1880 — започнала Првата бурска војна , која траела две години.
1881 — започнала Махдиската војна во Судан .
1882 — Британците го окупирале Египет .
1882 — Кнежевството Србија , благодарение на поддршката на Австроунгарија била подигната на ранг на кралство и станала Кралство Србија , а Милан Обреновиќ станал нејзин прв нововековен крал.
1883 . — експлодирал Кракатау , вулкан во Индонезија , притоа усмртувајќи 36.000 лица, повеќето жители на околните острови кои настрадале од цунамито , кое го покренала ерупцијата.
1883 — на власт во Хрватска дошол банот Куен Хедервари , кој спроведувал политика на унгаризација.
1884 — на Берлинската конференција била договорена колонијална поделба на Африка .
1884 — започнала Кинеско-француската војна која довела до формирање на Француска Индокина .
1884 — во Франција биле легализирани синдикатите .
1884 — Гриничкиот меридијан бил востановен како универзален, нулти меридијан, од кој се сметаат географските должини и часовните појаси на Земјата.
1885 — започнала Српско-бугарската војна .
1886 — основан Скореновац .
1886 — основан Јоханесбург .
1886 — Руско-черкеската војна завршила со пораз и протерување на многу Черкези .
1888 — во Бразил било укинато ропството .
1888 — Србија добила нов устав .
1889 — срушено Бразилското Царство и била прогрласена Република Бразил .
1889 — завршила Махдиската војна во Судан .