Црква Свети Ѓорѓи (Софија)

Црквата Свети Ѓорѓи (бугарски : Црква Свети Георги ) е црква која се наоѓа во Софија, Бугарија и е во склопот на Бугарската православна црква. Се смета дека базиликата била изградена во времето на Константин I Велики.

Црква Свети Ѓорѓи
Црква Свети Георги
Поглед кон ротондата
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Координати42°41′48.75″N 23°19′22.35″E / 42.6968750° СГШ; 23.3228750° ИГД / 42.6968750; 23.3228750
Припадностхристијанство
Духовно-организациски статусспоменик на културата
ВодствоМинистерство за култура на Бугарија
Мреж. местоhttp://www.svgeorgi-rotonda.com/
Архитектонски опис
Архитектонски типротонда
базилика
Архитектонски стилвизантиски
Завршен4 век
Особености
Материјалитула

Историја

уреди

Црквата е посветена на Свети Ѓорѓи Победоносец и се наоѓа во внатрешниот двор меѓу зградите на хотел Шератон и зградата на Претседателот на Бугарија и тоа на ниво со неколку метри пониско од современите софиски улици. Овој објект се смета за најстарата сочувана зграда во градот, изградена во времето кога Софија била резиденција на императорите Галериј и Константин Велики.

Црквата е дел од поголем археолошки комплекс. Зад апсидата се наоѓаат дел од некогашна римска улица со канализација, основите на една голема трикорабна базилика, веројатно јавна зграда и на помали згради. Едната од зградите има римско греење или хипокауст. Плочките кои го подигале подот, можат да се видат и денес. Специјалистите ја дефинираат како една од најубавите градби во т.н. Константинова населба на Сердика или Средец, каде бил дворецот на императорот Константин Велики, а подоцна и на Калојан. Објектот го задржал изгледот речиси целосно до денес и се претпоставува дека во неа биле одржани најважните состаноци на Црковниот собор во Сердика од 343 година.

Ротондата е дел од големиот антички комплекс од згради од крајот на 3 век и почетокот на 4 век. Изградена е од црвени печени тули со комплициран симетричен план. Самата ротонда претставува централно куполна просторија со кружен план врз квадратна основа со полукружна ниша во аглите. Уште од [4 век] се користела за христијанизација. Куполата има висина од 13,70 метри од подот. Во текот на милениумското постоење била користена како јавна, култна и станбена зграда.

Зачувани се во фрагменти 5 слоја фрески: првиот - римско-византиски со растителни мотиви од 4 век; вториот - бугарски со ангели од 10 век; третиот - од 11 век и 12 век - фриз со пророци и фрески, кое го опишува Вознесението, Успението итн.; четвртиот - од 14 век со ктиторския портрет на епископ северно од влезот, петтиот - орнаментален од времето на џамијата.

Исклучителен меѓу сите фрески е оној од 10 век најверојатно во времето на цар Симеон I Велики, цар Петар I или на цар Самуил. Уникатен е човечкиот облик на глава на ангел, насликан под куполата.

Подоцна овде се чувале светите мошти на небесниот заштитник на Бугарија - Свети Јован Рилски и според преданието го излекувале на византискиот цар Мануел Комнин. Моштите биле украдени од Унгарците во 1183 година, во времето на кралот Бела III, кога сојузничките сили на Србите и Унгарците ја ограбиле денешна Софија. По краток престој во главниот град Естергом, каде католичкиот епископ онемел откако се однесувал непристојно со нив, тие биле вратени во Бугарија во 1187 година. Првично овде бил погребан и српскиот крал Стефан Урош II Милутин, чии мошти подоцна биле пренесени во црквата Свети крал (денешната црква Света Недела).

Во османлиското владеење во 16 век црквата била претворена во џамија. Во средината на 19 век заедно со црквата Света Софија и денешниот објект каде се наоѓа Националниот археолошки музеј биле напуштени од муслиманите.

По ослободувањето објектот бил повторно претворен во црква. Првите истражувања на ротондата биле направени од професор Богдан Филов во 1915 година, 1921 година и 1932 година, кој публукувал и студија за црквата во 1933 година.

На крајот на 1980-тите години била завршена целокупната реставрација и конзервација на црквата и таа го добила некогашниот изглед.

Надворешни врски

уреди

42°41′49″N 23°19′22″E / 42.69694° СГШ; 23.32278° ИГД / 42.69694; 23.32278{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница