Меро
Меро (англиски: Mayreau) е остров во Свети Винцент и Гренадини, дел од островската група на Гренадини.
Mayreau | |
---|---|
Солт Висл Беј, Меро | |
Географија | |
Место | Карипски Острови |
Координати | 12°38.4′N 61°23.4′W / 12.6400° СГШ; 61.3900° ЗГД |
Површина | 0,46 sq ми |
Држава | |
Демографија | |
Население | 271 |
Дополнителни податоци | |
Мреж. место | Mayreau and the Tobago Cays at grenadines.net |
Географија
уредиМеро е најмал населен остров во Гренадините со вкупна површина од 1.1 километар квадратен. Островот е дом на 271 жител.[1] Населението воглавно е сместено во селото Стејшн Хил, кое воедно е име и на брдо, во југозападниот дел од островот.
Островот се наоѓа североисточно од Јунион и југозападно од Кануан. Околу островот има помали ненаселени острови, односно островчињата Табаго на исток, Католик со околни три издигнати карпи и една карпа која се наоѓа северно од Меро. Во заливот Винвард се наоѓаат познатите локални топли извори.
Социјален живот
уредиНаселението е релативно изолирано за разлика од остатокот на земјата. На островот се пристигнува само со брод. Електрична енергија во скоро време била поставена во селата, поточно во 2000 година. На островот има централен генератор кој се наоѓа во Салин Беј. Има еден бетонски пат на островот, кој поминува низ Слтвисл Беј. На островот има едно училиште, телекомуникациска зграда, католичка црква и пенгтакостална црква.
Наводи
уреди„Меро“ на Ризницата ? |
- ↑ „St Vincent and the Grenadines, Population and Housing Census Preliminary Report“. The Census Office, SVG Government. Посетено на 30 December 2015.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Меро и Тобаго Архивирано на 29 октомври 2018 г. на grenadines.net.