IV востанички округ - Пирин
IV востанички округ - Пирин бил создаден со Општиот план за Илинденското востание а во него влегле: Мелничко, Кресненско со Џумајско од левата страна на Струма, Разлошко, Неврокопоско, Драмско, Серско и Демихисарско.
Востанички дејствија
уредиПодготовките за востанието во Серско ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Јане Сандански. Сандански се нашол во Бугарија за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во Бугарија Јане Сандански се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле вооружении со манлихери и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле Пејо Јаворов, Никола Наумов, Димитар Стефанов и други.
Во Мелничко Сандански одвои околу 8 души под водство на Мирчо Кипров и ги испратил за Драмско. Во меѓувреме дошло до недоразбирање помеѓу Сандански и Пејо Јаворов. Последниот сметал дека тоа било поради соперништво. Самиот Јаворов инсиситирал да се постигне спогодба со врховистот Јурдан Стојанов кој се зацврстил во Горноџумајско. Сандински од своја страна пак сакал да го разоружа. Јаворов сметал дека тој треба да застене на чело на четата на загинатиот Гуштанов, но Јане Сандански го назначил Мирчо Кипров. Сето тоа придонело Јаворов зедно со поручниците Наунов и Танушев да се врати во Бугарија.
Јане Сандански спровел широки подготовки во Мечничко. Биле собрани 60 000 кг. пченица, биле испечени 6 000 оки пексимит, се собрале и резрви на брашно, околу 250 оки сирење, опинци и други материјали.
Во март под водство на Симеон Молеров во Бугарија била формирана една чета од Македонци-доброволци. На пат до Банско вежбале стрелање и фрлање на бомби. За да ја провери нивната психовизичка издржливост, Молеров ги подлажал дека во близина има аскер. Оваа чета сè до почетокот на востанието агитирала низ селата, ги организирала боевите сили, пренесувала оружје и чети за другите околии.
Дедо Иљо Крчовалијата кој бил војвода во Демирхисарско, во средината на мај го испратил Ѓорѓи Баждаров во Софија, да изнајде оружје за потребите на престојното востание. Тој таму останал два месеци, а Задграничното претставништво му дало 50 пушки, муниција, две вреќи Бертолова сол, пколу 100 бомби, динамит, жица и механизам за активирање на експлозив. Преку Разлошко и Пирин матерјалите биле пренесени за Демирхисарско.
Серскиот револуционерен округ бил слабо вооружен, тоа било особено потенцирано од самиот Гоце Делчев при неговата срдеба со Даме Груев во Солун. Во голема мера за слабата вооруженост на овој округ влијаело Горноџумајското востание, нападот кај р. Драматица (Ангиста), Солунските атентати и борбата кај Баница, имено по нив османлиските сили прзеле акции за разоружување на населението. Дополнителното оружје кое било набавено не можело да ги задоволи потребите, а подготовките за востанието биле попречени и од османликиот терор.
Поради една од раоружувачките акции на Османлиите, војводата Атанас Тешовалијата ја поделил својата чета на два дела и започнал со прибирање на оружје. На 25 мај 1903 година здружените чети на Тешовалијата, Георги Спанчовалијата и подпоручникот Танушев во близината на селото Тешово и поставиле заседа на турската потера, во оваа борба загинале 25 Турци, а 15 биле ранети, додоека пак комитетите имале само 1 загинат.
Востанието во Серскиот револуционерен округ требало да почне подоцна. На 11 август (стар стил) Задграничното претставништво го известило Јане Сандански како началник на воените сили во [[
Пиринско]] дека востнието во Битолскиот округ започнало, а востанието го зафатило и II востнички округ-Кожув. Задграничното претставништво меѓу другото истакнало дека тоа ќе испратело серизна сила за да раководи со акциите во Серскиот округ, а доколу тоа не успее, ќе бидаат известени за да бидаат поделени раководните позици меѓу себе, на крај било акцентираноо дека востанието во Серскиот округ треба да почне.
