проблеми.

Highwaymen

уреди

Во 1980, Кеш го примиле во Кантри-музичката куќа на славните како најмлад жив член со 48 години, но низ 80-ите неговите песни не успеале да направат некој пробив на кантри топ-листите, иако продолжил со турнеите успешно. Во средината на 80-ите, тој снимал и бил на турнеја соВејлон Џенингс, Вили Нелсон и Крис Кристоферсон како The Highwaymen, и направиле два хит албума.

Во овој период, Кеш се појавил во неколку ТВ филмови. Во 1981, играл во The Pride of Jesse Hallam, добил добри критики во филм за возрасната неписменост. Во истата година, Кеш се појавил како„специјален гостин“ во епизоа од Мапет Шоуто. Во 1983, се појавил како херојски шериф во Murder in Coweta County, засновано на вистински настан на убиство од Џорџија, заедно со Енфи Грифит како негов партнер. Кеш пробувал со години да го направи филмот, за кој добил признание.

Кеш станал зависен од аналгетици за сериозна абдоменална повреда во 1983 предизвикана на необичен начин, бил клоцнат од ној што го чувал на неговата фарма.

На една болничка посета во 1988, да го посети Вејлон Џенингс (кој се опоравувал од срцев удар), Џенингс сугерирал дека Кеш дошол во болницата да си го провери срцето. Докторите предложиле операција на срцето и врз Кеш била извршена двојна бајпас операција во истата болница. Двајцата се опоравиле, иако Кеш одбивал да зема аналгетици, плашејќи се дека ќе стане зависен. Кеш подоцна изјавил дека за време на неговата операција, тој доживеал „искуство блиску до смрт“. Тој рекол дека имал визии со Рајот толку убави што бил лут кога се разбудил жив.

Кариерата на Кеш и неговото пријателство со естаблишментот на Нешвил биле многу слаби во 80-ите. Тој сфатил дека неговата продуцентска куќа од скоро 30 години, Колумбија, била индиферентна кон него и не го рекламирала добро (бил „невидлив“ во тоа време, како што вели во својата биографија). Кеш снимил намерно грда песна во знак на протест, сопствена пародија. „Chicken in Black“ била најкомерцијален успех, песна за мозокот на Кеш трансплантиран во кокошка. Иронично, песната стана поголем комерцијале успех од која било претходно од неговиот репертоар. Сепак, тој се надевал да ја убие врската меѓу него и куќата пред тие да го сторат тоа, па не беше многу по „Chicken in Black“ Колумбија и Кеш се разделија.

Во 1986, КЕш се вратил во Студијата на Sun во Мемфис се здружил со Рој Орбисон, Џери Ли Луис и Карл Перкинс да го создадат албумот Class of '55. Ова не било првпат да се здружи со Луис и Перкинс во студиото на Sun. Исто во 1986, Кеш го издал својот роман, Man in White, книга за Савле и неговата преобразба во Апостол Павле. Го сними и Johnny Cash Reads The Complete New Testament во 1990.

Американ Рекордингс

уреди

Откако го раскинал договорот со Колумбија Рекордс, имал краток обид со Меркјури Рекордс од 1987 до 1991.

Во 1991, Кеш пеел помошен вокал за преработка на „Man in Black“ за албумот на христијанскиот панк бенд One Bad Pig, I Scream Sunday. Неговата кариера била освеженаво 90-ите, популарноста му се враќала кај помладата публика која не била традиционално заинтересирана за кантри-музика. Во 1993, пеел вокал за песната на U2, „The Wanderer“ од нивниот албум Zooropa. Иако не барал голема продуцентска куќа, на Кеш му пришол Рик Рубин и му понудил договор со неговата Американ Рекордингс, позната попродуцирање рап и хард рок. Под надзор на Рубин, го снимил албумот American Recordings (1994) во неговата дневна соба, сам со својата гитара. Албумот содржел неколку преработки од артисти одбрани од Рубин и имал голем критички и комерцијален успех, добил Греми за најдобар современ фолк албум. Кеш пишал дека приемот од публиката во 1994 на Glastonbury Festival бил еден од најдобрите моменти во неговата кариера. Ова било почеток на една декада на музичка индустрија и изненадувачки комерцијален успех.

