Куќата на Славните на Рокенролот

Куќата и Музејот на Славните на Рокенролот е музеј сместен на брегот на езерото Ири во центарот на Кливленд, Охајо, САД. Тој е поставен за архивирање на историјата на некои од најпознатите и највлијателните артисти, продуценти, инженери и други кои на некој поголем начин имале влијание врз музичката индустирја преку рок-музиката. Музејот е дел од обновената област на северното пристаниште.

Rock and Roll Hall of Fame and Museum
Карта
Основан1983 (официјално отворена во 1995)
Место„1100 Rock and Roll Blvd.“
Кливленд, Охајо 44114
САД
ПретседателТери Стјуарт [1]
Мреж. местоrockhall.com

Фондацијата и музејот уреди

Фондацијата на куќата на славните на рокенролот е создадена на 20 април, 1983. Сепак таа немаше дом. Истражниот комитет вклучил повеќе градови меѓу кои и Мемфис (домот на „Sun Studios“ и „Stax Records“), Синсинати (домот на „King Records“), Њујорк и Кливленд. Кливленд силно лобирал за да биде избран потенцирајќи дека диџејот Алан Фрид е заслужен за промовирањето на новиот жанр (и терминот), односно рокенрол, и дека Кливленд бил домаќинот на првиот рокенрол концерт. Граѓанските водачи во Кливленд ветиле дека ќе даде 65 милиони долари, јавни пари, за да се финансира изградбата. Била пуштена петиција во која 600,000 обожаватели повеќе се залагале за Кливленд однего за Мемефис, а пак анкета на „USA Today“ покажала дека Кливленд водел со 100,000 гласа. Советот на куќата на славните изгласал за изградбата да се започне во Кливленд.

Од страна на организаторите на овој проект, Кливленд можеби и беше изгласан поради тоа што беа понудени највеќе средства од нивна страна. Како што Мајкл Нормен, музички критичар, вели - „Не беше Алан Фрид. Тоа беа 65-те милиони долари... Кливленд ја сакаше таму градбата и ги понуди парите“.[2] Соосновачот Џен Венер подоцна кажа „една од помалите тажни работи е тоа што не го направивме во Њујорк“, но подоцна додаде „Јас сум апсолутно среќен бидејќи Куќата на Славните на Рокенролот е во Кливленд“.[3]

Во еден момент од фазата на планирање кога произлегол финансиски проблем било предложено куќата да биде сместена во тогаш слободната градба на „May Company“, но било одлучено дека архитектот И.М. Пеи, сепак, ќе треба да дизајнира нова градба. Пеи произлегол со идеја за кула со испакната стаклена пирамида. Се планирало кулата да биде висока 61 метро, но морала да биде намалена на 49 метри поради нејзината близина до аеродромот „Burke Lakefront Airport“. Градбата е приближно 14,000 метри квадратни. Првата прослава била одржана на 7 јуни во 1993 со Пити Тоуншенд и Чак Бери кои ги извршиле почестите. Првиот кустос на куќата на славните беше д-р. Брус Конфорт, поранешен фолк и рок-музичар, кој бил и професор по фолклор, етномузикологија, Американска култура и блуз музика. Музејот бил отворен на 2 септември, 1995, кога лентата била исечена од еден ансамбл кој ги вклучува Јоко Оно и Литл Ричард, меѓу другите.

Структура уреди

 
Поранешниот анекс во Сохо во Њујорк Сити (сега затворен)

Градбата има седум ката. Од првиот до петтиот кат има многу привремени и постојани изложби кои ја документираат историјата на рокенролот. Привремените изложби покажуваат предмети од артисти кои се позајмени на кратко време. Во музејот се сместени и голем број на музички филмови за гледање, како што беше изложбата во 2007 со Џорџ Харисон на Концертот за Бангладеш. Некои од трајните изложби вклучуваат и историја од аудио технологијата, секција со облечени кукли во облеката на познати артисти од минатото и сегашноста и ареа која покажува музички сцени од различни градови низ различни епохи како на пример Мемфис во 50-те, Ливерпул и Сан Франциско во 60-те, Лос Анџелес во 70-те, Њујорк Сити и Лондон во 70-те и 80-те и Сиетл во 90-те.