На 24 август 1903 година ЗП спратило ново писмо до Серскиот округ и Сандански. Во писмото било истакнато дека востанието почнало во I и II револуционерен округ, Одринско и дека за неколку дена Христо Чернопеев ќе се кренел во Струмичко.
Биле информирани за навлегувањето на врховистичките чети, ЗП кажал дека со Врховниот комитет не било постигнато ништо, но откако врховистите се нашле изолирани, тие предложиле собраните пари да ги предаваат на ЗП, прифатиле револуцијата да биде претставувана од Задграничното претставништво и тоа да ги финансира четите. На крај Сандански бил предупреден дека не треба многу да му ја мисли и да ги поведе селаните, макар и со кримки.
По три дена било испратено ново писмо од ЗП, тоа било предупредувачко и со остар тон. Било истакнато дека многу реони востанале и дека е неопходно да се започне со акција веднаш, било искажано чудење зошто бил свикан конгрес на Серскиот округ наместа да се започне со востание.
Во писмото повторно било повторено дека врховистите се ставиле на услуга на Задграничното претставништво и Македонската револуционерна организација и дека не треба да се занемаруваат како сила, Серчани да се однесуваат кон нив тактички и да не ги гонат.
Конгрес на Серскиот округ
уредиКонгресот се одржал од 18 до 20 август 1903 година во месноста Ливада во близината на село Пирин. Претседател на Конгресот бил Димитар Стефанов, а меѓу делегатите биле Јане Сандански, Мирчо Кипров, Димитар Николиев, Иљо Крчовалијата, Симеон Молеров, браќата Колчагови и други. Конгресот одлучил востанието во Серскиот револуционерен округ да започне на 27 септември 1903 година (Крстовден), тоа да биде партизанско проследено со терористички акции, да не се вовлекува населението, да започне во Демирхисарско во јужниот дел на Округот, да се изврши атентат на мостот на Струма, да се пресечат телеграфските линии. Во раководното тело на Серскиот округ влегле Димитар Стефанов, Александар Радославов и Симеон Витанов.
Навлегување на врховистите
уредиВо август со дозвола на Задграничното претставништво почнале да навлегуваат врховистичките чети. Првата поголема таква чета броела 160 души и била под раководство на Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев. По нив пристигнале Иван Цончев и Атанас Јанков со околу 350-400 души. Во Серкиот округ се нашле околу 500-600 души под команда на врховистички војводи.
Иван Цончев иако ги прифатил условите на Македонската револуционерна организација тој не можел да се ослободи од своите идејн убедувања. Тој во преписката со Пржеваљски истакнал:
Целта е оваа, Македонија со своите партизански дејствија да ја исцрпи Турција, а потоа слободна Бугарија да удри со својата свежа, добро организирана армија [1].
Затоа Јане Сандански при средбата со врховистите ги претставил разликите помеѓу ТМОРО и Врховниот комитет. Тој истакнал дека: вмешувањето на врховистите во македонското ослободително дело дало повод да се мисли дека тоа се потикнува и раководи од надвор, Кнезот Фердинанад и бугарската влада преку врховистичките чети сакаат да ја обезличаат Организацијата и да ја искористаат за свои цели [2].
Понатаму Сандански истакнал: Ние решително се спротивставивме на Вашите офицери зашто го знаевме нивното воспитание, нивните интимни замисли. Тие се луѓе кои дале клетва за верност на бугарскиот кнез и на бугарската држава, затоа тие не можаат да бидат друго, освен нивни слепи и послушни орудија. А, пак ние не сакаме да ја замениме турската тиранија и турските султани со други такви, дури ни со бугарската тиранија и бугарскиот кнез [3].
