Свети Винцент и Гренадини

(Пренасочено од Хаироун)

Свети Винцент и Гренадини, скратено СВГ, (англиски: Saint Vincent and the Grenadines) е држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан. Вкупната површина на земјата изнесува 389 км2 со вкупно население од 120.000 жители. Државата е составена од островот Свети Винцент и две третини од островите Гренадини, каде една третина припаѓа на Гренада.

Свети Винцент и Гренадини
Знаме Грб
Гесло"Pax et Justitia" (латински)
„Мир и правда“
Химна"Свети Винцент, земјо многу убава" (Saint Vincent, Land So beautiful)

Кралска химна"Боже, чувај го Кралот" 'God Save the King'
Местоположбата на Свети Винцент и Гренадини
Главен градКингстаун
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
секојдневен јазик винќански креолски
Народности 
Демоним Светивинќанец, Винќанец
Уредување Унитарна парламентарна уставна монархија
 •  Монарх Чарлс III
 •  Гувернер Сузан Дуган
 •  Премиер Ралф Гонсалвес
Законодавство Собрание
Независност
 •  Придружна држава 27 октомври 1969 
 •  од Обединето Кралство 27 октомври 1979 
Површина
 •  Вкупна 389 км2 (184-та)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  проценка за 2016 г. 109.643[1] (179-та)
 •  Попис 2011 109,991 
 •  Густина 307 жит/км2 (39-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2019 г.
 •  Вкупен $1.373 милијарди 
 •  По жител $12,431[2] 
БДП (номинален) проценка за 2019 г.
 •  Вкупно $864 милиони 
 •  По жител $7,827[2] 
ИЧР (2018) 0.728[3]
висок · 94-та
Валута Источнокарипски долар (XCD)
Часовен појас (UTC-4)
Се вози на лево
НДД .vc
Повик. бр. +1 784

Северно од Свети Винцент и Гренадините се наоѓа државата Света Луција, источно се наоѓа Барбадос, додека јужно од истата се наоѓа државата Гренада. Главен град на земјата е Кингстаун со службен јазик англиски. Низ историјата, таа била колонија и на Франција и на Велика Британија.

Потекло на поимот

уреди

Островот Свети Винцент се стекнал со истото име уште со доаѓањето на Кристофер Колумбо на островот. Имено, тој стигнал на островот на 22 јануари 1498 година кога бил празникот на Свети Винцент од Сарагоса — покровител на Португалија. Претходно островот се викал Хаироун. Понекогаш на македонски државата и островите се именуваат како Свети Винсент и Гренадините.

Историја

уреди

Географија

уреди
 
Карта на СВГ.

Свети Винцент и Гренадини е островска држава составена од неколку острови. Државата се наоѓа во Средна Америка, поточно дел е од островите Мали Антили. Јужно од државата се наоѓа Гренада, додека северно е Света Луција. Западно од државата се наоѓа Карипското Море, додека источно се наоѓа Атлантскиот Океан. Најголем остров е Свети Винцент со вкупна површина од 344 км2, додека останатите помали острови Гренадини зафаќаат површина од 45 км2, но јужните островчиња од Гренадините се под контрола на Гренада. Главен град на државата е Кингстаун и државата има вкупно население од 120.000 жители.

Острови

уреди
бр. остров адм. центар други нас. места површина  (км2) население
1 Острови Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.8 109010
1.1 Свети Винцент Кингстаун Џорџтаун, Биера Вилиџ, Бијабу, Шатобеле 342.7 109000
1.2 Јанг Јанг Ајланд Иљја де Форт, Саут Поинт, Сансет Поинт 0.07 10
1.3 останати острови Кау и Калвс 0.03 0
2 Гренадини Порт Елизабет Довер, Дерик, Ештон,Бедно, Чарлстаун, Клифтон, Френдшип, Ловел, Олд Вол, Пеџет Фарм, Хамилтон 47.23 11000
2.1 Бекија Порт Елизабет Хамилтом, Белмон, Пеџет Фарм, Дерик 17.00 5900
2.2 Петит Невис Ејлин Кориа 0.29 0
2.3 Кватр Гранд Беј Mitchell mansion 1.52 0
2.4 Батовија Лендинг Поинт 0.71 0
2.5 Балисо Лендинг Беј 1.29 0
2.6 Мустик Ловел Британија Беј, Довер 5.70 800
2.7 Петит Мустик 0.40 0
2.8 Саван Норт Поинт 0.11 0
2.9 Петит Кануан 0.20 0
2.10 Кануан Чарлстаун Иненс Беј, Глоси, Тафија, Френдшип, Барбрус, Рили Беј, и др. 7.60 1200
2.11 Меро Олд Вол Ланс Бандо, Солтвисл Беј, Салин Беј, и др. 2.10 280
2.12 Тобаго Петит Бато Петит Рамо, Барадол, Петит Тобак 0.25 0
2.13 Јунион со Хепи и Фригата Клифтон Ештон 9.00 2700
2.14 Морпион и уште два насипа 0.002 0
2.15 Петит Сент Винсент Телескоп Хил Вест Енд Бич, Карибијан Бич, Винди Хил, Крос Поинт, Атлантик Бич, и др. 0.46 80
2.16 Палм Кактус Хил Сансет Грил Бич, Норт Бич 0.54 30
2.17 останати острови Пиџн, Пилорис, Ребит, Доув, Кетолик, Пунес 0.06 0
  Свети Винцент и Гренадини Кингстаун Џорџтаун, Виара Вилиџ, Бијабу, Порт Елизабет, Шатобеле 390 120000