Третиот спрат е оној каде што е „навистина сместена“ куќата на славните и вклучува ѕид со потписи на сите кои биле во неа. Седмиот, и последен кат од зградата, е наменет за привремени изложби кој прикажуваат група на артисти на одредено време. Тоа го зафаќа целиот спрат кој е и најмалиот поради тоа што е на врвот на пирмидата. Некои од артистите се Елвис Присли, „The Supremes“, „The Who“, „The Beach Boys“, „The Beatles“, „U2“, „Queen“, Боб Дилан, „The Clash“, „The Doors“ и Рои Орбисон.[4]

Иако музејот е во Кливленд, сè до 2009 церемонијата на годишно ниво се одржувала во Њујорк (освен во 1993, кога церемонијата била одржана во Лос Анџелес[5] и во 1997 кога истата била одржана во Кливленд[6]). Ова било извор на контроверзии и тензии помеѓу комитетот на фондацијата за годишното прикажување и самата куќа на славните. Во декември, 2007, било најавено дека церемонијата ќе се одржува во Кливленд на секои три години, почнувајќи од 2009.[7][8]

На 2 декември, 2008, анексот на куќата на славните на рокенролот бил отворен во соседството на Сохо во Њујорк, но бил затворен на 3 јануари, 2010.[9]

500 песни кои го обликувале рокенролот уреди

„500-те песни кои го обликувале рокенролот“ во Куќата на Славните на Рокенролот е неподреден список на 500 песни за се верува дека биле највлијателни во обликувањето на текот на рокенролот, иако некои од нив припаѓаат на различен стил на музика (како некои рап песни од 1980-те и 1990-те). Списокот е направен од кустосот на куќата, Џејмс Хенки кој, според куќата на славните, „го составил списокот според работата на кустосите во музејот и бројните рок критики и музичките експерти“.[10] Листата е дел од постојана исложба во музејот и била одредена како дел од музејот уште од неговото отворање во 1995.[11] Списокот содржи песни од 1920-те па сè до 1990-те. „The Beatles“ се група со најмногу песни на списокот (седум), Елвис Пресли и „The Rolling Stones“ имаат по шест песни, додека пак „The Beach Boys“ и Боб Дилан имаат по пет песни.[12]

Концертот на 25-та годишнина уреди

Куќата на славните на рокенролот својата 25-та годишнина ја прослави со серија на концерти во два дена, односно на 29 и 30 октомври, 2009, во „Madison Square Garden“ во Њујорк. Во прославата биле вклучени Џери Ли Луис, „U2“, Пети Смит, Брус Спрингстин & „The E Street Band“, Симон & Герфункил, „Metallica“, Ферги, Мик Џегер, Лу Рид, Реи Дејвис, Ози Озборн, Пол Симон, Џеф Бек, Арета Френклин, Стиви Вондер, Стинг и Крозби, Стилс и Неш. Првата вечер траела скоро шест часа со Брус Спрингстин затворајќи го концертот со специјалните гости Џон Фогерти, Дарлин Лав, Том Морело, Сем Мур, Џексон Браун, Питер Вулф и Били Џоел.[13][14][15]

Куќата на славните уреди

 
Куќата на славните на рокенролот, со поглед и на езерото Ири

Група на артисти се претставени во куќата на славите во воведот на годишната церемонија, историски поддржани во хотелот „Waldorf-Astoria“ во Њујорк. Првата група е претставена на 23 јануари, 2986, во која се вклучени Џејмс Браун, Литл Ричард, Елвис Присли, Фатс Домино, Реј Чарлс, Чак Бери, Сем Кук, „The Everly Brothers“, Бади Холи и Џери Ли Луис. Моментално групи или индивидуалци се квалификувани за претставување на 25 годишнина од издавањето на нивната прва снимка. Кандидатите треба да имаат докажано влијание и значење во историјата на рокенролот. Четири категории се одделени: „Изведувачи“, „Неизведувачи“, „Рани влијанија“ и „Соучесници“ (од 2000). Како и да е, обожавателите немаа влијание на тоа кој ќе биде номиниран или пак избран.[7]

Изведувачи уреди

Во изведувачи се вклучени пејачи, вокални групи, бендови и инструменталисти од сите видови. Комитет за номинирање ги селектира имињата за категоријата „Изведувачи“ кои потоа се гласаат од петстотини експерти од целиот свет. Луѓето избрани за да гласаат се академици, новинари, продуценти и други вклучени во музичката историја. За да бидат избрани за претставување изведувачите треба да добијат најголем број на гласови и повеќе од 50% од гласовите. Околу пет до седум изведувачи се претставуваат секоја година.[16] Првата личност која настапила во Куќата на Славните на Рокенролот бил продуцентот и гитарист од Лос Анџелес, Џо Соло.