„ | Ние сакаме Македонија да биде автономна, независна, слободна, Македонија на Македонците... вие ја сакате слободата на Македонија... како средство, како етапа за идно завојување и присоединување, а кај нас слободата, автономијата на Македонија е легална во основа како цел. Ете каде е големата разлика меѓу Нас - внатрешните и Вас - врховистите [3] | “ |
На крајот Јане Сандански побарал врховистите да ги отстранат сите обележја на бугарската држава - грбови и офицерски нараменици.Иван Цончев по пристигнувањето имал средба со Сандански. На оваа средба врховистите го прифатиле планот за дејствување усвоен од Серскиот конгрес, била извршена распределба на силите за зедничко дејствување, а во Главниот штаб влегле Димитар Стефанов и Цончев. Штабот требало да престојува во планинскиот дел на Банско.
Мелничко
уредиВо Мелничко борбите започнале порано од предвидениот ден за востание. На 12 септември кај св. Троица во близината на село Пирин била откриена здружената чета на Сандански, Димитар Зографов, Петар Дрвингов, Дончо Златков, Михаил Чаков, Јурдан Стојанов и други. Најпрво бил нападнат оној дел кој бил под раководство на Чаков. Во текот на борбата загинал Никола Гевгелиски од четата на Сандански, а битката било констатирано дека недостасувале 6 души од четата на Малчаков, тие биле стражари и затоа лесно биле разбиени од Турците. Сандански истакаал дека Турците изгубиле 80 души .
Следниот ден Иван Цончев и Атанас Јанков со околу 200 души кај месноста Гарваница, во близинта на село Пирин, имале судир со акерот, борбата продолжила и следниот ден, а во оваа борба особено се истакнал чехот Антон Вимола. Востаниците имале 7 загинати, а Турците 11 убиени и 11 ранети.
По судирот Цончев и Сандански имале средба какви да бидат понатамошните востанички дејствија, а додоека траеле преговорите во село Пирин кај месноста Куклите дошло до борба. Таа започнала на 17 септември, а во неа учествувале четите на Спиро Петров и подпоручникот Настев. Овие две чети биле нападнати од мелничкиот аскер. Околу пладне пристигнал нов аскер како засилување, а Настев без да го извести Спиро Петров ја напуштил својата позиција. Аскерот најпрво ја зазел положбата на Настев, а потоа го нападнала Петров. Во оваа борба загинале 12 четници од двете чети и војводата Спиро Петров.
На Крстовден 27 септември здружените сили на Јане Сандански и Цончев се нашле пред Свети Врач со намера да гонападнат турскиот гарнизон. Меѓутоа тие биле следени од аскер и башибузлук од 2 000 души и затоа се утврдиле за да започнат битка. Но одредот на Сандански и Цончев бил обиколен од сите страни и затоа ноќта се повлекле. Планот за напад на гарнизонот во Свети Врач пропаднал, Сандански се повлекол кон Кресна, а Цончев кон Разлошко.
Борбите во Мелничко започнале и завршиле пред официјалниот почеток на востанието во Серскиот округ. Во текот на борбите загинале 40 четници и 22 селани, биле изгорени 40 куќи, Турците имале 190 души загинати.
Демирхисарско - Серско
уредиВостанието во Серкиот округ требало да започне во Демирхисарско и тоа со рушење на железничкиот мост кај Струма и демонстративен напад на Демир Хисар. За овој план биле задолжени Дедо Илија Крчовалијата и поручникот Љубомир Стоенечев.
Меѓутоа тие биле откриени и тука борбата започнала предвреме. Првиот судр со аскерот се случил 5 дена пред предвидената дата за започнување на востанието во Серкиот округ. Во борбата загинале 6 турски војници по што четата се префрлила во селото Крчово. Таму се нашле Крчовалијата, Стоенчев како и месните чети на Венко Гечев кој бил началник на демирхисарската чета, Јанаки Георгиев началник на крушовската чета и Стојан Божов.
На 24 септември тие биле нападнати од аскерот, во борбата загинале 6 востаници, 14 биле ранети, а загинале Јанаки Герогиев и Стојан Божов. Во оваа борба учествувал црногорскиот подпоручник Јосиф Чувговиќ.
