Бугарска православна црква
Бугарска православна црква (БПЦ) — православна црква со околу 6,7 милиони членови во Бугарија и околу 3,5 и 4 милиони во Европската Униja, САД и Австралија. БПЦ е составена од четиринаесет епархии: Варненска и Великопреславска, Великотрновска, Видинска, Врачанска, Доростолска, Ловченска, Неврокопска, Плевенска, Пловдивска, Русенска, Сливенска, Софиска, Старозагорска и епархиите во САД и Австралија и Нов Зеланд. Во БПЦ се студира теологија на богословските факултети во Софија и во Велико Трново.
Бугарска патријаршија Българска патриаршия | |
---|---|
Класификација | Православие |
Поглавар | Даниил |
Епископи | 22 |
Свештеници | над 1.500 |
Парохии | 2.600 |
Манастири | 120 |
Јазик | Бугарски и црковнословенски |
Седиште | Катедрала Александар Невски, Софија, Бугарија |
Територија | Бугарија |
Владенија | САД, Канада, Австралија, Европска Унија, Аргентина, Русија, Грција, Турција |
Основач | Апостол Андреја, Свети цар Борис |
Независност | 870–1018 1185–1393 1870–денес |
Признавање | 870 (Автономија) 927 (Автокефалност) 1235 (Патријаршија) 1945 (Автокефалност) 1953 (Патријаршија) |
Членови | 8 милиони |
Мрежно место | Бугарска православна црква |
Историја
уредиПрва бугарска држава
уредиВо времето кога започнала христијанизацијата на Бугарите, во 864 година бугарскиот кнез Борис I (852 — 889) успеал да ја основа новата црква на Балканот. На свиканиот собор во 893 година во Преслав, познат како Преславски собор, заедно со изборот на Симеон за цар на Бугарија, било земано решение грчкиот јазик да биде заменет од старословенски јазик во богослужбите. По покрстувањето Борис побарал дозвола од Цариградската патријаршија за самостојна Бугарска патријаршија, но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде бугарски патријарх.
Во 867 година нови бугарски пратеници биле дојдени во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патријарх. Папа Никола I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адријан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови. Борис повторно се обратил кон Цариград со истата молба и на соборот од 869 до 870 год. се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги. Тој бил потчинет на Цариградската патријаршија.
Во истото време (краjот на 885 г.) Борис ги примил учениците на Кирил и Методиј, коишто били протерани од Велика Моравија. Словенскиот јазик станал службен јазик на Бугарија, заменувајќи го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде ja основал Охридската книжевна школа. По непрекинато 36-годишно управување во 889 год. царот Борис доброволно се откажал од престолот и се повлекол во манастир.
Во 886 година на бугарски црковен собир било решено Бугарската архиепископија да стане автокефална (самостојна). На чело на бугарската црква застанал Јосиф Исповедник, архиепископ и прв бугарски патријарх, кој ја спроведувал прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар Симеон I. Во следните години, царот Симеон I (893 — 927) постепено ги заменил грчките духовници со бугарски, создавајќи ја Бугарската егзархија, која во времето на неговиот наследник Петар I (927 — 970) добила ранг на патријаршија. Така, за прв бугарски патријарх бил избран Дамјан Доростолски, а седиште на црквата станал градот Преслав. Според некои извори, престолнината на патријаршијата била преместена во Драстер. Се смета дека Бугарската патријаршија постоела уште во времето на царот Симеон I. Ова прашање често се поврзува со признавањето на царската титула на Симеон од страна на Вселенската патријаршија. Истото време Климент станал епископ на Величката епархиja со центар во Охрид (според некои бугарски теории, на Охридската епископија како дел од Бугарската православна црква), а Наум дошол од Преслав во Охрид да ја води Охридската школа.
Бугарската патријаршија била укинета по пропаѓањето на Самуиловото царство. Во втората половина на 10 век, моќта на Бугарија се намалила, а териториите биле заземани од страна на Киевска Русија, а по ова и од страна на Византија.
