Ова е преглед на настаните од 1897 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.

Години во филмот
Поврзани теми од периодот

Настани

уреди
  • 4 мај: За време на еден филм во добротворната чаршија во Париз, завесата фаќа оган од етерот користен како гориво за проекторот. Огнот се шири и станува катастрофален и резултира со 126 смртни случаи.[1]
  • 20 јуни: Снимен е дијамантскиот јубилеј на Кралицата Викторија.[2]
  • Мичел и Кенјон започнуваат партнерство.[3]
  • Енох Ј. Ректор создава филмски формат од 63 mm наречен Верископ, со кој се снима натпреварот Корбет-Фицсимонс.
  • Томас Хенри Блер создава филмски формат од 48 mm наречен Вивентоскоп.

Филмови објавени во 1897 година

уреди
  • По балот, во режија на Жорж Мелјес.
  • Baignade dans le torrent, во режија на Алис Ги-Блаше.
  • La bandera Argentina, долго време се веруваше дека тој бил првиот аргентински филм. Денес се смета за изгубен. 
  • Волшебната гостилница, во режија на Жорж Мелјес. 
  • Полицијата од Бафало на парада, од Едисон Студиос. 
  • Полициска парада во Чикаго, во режија на Луј Лимиер. 
  • Тепачката Корбет-Фицсимонс, документарен филм во режија на Енох Ј. Ректор. Првиот филм снимен на широк екран. Долг еден час и 40 минути, тој бил првиот познат игран филм. 
  • Купидон и Психа, во продукција на Едисон Студиос. 
  • Халуцинациите на алхемичарот, во режија на Жорж Мелјес.
  • Тунелот Хаверстроф 
  • Натоварување на коњите за Клондајк, во режија на Џејмс Х. Вајт
  • Kørsel med Grønlandske Hunde, во режија на Питер Елфелт; првата снимена данска филмска серија. 
  • Последната чаура, во режија на Жорж Мелјес. Драматизирана воена сцена.
  • Сестрите Леандер, во продукција на Едисон Студиос. 
  • Заминувајќи од Ерусалим, во режија на Александар Промио и објавен од браќата Лимиер.
  • Лурлинските бањи, во продукција на Едисон Студиос.
  • Изработка на колбаси, во режија на Џорџ Алберт Смит
  • Несреќата на млекарот, во режија на Џејмс Х. Вајт; не се знае дали овој филм е загубен. 
  • Нова борба со перница, во продукција на Зигмунд Љубин.
  • Нијагарините водопади, во режија на Луј Лимиер. 
  • Старецот пие пиво, во режија на Џорџ Алберт Смит
  • На покривите, во режија на Жорж Мелјес. 
  • Пипинг Том, во продукција на Американската мутоскопска компанија. Комедија
  • Поморска борба во Грција, во режија на Жорж Мелјес. Драматизирана поморска воена сцена. 
  • Семинарските девојки, во режија на Џејмс Х. Вајт
  • Шпанскa борба со бик, во режија на Луј Лимиер
  • Предавањето на Турнавос, во режија на Жорж Мелјес. Драматизирана воена сцена. 
  • Бањите Сутро, бр. 1, во продукција на Едисон Студиос. 
  • X-зраци, во режија на Џорџ Алберт Смит. Се смета за еден од првите примери за употреба на специјални ефекти.

Родени

уреди

Дебија

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. Amoedo, O (13 June 1998). „[Fire on the Charity Bazaar]“. Rev Museo Fac Odontol B Aires. 13: 16–20. PMID 11625405.
  2. Klein, Christopher (5 June 2012). „Queen Victoria's Diamond Jubilee“. history.com. Посетено на 14 February 2015.
  3. Vanessa Toulmin; Simon Popple; Patrick Russell (2004). The lost world of Mitchell and Kenyon. BFI Publications. стр. 6. ISBN 1844570460.