На Крстовден во Демирхисарско дошло до борба кај Ак бунар, тука загинале 15 востаници. Турците имале 5 загинати и 3 ранети. Овој судир бил последниот во Демирхисарско. По оваа борба Љубомир Стоенечев заминал за Неврокоп, а потоа кон Бугарија, поради предвремено започнување на борбите, предвидениот план не бил реализиран.
Неврокопско
уредиСпроти Крстовден, Атанас Тешовалијата и Стојан Филипов ги исекле телеграфските линии помеѓу Куманич и Долно Броди. Истата ноќ било нападнато селото Обидим со 5 чети во јачина од околу 200 души, со војводите Чаков, Малчаков, Иван Апостолов - Копран чауш, Антон Вимола, лимо Карлович и други.
Нападот започнал со фрлање на бомби, војската возвратила по што четите од надвор се нафрлиле. Војската држела неклоку клучни позиции во селото и една стратешка висина крај самото село од каде се контролирале приодите. При првиот напад загинале 2 четници, а 5 биле ранети. Во борбите кај касарната загинал лимо Карлович, а двајца биле ранети. Еден дел од петтата чета успеал да се качи на врз кровот на училиштето и да го потпали. Борбите во Обидим траеле до пладне на 28 септември. Откако востаниците не успеале да ја заземаат касарната се повлекле. Следниот ден аскерот добил засилување и излегол од касарната и било запалено целото село.
По неуспехот кај Обидим, востаниците ги исекле телеграфските линии кај Кремен и извршиле напад на тамошната турска војска, меѓутоа повторно немале успех. Селаните избегале, а аскерот го запалил селото.
Војската почнала со гонење на селаните од Обидим и Кремен, а четите притекнале на помош и дошло до нова битка кај Армибунар. Следниот ден на 30 септември повторно дошло до нов судир. Во двата судири востаниците успеале да запленаат 7 оседлани коњи, 60 шинели, 10 000 патрони и други материјали. Бегалците успеале да провнат кон Банско. Од двете села избегале 1 200 селани, по пат биле пресретанити од Стоенчев и со негова помош преминале во Бугарија.
Поради палењето на Обидим и Кремен, како знак на одмазда Георги Шопов го потпалил помачкото село Рибново, а Малчаков гонападнал Горно Дреново. Последниот судир во Неврокопско се одиграл на 8 ноември кај село Зрново. Атанас Тешовалијата бил нападнаат од аскерот, борбата траела цел ден, а загинале 4 востаници и неколку Турци.
Разлошко
уредиОколиски конгрес
уредиВо Разлошко биле преземени најобемните подготовки за востанието. По Серскиот окружен конгрес, тука бил одржаан Околиски конгрес на кој имало делегати од Банско, Мехомија и од селата Бачево, Годлево, Добриништа, Белица, Јакоруда, Бања, Елешница, Горно и Долно Драглиште и други. Престедател на Конгресот бил Димитар Лазаров - Минѓо.
Конгресот решил востаничките акции да започнат на Крстовден, а требало да учествуваат сите сили од Пирин и Рила. Планот предвидувал Разлог да се нападне од внатре со динамит и бомби, да се пресечат телеграфските линии, да се обезбедаат премини и да се нападнаат турските гарнизони. Во горското началство влегле Димитар Лазаров, Кочо Молеров и мајорот Шипков.
Востанички сили
уредиРазлошко располагало со значајни чети и војводи. Тука биле: Борис Голев, Родон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Саве Мехомиски, Милош Колчагов, Димитар Лазаров - Минѓов, Симеон Молеров, Георги Галев, Јонко Вапцаров и Костадин Молеров. Задграничното претставништво во Разлошко го испратил мајорот Шипков со 300 души, сите емигранти од Разлошко. Таму била и четата на Владимир Канзирев со 50 души. По борбите во Мелничко тука се нашол и Иван Цончев, Атанас Јанков, Јане Сандански и други. Во Разлошко се собрале околу 1 100 востаници.
