Јунион (остров)
Остров Јунион (англиски: Union Island) е остров во Свети Винцент и Гренадини. Островот е дел од архипелагот Гренадини. Јунион има вкупна површина од 9 км2. Островот се наоѓа на 200 километри југозападно од независната држава Барбадос, а сосема блиску е до островите Каријаку и независната држава Гренада.[1]
Union Island | |
---|---|
Меѓународен аеродром Јунион Ајланд | |
Географија | |
Место | Карипски Острови |
Координати | 12°36′N 61°26′W / 12.600° СГШ; 61.433° ЗГД |
Површина | 3,5 sq ми |
Должина | 3 ми (5 км) |
Ширина | 1 ми (2 км) |
Највисоко место | 999 ст (304,5 м) |
Највисока точка | Табои |
Држава | |
Најголема | Клифтон |
Демографија | |
Население | ~ 3,000 (2012) |
Јазици | англиски, француски, германски |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас | |
Мреж. место | Travel guide of Union Island with street map of the town |
Главни населени места на островот се Клифтон и Ештон. Јунион има население од околу 3000 жители.[2] Како и во остатокот од земјата, така и на Јунион службен јазик е англискиот.
На Јунион има и меѓународен аеродром, кој има домашни и меѓународни (воглавно во околните држави) летови. Во непосредна близина на Јунион има две мали островчиња: Фригата и Хепи.
Географија
уредиОстровот има вкупна површина од 9 км2. Јунион е долг 4.8 километри, а широк 1.6 километри. Највисока точка на островот е Табои со 304 метри надморска висина.
Јунион има полусува клима. Брдата на островот не се доволно високи за да се создадат чести врнежи.
Историја
уредиОстровот бил првично населен од Араваците и Карибите. Потоа, со европската колонизација, на островот дошле Французи и Англичани, воглавно трговци со робови и сопственици на плантажи. Со нив тие донеле стотици Африканци, од регионот на Нигерија, Камерун, Ангола и Гана.
Кога било укинато ропството, луѓето продолжиле со земјоделството и риболовот.
Во 1970-тите имало мал револт на островот со што народот сакал островот да се отцепи од Свети Винцент и Гренадини и да се припои со Гренада. Овој револт брзо бил задушен.
Култура
уредиЗа време на Велигден на островот има фестивали, поточно во Ештон и Клифтон. Цела седмица има организирано настани и перидот е познат како „Истервал“.
Во мај, на крајот на сушната сезона, се одржува настанот „Марун“. Овој настан е целодневен. Фестивалот е препознатлив по тапаните, пеењето и танцувањето. Овој фестивал се одржува поради исчекувањето на влажната сезона.
Галерија
уреди-
Поглед кон плажа во Клифтон.
-
Пристаниште во Клифтон.
-
Меморијален парк во Клифтон.
-
Аеродромот во Клифтон.
Наводи
уреди- ↑ (француски) Union Island (St Vincent)
- ↑ „St Vincent and the Grenadines, Population and Housing Census Preliminary Report“. The Census Office, SVG Government. Посетено на 31 December 2015.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Radio Grenadines Архивирано на 28 август 2018 г.
- Туристички водич за Јунион
- Tobago Cays Marine Park
- Friends of Union Island