Кеш и жена му се појавиле на голем број епизоди од популарната телевизиска серија Dr. Quinn, Medicine Woman во која главна улога била Џејн Сејмур. Глумицата имала голема почит кон Кеш што крстила еден од нејините синови близнаци по него. Го позајмил гласот во една епизода од Симпсонови, со глас на којот што го води Хомер по душевна потрага. Во 1996, Кеш издал продолжение на American Recordings, Unchained, и бил придружуван од Том Пети и Срцекршачите, што добил Греми за најдобар Кантри Албум. Кеш, верувал дека не објаснил доволно за себеси во автобиографијата од 1975 Man in Black, напишал нова автобиографија во 1997 насловена Cash: The Autobiography.

Последни години и смрт

уреди

Во 1997, Кеш бил дијагностициран со невродегенеративна болест Шај-Дрејгер синдром. Дијагнозата подцна била сменета со автономна невропатија придружена од дијабетес. Болеста го присилила Кеш да ги откаже турнеите. Бил хоспитализиран во 1998 сосериозна пнеумонија, што му ги оштетила белите дробови. Албумите American III: Solitary Man (2000) и American IV: The Man Comes Around (2002) го содржеле одговорот на Кеш за неговата болест во форма на песни со малку потеемен тон од првите два American албуми. Видеото што беше издадено за песната „Hurt“, преработка на оригиналот на Nine Inch Nails, ги содржи погледите на Кеш кон своето минато и чувства на жалење. Видеото за таа песна, од American IV, сега е познато како „негов епитаф“ и доби голема критичка и популарна поддршка. Џун Картер Кеш умере на 15 мај, 2003, на возраст од 73. Џун му рекла на Кеш да продолжи да работи, па продолжил да снима и дури настапил во живо на неколку изненадни шоуа на Carter Family Fold близу Бристол, Вирџинија. На 5 јули, 2003 на концерт (неговиот последен јавен настап), пред да ја пее „Ring of Fire“, Кеш прочитал мал говор за неговата жена што го напишал пред да се качи на сцената:

“Духот на Џун Картер ме засенува вечерва со љубовта што таа ја имаше за мене и љубовта што јас ја имам за неа. Се поврзуваме некаде помеѓу овде и Рајот. Се спушти долу на кратка посета, претпоставувам, од Рајот да ме посети вечерва за да ми даде храброст и инспирација како што секогаш ми даваше.”

Кеш умре по неполни четири месеца по смртта на неговата сопруга, на 12 септември, 2003, додека бил хоспитализиран во баптистичката Болница во Нешвил. Бил погребан до жена му во Hendersonville Memory Gardens близу неговиот дом во Хендерсонвил, Тенеси.

Неговата полуќерка, Рози (Никс) Адамс и уште еден патник биле најдени мртви во автобус во Монтомери Каунти, Тенеси, на 24 октомври, 2003. Се верувало дека смртта била предизвикана од јаглерод моноксид од светилките од автобусот lanterns in the bus. Адамс имала 45 години кога умрела. Била погребана во Hendersonville Memory Gardens, Хендерсонвил, Тенеси, до мајка и и очувот.

На 24 мај, 2005, Вивијан Либерто, првата сопруга на Кеш и мајката на Розана Кеш Cash и три други ќерки, умре од операција на отстранување на рак набелите дробови на возраст од 71. На 50-от роденден на ќерка и Розана.

Во јуни 2005, неговиот дом покрај езеро на Caudill Drive во Хендерсонвил бил ставен на продажба од неговиот агент за недвижнини. Во јануари 2006, куќата била продадена на вокалот на Би Џиз, Бери Гиб и жена му Линда за 2,3 милиони долари. Агентот бил брат му на Кеш, Томи. Домот бил уништен од пожар на 10 април, 2007.

Една од последните соработки на Кеш со продуцентот Рик Рубин, насловена American V: A Hundred Highways, била издадена посмртно на 4 јули, 2006. Албумот дебитирал на првата позиција на листата Топ 200 албуми за таа недела.

На 26 февруари, 2010, кога требало да биде 78-от роденден на Кеш, семејството Кеш, Рик Рубин и Лост Хајвеј Рекордс го издале вториот посмртен албум, насловен American VI: Ain't No Grave. Како додаток на албумот се согласиле да има „Носете црно за Џони“ ден во чест на негово сеќавање.