Борби
уредиЗа нападот на Разлог внатре во него биле подготвени 100 души. Додека тие го чекале сигналот за напад биле откриени. Зографов и Батков не успеале да влезат во градот и да ја нападнат касарната со бомби, а бомбите ги фрлиле на влезот од градот, кај муслиманските гробишта. Во Разлог дошло до жестока борба во малото Карпа и во Долго маало.
Турците запалиле 95 куќи, а биле убиени 45 мажи, жени и деца. Цончев кој бил на растојание од час и половина не дошол на помош . Врховистичките војводи Танушев и Лефтеров кој биле испратени како помош кон Горна Џумаја за да го пресечат патот на турските засилувања, си заминале за Бугарија, а исто постапил и Иван Цончев.
Коста Атанасов се обидел да ја минира џамијата во Бачево но при неговиот обид си ги повредил рацете. Војската во ова село изгорела 4 куќи, 10 души убиле и се ограбиле. Борбите околу Бачево траеле до 28 септември. Следниот ден селото било нападнато од аскерот и башибозлукот, а селаните избегале кон Бугарија или планините.
На 30 септември, Атанас Јанков ја нападнал Белица. Во овој напад учествувале и русите Пржеваљски и Орловец но новопристигнатата војска го осуетила и овој напад. Аскерот запалил дел од селото како и црквата и училиштето. Селаните побегнале за Бугарија.
На 3 октомври Христо Чернопеев имал судир кај месноста Курудуре. Радон Тодев ос 70 души на 5 октомври бил опколен и нападнат кај селото Годлево. Борабата треле неколку часа, а загинале 20 востаници кај месноста св. Богородица задно со војводата.
На 9 октомври Димитар Лазаров - Минќов со 120 души се вратил во Разлошко за да ја продолжи борбата, по што имал судир кај месноста Камен дол. Во овој судир загинале 30 востаници. Оваа битка била последна во Разлошко.
Драмско
уредиПодготовките во Драмско биле под раководство на Мирчо Кипров. На првиот ден од востанието било предвидено да се ликвидираат оделни шпиони и да се изведаат атентати на железничката линија. Меѓутоа на Кртсовден во заседа бил убиен војводата Мирчо, водството го презел Ивана Атанасов Грчето. Од селото Калапот требало да излезат 70 востаници, но тие плашејќи се од одмазда се откажале.
Поради предавство во близината на селото Калапот дошло до борба при што четата бил разбиена, тројца четници се предале, дел биле убиени, а другите избегале. Сето тоа влијаело Грчето да се повлече кон Неврокоп, а потоа кон Бугарија.
Серско
уредиНа 3 октомври биле откриени четите на Николиев и Диката кај Горно Фраштани. Дошло до битка која траела 8 часа, по која четите се повлекле без загуби. Меѓутоа потоа кај селото Мертатово имале нова 10 часовна битка во која загинале 2 востаници. Тоа биле единствените судири во Серската олоја за време на востанието.
Горноџумајско
уредиВо Горноџумајско имало две борби на 11 октомври. Во едната борба учествувале потпоручникот Настев и Спиро Костов. Борбата се водела кај Бистришката долина од каде се извлекле без загуби. Во вториот судир без загуби се извлекол и капетанот Јурдан Стојанов со поручниците Дрвингов и Зографов.
Последниот судир во оваа област бил на 21 октомври. Во оваа борба учествувале Стефан Николов, поручникот Саракинов и поручникот Балтов, имале еден загинат.
Трите судири во Горноџумајско се случиле при повлекувањето на врховистичките чети во Бугарија.
Извори
уреди- ↑ Пандевски Манол, Македонското ослободително дело во XIX и XX век, т. 1, Скопје, 1987
- ↑ Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет, 2003
- ↑ 3,0 3,1 Г. Ив. Белевъ, На гости у Сандански, Из живота на четить, Ил. Илинденъ, V/6 (46), София, 1933, 5-6.