Петит Мустик (англиски: Petite Mustique) е мал ненаселен остров во Карипското Море. Островот е дел од групата на острови Гренадини во државата Свети Винцент и Гренадини. Островот има површина од 0.4 км2, се наоѓа североисточно од неанселените острови Саван и јужно од островот Мустик.[1] Островот не е населен и не е развиен. Тој е со брдски релјеф и достигнува до 100 метри надморска висина и нема лесен пристап до него.[2][3]

Петит Мустик
Petite Mustique
Петит Мустик се наоѓа јужно од Мустик, во близина на центарот на оваа карта.
Географија
МестоКарипско Море
Координати12°50′21″N 61°11′41″W / 12.83917° СГШ; 61.19472° ЗГД / 12.83917; -61.19472 (Petite Mustique)
АрхипелагГренадини
Површина0,4 км2
Највисоко место340 ст (104 м)
Држава
Дополнителни податоци
Часовен појас
приватен

Географија

уреди

Петит Мустик се наоѓа на 2 километри јужно од Мустик.[4] Помеѓу Петит Мустик и Мустик се наоѓа малото островче Петит Ки, што всушност е продолжение од северниот дел на Петит Ки (поврзани се подводно). Како и останатите острови на Гренадините, островот има многу шанци и еродиран брег. Јужно од Петит Мустик се наоѓа малата карпа Драј Рок, а на 500 метри југозападно е гребен. Брегот на островот е со сртови. Брдата се прекриени со густа вегетација.

Наводи

уреди
  1. Spiers, Walter (1862). The Nautical Magazine: A Journal of Papers on Subjects Connected with Maritime Affairs. London: Brown, Son and Ferguson. стр. 589.
  2. The West Indies Pilot: Volume II, The Lesser Antilles and the Seacoast of Venezuela. Washington, D.C.: United States Hydrographic Office. 1921. стр. 188.
  3. „Agence Benedetti = Petite Mustique“. www.agence-benedetti.com. Архивирано од изворникот 2019-01-08. Посетено на 2019-01-08.
  4. geonames .org Архивирано на 29 декември 2017 г..

Поврзано

уреди