Мустик
Мустик (англиски: Mustique) е остров во Карипското Море. Островот е населен и е во приватна сопственост.
Мустик, Свети Винцент и Гренадини | |||||||||||||||||||||||||||
Географија | |||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Место | Карипско Море | ||||||||||||||||||||||||||
Координати | 12°52′N 61°11′W / 12.867° СГШ; 61.183° ЗГД | ||||||||||||||||||||||||||
Површина | 2,2 sq ми | ||||||||||||||||||||||||||
Држава | |||||||||||||||||||||||||||
Дополнителни податоци | |||||||||||||||||||||||||||
приватен
|
Географија
уредиОстровот се наоѓа во Карипското Море, дел од островската група Гренадини. Административно е дел од Свети Винцент и Гренадини. Јужно од Мустик се наоѓа малиот ненаселен остров Петит Мустик. Овој остров е поврзан со главниот Свети Винцент преку траектни линии и има аеродром.[1]
Вкупната површина на островот е 5,7 км2 и истиот е опколен од корални гребени. Островот е богат со флора и фауна. Во текот на годината островот има околу 500 жители, а во летна сезона достигнува до 1500 жители.
Сопствеништво
уредиОстровот е во сопственост на Мустик Компани, приватна компанија која е во сопственост на месните жители. На островот има голем број приватни вили, два хотела и приватни сместувања. Има доста угостителски објекти.[2][3] Островот е познато туристичко одредиште кое го посетуваат и видни имиња од светската сцена.
Литература
уреди- Vaughan, Roger (1994). Mustique. Arne Hasselqvist & Alfred Publishing. ISBN 978-0-9640-2729-9.
- Stefan Szczesny: Szczesny. Mustique. teNeues Verlag GmbH & Co. KG, Kempen 47906, ISBN 3-8238-5591-3
- Stefan Szczesny: Szczesny. Best of Mustique. Szczesny Factory & Publishing & Gallery, Saint-Tropez 83990, ISBN 978-3-9813406-0-0
- Stefan Szczesny: Szczesny. Picturebook Mustique. Colordruck Leimen, Leimen 66978, ISBN 3-00-004426-4
Наводи
уреди- ↑ „Mustique Ferry Schedule : Discover St Vincent And The Grenadines“. Discoversvg.com. Архивирано од изворникот на 2019-11-02. Посетено на 2019-06-09.
- ↑ „Mystique of Mustique“. New York Lifestyles Magazine. Посетено на 2019-06-09.
- ↑ „Travel Guide To Mustique“. CN Traveller. Посетено на 9 June 2019.