Политички систем

уреди

Свети Винцент и Гренадини е уставна монархија каде шеф на државата е кралот Чарлс III. Тој во државата е претставен од генералниот гувернер, кој моментално на таа позиција е Фредерик Балантајн.

Гувернерот има церемонијална улога. Контролата на владата е во рацете на премиерот и неговиот кабинет на министри. Моментален премиер на државата е Ралф Гонсалвес. Државата нема формална армиска војска, но присутна се кралските полициски сили на Свети Винцент и Гренадини.

Административна поделба

уреди
 
Парохии на СВГ.

Административни, државата е поделена на шест парохии. Пет од парохиите се на островот Свети Винцент, додека шестата е составена од сите Гренадини кои се во склоп на државата. Кингстаун се наоѓа во парохијата Свети Џорџ. Најголема парохија е Шарлот.

парохија главен град
Шарлот Џорџтаун
Гренадини Порт Елизабет
Сент Ендру Лају
Сент Дејвид Шатобелер
Сент Џорџ Кингстаун
Сент Патрик Баруали

Стопанство

уреди
 
Кингстаун.

Земјоделството е доминантна гранка во стопанството и производството. Покрај тоа, во државата има и сектор за услуги, кој се заснова на туризмот. Владата не била многу успешна во промоција на нови индустриски гранки и има висок степен на невработеност од 22%. Туризмот во државата има голем потенцијал за развој. Бидејќи филмот Пиратите од Карибите се снимал во оваа држава, тоа резултирало зголемен туризам.

Демографија

уреди
 
Бекија.

Вкупното население на Свети Винцент и Гренадини изнесува 118.149 жители според пописот од јуни 2008 година. Етнички, 66% од населението е црно, 6% се Индијци, 19% мешано население, 2% се староседелско население, 4% се бело население и 3% останато. Голем дел од населението е со африканско потекло кое било донесено на островите за работа на плантажи. Државата има голем степен на емиграција.

Службен јазик во државата е англискиот јазик, но голем број од населението зборува Винцентски креолски јазик.[4][5][6] Англискиот се користи во образованието, религијата и останатите општествените установи.

Голем дел од населението се Христијани.

Верници во Свети Винцет и Гренадини
Христијани
  
88,70 %
Муслимани
  
1,50 %
Без Религија
  
2,50 %
Хиндуисти
  
3,40 %
Народна Религија
  
2,00 %
Други
  
2,00 %

Култура

уреди
 
Карта на Гренадините.

Музиката на Свети Винцент и Гренадините вклучува големи тапани, калипсо, сока и други инструменти. Популарни во државата се бендовите. Најпознат меѓународен пејач е Марлон Рудет, водечки вокал на групата Mattafix позната по хитот „Big City Life“.

Наводи

уреди

Додатни информации

уреди
  • Bobrow, Jill & Jinkins, Dana. 1985. St. Vincent and the Grenadines. 4th Edition Revised and Updated, Concepts Publishing Co., Waitsfield, Vermont, 1993.
  • CIA Factbook entry Архивирано на 13 февруари 2016 г.
  • Gonsalves, Ralph E. 1994. History and the Future: A Caribbean Perspective. Quik-Print, Kingstown, St. Vincent.
  • US Dept of State Profile
  • Williams, Eric. 1964. British Historians and the West Indies, Port-of-Spain.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Друго
  1. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. 2,0 2,1 Report on St. Vincent and the Grenadines, International Monetary Fund.
  3. „Human Development Report 2019“ (англиски). United Nations Development Programme. 10 December 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-09. Посетено на 10 December 2019.
  4. Gordon, Raymond G., Jr. (ed.) (2005). „Ethnologue: Languages of the World, 15th edition“. Dallas, TX: SIL International.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  5. „St. Vincentians“. everyculture.com.
  6. „Country Fact Sheet on Saint Vincent and the Grenadines“. Research Directorate of the Immigration and Refugee Board of Canada. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2010-03-07.