Куќа на славата на текстописците
Куќа на славата на текстописците (анг: Songwriters Hall of Fame (SHOF)) е американска институција основана во 1969 година одЏони Мерсер, Абе Олман и Хауи Ричмонд за да им оддаде признание на заслужните текстописци на песни од популарната американска музика. Не само што им се оддава признание на етаблирани текстописци, туку институцијата е вклучена и во развој на нови таленти за пишување песни на англиски јазик преку работилници, изложби и стипендии. Развиени се многу програми за совладување на техниките на пишување песни и за откривање на нови текстописци на англиски јазик. Нил Роџерс е претседател на организацијата.[1]
Основан | 1969 |
---|---|
Место | (Сегашна-привремена) Гремиевиот музеј на L.A. Live 800 W Olympic Blvd Лос Анџелес, CA 90015 (Предложена-постојана) Brill Building 1619 Бродвеј, Менхетен Њујорк, NY 10019 |
Координати | 34°02′41″N 118°15′53″W / 34.04472° СГШ; 118.26472° ЗГД |
Тип | Музички музеј |
Претседател | Линда Моран |
Мреж. место | songhall.org |
Куќата на славата била основана во 1969 година, а во 2010 година, била поставена интернет изложба во Гремиевиот музеј на L.A. Live во Лос Анџелес.[2] Куќата нема постојана адреса, а бидејќи наградите не се пренесуваат на телевизија, нема да има друга дигитална снимка од настанот.[3]
Има многу примери кога два текстописци кои соработувале се примени заедно, при што секоја личност се смета за одделен учесник. Во првата година биле примени 120 музичари, а многумина од нив имале професионално партнерство, како Роџерс и Хамерштајн. Следеле Бурт Бачарах и Хал Дејвид во 1972 година. Бети Комден и Адолф Грин биле избрани во 1980 година, а Либер и Столер биле примени во 1985 година. Џон Ленон и Пол Макартни биле примени во 1987 година.[4][5] Истата година, Гери Гофин, Керол Кинг, Бери Ман и Синтија Веил биле примени во SHOF. Екипата од Motown 's Holland-Dozier-Holland добила признание следната година. Елтон Џон и Берни Таупин биле меѓу избраните во 1992 година, а тројцата браќа од поп-музичката група Bee Gees биле примени во 1994 година. Queen била прва рок група од која сите членови биле примени во 2003 година.[6][7] Пет членови на Earth, Wind & Fire биле во класата во 2010 година. Четворица членови на „Kool and the Gang“ биле одликувани во 2018 година. До 2019 година, 461 лице биле примени во SHOF.
Наводи
уреди- ↑ „Nile Rodgers Appointed Chairman of the Songwriters Hall of Fame: Exclusive“. Billboard. Архивирано од изворникот на July 2, 2018. Посетено на July 5, 2018.
- ↑ „About Us“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на June 17, 2015. Посетено на June 14, 2015.
- ↑ „Songwriters Hall of Fame Honorees Range from Gaga to Grateful Dead“. Variety. June 18, 2015. Архивирано од изворникот на June 19, 2015. Посетено на June 19, 2015.
- ↑ „John Lennon | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на 2022-10-10.
- ↑ „Sir Paul McCartney | Songwriters Hall of Fame“. www.songhall.org. Посетено на 2022-10-10.
- ↑ „The Lives & Music of Queen“. ABC. Архивирано од изворникот на October 16, 2007. Посетено на June 11, 2011.
- ↑ „2003 Award and Induction Ceremony: Queen“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на December 17, 2010. Посетено на June 11, 2011.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- NAMM Oral History Interview with Linda Moran June 12, 2013