Наследство

уреди

Од неговите рани денови како пионер на Рокабили и Рокенрол во 50-те, до декадите како репрезент на меѓународната кантри-музика, до враќањето на неговата слава во 90-те како жива легенда и алтернативна кантри икона, Кеш инспирирал многубројни артисти и оставил големо творештво. До неговата смрт, Кеш бил награден со епитетот најпопуларен музичар на сите времиња. Неговиот бунтовнички имиџ ианти-авторитетен став влијаеле на панк-рок движењето.

Од децата на Кеш, неговата ќерка Розана Кеш (од првата жена Вивијан Либерто) и неговиот син Џон Картер Кеш (од Џун Картер Кеш) се познати кантри-музичари.

Кеш негувал и бранел други артисти во кантри-музиката иако бил најголемиот симбол на кантри-музиката. На концерт со повеќе ѕвезди на ТНТ во 1999, различна група на артисти му оддала почит, вклучувајќи ги Боб Дилан, Крис Ајзак, Вајклеф Жан, Нора Џонс, Крис Кристоферсон, Вили Нелсон и Ју-Ту. Кеш се појавил на крајот и настапил за првпат по една година. Два трибјут албуми биле издадени пред неговата смрт; Kindred Spirits содржел преработки од познати артисти, додека Dressed in Black содржел преработки од помалку познати артисти.

Вкупно, напишал преку 1000 песни и издал дузина албуми. Бокс-сет насловен Unearthed бил издаден посмртно. Содржел четири ЦД-а необјавен материјал снимен со Рубин како и Best of Cash on American ретроспективно ЦД.

Во чест на неговата целоживотна поддршка на СОС детските села, неговото семејство покани пријатели да донираат средства во негов спомен. Имал приватна поврзаност со СОС детското село во Диесен, на Амерзее езерото во јужна Германија, близу каде бил стациониран како војник, и со СОС детското село во Берет Таун, на заливот Монтего, близу неговата куќа за одмор во Јамајка. Меморијалниот Фонд Џони Кеш бил формиран.

Во 1999, Кеш доби Греми за животно дело. Во 2004, магазинот Ролинг Стоун го рангиралЏони Кеш на 31-то место на листата 100-те најголеми артисти на сите времиња.

Во чест на Кеш по неговата смрт, кантри-музичарот Гери Алан ја вклучи песната „Nickajack Cave (Johnny Cash's Redemption)“ на неговиот албум од 2005 Tough All Over. Песната бележи пад на Џони Кеш по кој тој воскреснува во својот живот и кариера. Главната улица во Хендерсонвил, Тенеси, автопатот 31Е, е позната како „Johnny Cash Parkway“. Музејот Џони Кеш е сместен во Хендерсонвил, Тенеси.

Од 2-ри до 4 ноември, 2007, беше одржан фестивалот Џони Кеш за берење цвеќиња во Старквил, Мисисипи. Старквил, каде Кеш бил уапсен пред повеќе од 40 години и задржан преку ноќ во притвор на 11 мај, 1965, го инспирирало Кеш да ја напише песната „Starkville City Jail“. Фестивалот, каде му било посветено посмртно извинување, го славело името на Кеш и неговото дело и се очекувало да стане годишен настан.

JC Unit One, приватниот автобус за турнеи на Кеш од 1980 до 2003, бил ставен како експонат во Рокенрол куќата на славните + музејот во 2007. Музејот во Кливленд, Охајо нуди јавно разгледување на автобусот.

Портретирање

уреди

Во 1998, кантри пејачот Марк Коли го портретираше Кеш за првпат во краток филм, I Still Miss Someone. Снимен во црно-бела техника, со обид да се фати момент од Кеш низ неговите најмрачни години, средината на 60-те his. Walk the Line, биографија наградена со оскар за животот на Кеш во главна улога со Жоакин Феникс како Џони и Риз Витерспун како Џун (за која Риз добива оскар во 2005 за најдобра глумица), беше пуштен во САД на 18 ноември, 2005 со значителен комерцијален успех и критичко признание. И Феникс и Витерспун добија многу други награди за нивните улоги, како Златен Глобус за најдобар глумец во мјузикл или комедија и најдобра глумица во мјузикл или комедија. Двајцата настапуваа со своите гласови на филмот, а Феникс научил да свири гитара за филмот. Феникс доби Греми награда за придонес во саундтракот за филмот. Џон Картер Кеш, единственото дете на Џони и Џун, беше извршен продуцент на филмот.

