Долно Драглишта
Долно Драглишта (бугарски: Долно Драглище, од 1966 г. офиц. Долно Драглиште[2]) — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Мехомија (Разлог) на Благоевградската област, југозападна Бугарија.[3]
Долно Драглишта | |
---|---|
Координати: 41°56′N 23°31′E / 41.933° СГШ; 23.517° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Мехомија |
Површина | |
• Вкупна | 13,586 км2 (5,246 ми2) |
Надм. вис. | 872 м |
Население (2024) | |
• Вкупно | 647 [1]. |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2798 |
Етимологија
уредиСпоред академикот Иван Дуриданов, етимологијата на името Драглишта е од изворниот патроним на -ишти < -itji од личното име Драгол, Драгул со елизија на нагласеното о или y. Според Станислав Роспонд, селото името го името го добило од личното име *Драгл, кое според Дуриданов не е посведочено. Јордан Зајмов го објаснува името Драглишта од изумрено лично име *Драгло = Драго + ло,[4] но според Дуриданов овој тип на име е туѓо на словенската антропонимија.[5]
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото првпат се споменува во еден османлиски документ од 1576 година како Драглишта-и зир во Разлошката нахија.[5][6]
Границите на селото се Баџово (најверојатно Бања или Бачево), Годлево, Горно Село (Горно Драглишта), Мала Белица (Краиште), Голема Белица и Недобарско. Селото веројатно постоело пред 16 век, расфрлано во посебни маала, бидејќи околу околните светилишта се пронајдени остатоци од керамика и други предмети од тој период - „Спасова Црква“, „Свети Атанас“, „Света Троица“ и „Св. Илија“.[7]
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ датира од 16 век, а црквата „Свети Димитар“ од 1835 година.[8]
Во 1876 година, во врска со подготовката на востанието, во Долно Драглишта, село без турско население и управа, бил формиран револуционерен комитет, во кој биле свештеникот Никола Трифонов Чолаков,[9] Георги Калојанов (Икимџијата), Михаил Нишков, Лазар Нишков, Георги Николов Чолаков – делегат на Собранието, Никола Стојанов Калојанов и Сава Иванов Калојанов (Икимџијски). Меѓутоа, комитетот бил разоткриен и соработниците биле уапсени.[10]
По Руско-турската војна и Берлинскиот договор, целиот дел од областа останал во составот на Отоманското Царство, а Долно Драглишта станала погранична населба.
Населението масовно учествувале во Кресненското востание и Разловечкото востание, а најбројна била нивната чета во битката за ослободување на Бања. По поразот, населението на селото побегнало во Рила, а голем дел од неговите жители се населиле во Бугарија.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Долне Драглишта (Dolné Draglischta) има 146 домакинства с 500 жители Македонци.[11] [12]
Во 1893 година во Долно Драглишта бил основан комитет на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, во која членувале Михаил Рабаџиев, Панарет Исаев Калојанов, Иван Чолаков, Георги Тошков и живите учесници во Кресненско-разловечкото востание. Низ селото минува илегален канал до Серски револуционерен округ, а селскиот комитет се занимавал со курирски активности, транспорт на оружје и муниција и транспорт на поединци и цели групи преку граница. Во 1895 година османлиските трупи во Рила го убиле револуционерот Павел Костов Калојанов, а денес Мал Врв се нарекува Павлев Врв. Подоцна починал и курирот на револуционерната организација Христо Стојанов Калојанов.[13]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 620 жители, сите Македонци.[11][14]
Населението активно учествувало и во Илинденското востание, кое избувнало во Серскиот округ во септември 1903 година. Севкупно, востаниците од селото броеле 28 луѓе - на чело со Иван (Јончо) Георгиев Калојанов, а военото раководство било во рацете на учителот Никола Попиванов. По поразот, значителен дел од населението на селото побегнало во Бугарија и се населило во Златица, Чепино и Лаџене. Наскоро револуционерната организација била обновена и станицата во Долно Драглишта повторно функционирала, а главни личности биле Георги Бански, Георги Пасков Чолаков, Добре Зарев Калојанов и Иван Георгиев Калојанов Топџија, раководител на каналот.[15]
По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, 20 лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.[16]
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Географија и местоположба
уредиСелото Долно Драглишта се наоѓа на 10 километри источно од градот Разлог во подножјето на Југозападна Рила, на левиот брег на реката Драгалиштица. Наспроти селото, во Драгалиштица се влева планинската река Клиница или Нидобраштиша. На долниот крај на селото, на десниот брег на реката и од двете страни на патот за Бања се наоѓа Зрневата мала, која е посебен дел од селото.[17]
Население
уредиСпоред пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:[18]
Број на население | |
Вкупно | 643 |
Бугари | 562 |
Турци | - |
Роми | 48 |
Останати | 5 |
Не се определиле | 7 |
Без одговор | 21 |
Наводи
уреди- ↑ www.grao.bg
- ↑ Мичев, Николай, Петър Коледаров. „Речник на селищата и селищните имена в България 1878-1987“, София, 1989.
- ↑ Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
- ↑ Zаimov, J (1965). „Die bulgarischen Ortsnamen auf -išt- aus -itj- und ihre Bedeutung für die Siedlungeschichte der Bulgaren in den Balkanländern“. Linquistique balkanique (германски). IX (2): 37.
- ↑ 5,0 5,1 Дуриданов, Иван (1996). Значението на топонимията за етническата принадлежност на македонските говори. София: Македонски научен институт. стр. 186. Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ „Gorno Draglishte - from history to today | Aparthotel Lucky Bansko SPA & Relax“. luckybansko.com/ (англиски). Посетено на 2023-01-28.
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 7.
- ↑ Общински план за развитие на община Разлог 2007 – 2013 г. // Община Разлог. Посетено на 13 ноември 2014
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 14.
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 15.
- ↑ 11,0 11,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 16.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 192.
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 17.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 837
- ↑ Калоянов, Делчо Георг (2006). История на рода Калоянови от село Долно Драглище, Разложко. стр. 6.
- ↑ Попис на населението од 2011 година