Рани влијанија уреди

Во „Рани влијанија“ се вклучени артисти од раните епохи, примарно кантри, фолк и блуз музичари кои инспирирале и влијаеле на рокенрол артисти. Забележливи артисти кои биле вклучени во оваа листа биле кантри-музичарот Хенк Вилјамс, блуз музичарот Ховлин Вулф и џез музичарите Џели Рол Мортон и Луис Армстронг. По Нет Кинг Кол и Били Холидеи во 2000, никој не бил претставен во оваа категорија до 2009, кога бил селектиран рок пејачот Ванда Џексон. За разлика од поранешните артисти, Џексоновата кариера почнала да се оформува по традиционалниот старт на рок ерата во 1995.

Не-изведувачи уреди

Во оваа категорија се вклучени оние кои примарно работеле позади сцените на музичката индустрија, меѓу кои извршители во издавачки куќи, текстописци, продуценти на снимања, диџеи, промотери на концерт и музички новинари. Категоријата содржела најмалку еден претставник секоја година освен во 2007 и 2009. По смртта на соосновачот Ахмет Ертегун имаето на оваа категорија во 2008 е преименувано во „ Ahmet Ertegun Award “ во негова чест.[17]

Соучесници уреди

Во категоријата „Соучесници“ е формирана во 2000 и се претставени почесни ветерански сесии и одржувачи на концерти кои се селектирани од комисија формирана примарно од продуценти. Категоријата била неактивна од 2004 до 2007 и била повторно активирана во 2008. Во 2010 категоријата беше преименувана во „ Award for Musical Excellence “ (Награда за музички успех)[18]

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-01-14. Посетено на 2011-02-13.
  2. Farley, Christopher John (2001-06-24). „Forever Rockin'. Time. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 2009-01-27.
  3. Soeder, John (2008-12-04). „Does Rock Hall co-founder Jann Wenner regret building museum in Cleveland?“. Cleveland.com. Посетено на 2009-01-27.
  4. The Rock and Roll Hall of Fame
  5. „Jan 12, 1993: Century Plaza Hotel, Los Angeles“. Архивирано од изворникот на 2011-07-28. Посетено на 2011-02-13.
  6. „May 6, 1997: Renaissance Cleveland Hotel, Cleveland“. Архивирано од изворникот на 2011-05-09. Посетено на 2011-02-13.
  7. 7,0 7,1 „Rock Hall Induction Returning To Cleveland“. Billboard.com. 2007-12-19. Посетено на 2007-12-27.
  8. Soeder, John (2007-12-19). „Cleveland to host 2009 Rock and Roll Hall of Fame induction ceremony“. Cleveland Plain Dealer. Архивирано од изворникот на 2007-12-20. Посетено на 2007-12-27.
  9. New York Annex of Rock and Roll Hall of Fame Will Close The New York Times December 4, 2009
  10. FAQ
  11. Artcom Museums Tour: Rock and Roll Hall of Fame & Museum, Cleveland, OH
  12. „The 500 Songs That Shaped Rock and Roll“. Rock & Roll Hall of Fame. Архивирано од изворникот на 2010-03-17. Посетено на 2010-09-02.
  13. Billy Joel is surprise guest at Rock and Roll Hall of Fame concert
  14. http://www.nj.com/entertainment/music/index.ssf/2009/10/jagger_springsteen_black_eyed.html
  15. http://www.nj.com/entertainment/music/index.ssf/2009/11/songs_for_hbos_rock_and_roll_h.html
  16. The Rock and Roll Hall of Fame - Induction Process.
  17. Late Ertegun Honoured With New Hall Of Fame Award
  18. Soeder, John (2010-12-15). „Neil Diamond, Alice Cooper, Dr. John, Darlene Love and Tom Waits headed into Rock Hall“. The Plain Dealer. Посетено на 2010-12-20.

Надворешни врски уреди