Трновска патријаршија
Трновска патријаршија (бугарски: Търновска патриаршия) е името на независната Бугарска православна црква во периодот од 1235–1393.
Историја
уредиОткако браќата Иван Асен I и Петар IV[1] го обновиле Бугарското царство во 1185 година презеле чекори за обновување на автокефалната бугарска црква.[2] Како резултат на успешното востание во 1185/1186, биле поставени темелите на Второто Бугарско Царство со седиште во Трново. Следејќи го принципот на Борис I дека суверенитетот на државата е нераскинливо поврзан со автокефалноста на Црквата, двајцата браќа веднаш презеле чекори за обновување на Бугарската патријаршија. Најпрво тие основале независна архиепископија во Трново во 1186. Борбата за признавање на архиепископијата според канонскиот ред и издигнување на ранг на патријаршија траела речиси 50 години.[3]
Прв трновски патријарх бил Јоаким I.[4] Последен патријарх кој престојувал во Трново бил Евтимиј Трновски кој бил испратен во егзил од Османлиите откако го зазеле градот во 1393 година.[5]
Трновски патријарси
уредиТитула | Примат | Години | Седиште | ||
---|---|---|---|---|---|
Трновски патријарх (1235–1393) | |||||
Патријарх | Свети Јоаким I | 1235–1246 | Трново | ||
Патријарх | Висарион | ок. 1246 | Трново | ||
Патријарх | Василиј II | 1246–ок. 1254 | Трново | ||
Патријарх | Василиј III | ок. 1254–1263 | Трново | ||
Патријарх | Јоаким II | 1263–1272 | Трново | ||
Патријарх | Игнатиј | 1272–1277 | Трново | ||
Патријарх | Свети Макариј | 1277–1284 | Трново | ||
Патријарх | Јоаким III | 1284–1300 | Трново | ||
Патријарх | Доротеј | 1300–ок. 1315 | Трново | ||
Патријарх | Роман | ок. 1315–ок. 1325 | Трново | ||
Патријарх | Теодосиј I | ок. 1325–1337 | Трново | ||
Патријарх | Јоаникиј I | 1337–ок. 1340 | Трново | ||
Патријарх | Симеон | ок. 1341–1348 | Трново | ||
Патријарх | Теодосиј II | 1348–1363 | Трново | ||
Патријарх | Јоаникиј II | 1363–1375 | Трново | ||
Патријарх | Свети Евтимиј | 1375–1393 | Трново |
Наводи
уреди- ↑ „bok.at“. Архивирано од изворникот на 2021-05-17. Посетено на 2021-12-23.
- ↑ Bulgarian Orthodox Church
- ↑ Parry, Ken (2010-05-10). The Blackwell Companion to Eastern Christianity (англиски). John Wiley & Sons. стр. 52–3. ISBN 978-1-4443-3361-9.
- ↑ bg-patriarshia.bg Архивирано на 25 март 2016 г.
- ↑ Parry, Ken (2010-05-10). The Blackwell Companion to Eastern Christianity (англиски). John Wiley & Sons. стр. 53–4. ISBN 978-1-4443-3361-9.