Дискографија

уреди

1957 - Johnny Cash with His Hot and Blue Guitar

1958 - Sings the Songs That Made Him Famous

1959 - The Fabulous Johnny Cash

1959 - Greatest!

1959 - Songs of Our Soil

1960 - Sings Hank Williams

1960 - Ride This Train

1960 - Now, There Was a Song!

1961 - Now Here's Johnny Cash

1962 - The Sound of Johnny Cash

1962 - All Aboard the Blue Train

1963 - Blood, Sweat, and Tears

1964 - The Original Sun Sound of Johnny Cash

1964 - I Walk the Line

1964 - Bitter Tears: Ballads of the American Indian

1965 - Orange Blossom Special

1965 - Sings the Ballads of the True West

1966 - Everybody Loves a Nut

1966 - Happiness Is You

1968 - From Sea to Shining Sea

1970 - Hello, I'm Johnny Cash

1971 - Man in Black

1972 - A Thing Called Love 1972 - America: A 200-Year Salute in Story and Song

1973 - Any Old Wind That Blows

1974 - Ragged Old Flag 1974 - Junkie and the Juicehead Minus Me

1975 - The Johnny Cash Children's Album

1975 - John R. Cash

1975 - Look at Them Beans

1976 - One Piece at a Time

1977 - The Last Gunfighter Ballad 1977 - The Rambler

1978 - I Would Like to See You Again

1978 - Gone Girl

1979 - Silver

1980 - Rockabilly Blues

1981 - The Baron

1982 - The Adventures of Johnny Cash

1983 - Johnny 99

1985 - Rainbow

1987 - Johnny Cash Is Coming to Town

1988 - Classic Cash: Hall of Fame Series

1988 - Water from the Wells of Home

1990 - Boom Chicka Boom

1991 - The Mystery of Life

1994 - American Recordings

1996 - Unchained

2000 - American III: Solitary Man

2002 - American IV: The Man Comes Around

2003 - Unearthed

2006 - American V: A Hundred Highways

2010 - American VI: Ain't No Grave

Награди и признанија

уреди

Кеш има добиено многу Кантри Музички Награди, Греми награди и други награди, од категориите вокални перформанси па до албуми и видеа. Во кариера која траела скоро пет декади, Кеш бил персонификација за кантри-музика за многу луѓе низ светот. Кеш бил музичар кој не бил врзан само за еден жанр. Снимал песни што може да се вбројат како рокенрол, блуз, рокабили, фолк и госпел, а влијаел и за развивањето на секој од овие жанрови. Тој ја имал уникатната шанса да се оддалечи од жанрот од многуте кантри артисти доцна во неговата кариера и да привлече неочекувана публика на млади инди и алтернативен рок обожаватели. Неговата различност е докажана во три куќи на славните: Куќа на славните текстописци во Нешвил (1977), Куќа на славните кантри-музичари (1980) и Куќа на славните рокенрол музичари (1992). Само тринаесет изведувачи се во последните две куќи и само Хенк Вилијамс, Џими Роџерс и Бил Монро ја делат честа со Кеш да бидат во сите три куќи. Кеш изјавил дека влегувањето во Куќата на славните кантри-музичари, во 1980, било негово најголемо постигнување во кариерата. Во 2001, му бил доделен Национален Медал за Уметност. Беше номиниран на Ем-Ти-Ви Музичките награди за најдобра кинематографија за неговото видео „Hurt“ и требаше да се појави, но умре во текот на ноќта. Во 2007, Кеш влезе во Hit Parade Hall of Fame.

Наводи

уреди
  1. Über Pro Audio LLC (2009). Johnny Cash—Guitars and Equipment. Проверено на 2009-05-15.
  2. As of early 2010, the online store Архивирано на 9 јуни 2010 г. of Johnny Cash's official website sold checks that Cash had signed—and which, according to the item's listing, were "signed using Johnny's legal name, 'John R. Cash'"; JohnnyCash.com (2010). Autographs Архивирано на 24 февруари 2018 г.. Проверено на 20 март 2010.