Втора Бугарска држава
уредиПо успешното востание на трновските болјари Петар и Асен во 1185 година, бугарската држава повторно била создадена, но тоа не довело до повторно основање на Бугарската патријаршија. Во времето на Иван Асен I (1190 — 1197) и Петар IV, (1185 — 1197), на чело на црквата бил архиепископот Василиј. Папа Инокентиј III во 1199 година му предложил на Калојан да ја признае неговата власт, а истото пак да го стори и царот според кој договор, тој би требало да го признае папата како владетел над светските империи и царства, пример кој веќе се практикувал во Западна Европа. Во продолжение на пет години, Калојан и папата преговарале околу можната унија. Во исто време, папата му заповедил на унгарскиот крал да се откаже од денешните српски земји Белград и Браничево. Во исто време, Калојан пак започнал преговори со Византија чија цел била таа да го прогласи за цар (цѣсарь — цезар), титула која била еднаква на титулата император, како и да се признае автокефалноста на неговата црква. Во крајна сметка, Калојан се одлучил за православниот свет, во кој владетелот односно царот не бил управуван од страна на црквата, туку цезарот односно царот бил над црковниот поглавар.
По победата на Иван Асен II во Битката кај Клокотница во 1230 година, тој на практика го зазел целиот Балкански Полуостров, станувајќи претендент за престолот во Цариград. Но кога бил измамен од надежта Римската црква да му даде поддршка околу ова, тој повторно се зближил со Никејската Империја, со цел повторно да ја основа Бугарската патријаршија. Ова се случило во 1235 година, по решението на вселенскиот патријарх Герман II и патријарсите на Ерусалим, Антиохија и Александрија. Така, за прв патријарх на Трново бил избран Јоаким.
За седиште на патријархот бил избран градот Трново, па од тука, името било Трновска патријаршија. Седиштето, односно дворецот на патријархот бил на самиот врв од тврдината, место каде се наоѓала и царската палата. Блискоста на двата објекти го симболизирало единството помеѓу црквата и државата.
Една од основните задачи на Бугарската патријаршија била зацврстувањето и спроведувањетѕо на царската власт и правото на царот да раководи со поверениот му од Бог народ. Според ова, црквата била претворена во политичка организација и дел од државната власт. Патријархот станал еден од членовите на царскиот совет и учествувал во сите важни прашања од внатрешниот и надворешниот живот на земјата. Понекогаш тој бил испраќан и во дипломатски мисии од особена важност надвор од земјата. Патријархот Евтимиј Трновски бил еден од најзначајните писатели на православниот свет во своето време, кој ја основал Трновската книжевна школа.
Власта на патријархот најмногу се проширила во времето на Иван Асен II, време кога епархиите вклучувале поголем дел од Балканскиот Полуостров. По падот на централната власт од 14 век, патријаршијата исто започнала да губи дел од своите епархии. Разделувањето на царството на повеќе делови по смртта на Јован Александар (1331 — 1371), нанело нов удар на црквата.
Заземањето на Трново од страна на Османлиите во 1393 година значело и крај на трновската патријаршија.
Османлиско Царство
уредиВо времето кога Бугарија била зазедена од страна на Османлиите, Бугарите биле лишени од сопствена црква, а Трновската патријаршија била укинета. Во тој период останала само Цариградската патријаршија. Налагањето на грчкиот јазик се окажало негативно на народот. Во тој период опстојувала Охридската архиепископија, која претендирала за духовната власт над православните христијани во Отоманското Царство.
Бугарска егзархија
уредиБугарската егзархија била автокефална бугарска национална црква, создадена на 28 февруари 1870 година.[1][2]
Трета бугарска држава
уредиВо текот на 1913 година, егзархот Јосиф престолот го преместил во Софија. Во 1945 година, во Соборната црква Света Софија во главниот град на Бугарија се одржал народно-црковен собор на кој бил избран Софискиот митрополит Стефан за последен Бугарски екзарх на 21 јануари. На 10 мај 1953 година се одржал црковен собор на кој Егзархијата добила чин на Патријашија, а за патријарх бил избран пловдивскиот митрополит Кирил. Во 1945 година, црквата била признаена од срана на Цариградската патријаршија. Во 1950 година бил изработен устав на Бугарската Православна црква. Во времето кога земјата била зазедена од страна на комунистите, црквата била ставена под контрола на државата.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Stephen A. Fischer-Galaţi - „Man, state, and society in East European history“, 1970, Praeger, с. 200 („...and in 1870 it established a Bulgarian national church (Bulgarian Exarchate)“)
- ↑ L. S. Stavrianos, Traian Stoianovich - „The Balkans since 1453“, 2000, C. Hurst & Co. Publishers, с. 371 („BULGARIAN EXARCHATE The first great victory for Bulgarian nationalism was the establishment in 1870 of a national church known as the exarchate.“)